You are currently viewing Атина 8ми Декември 2023

Атина 8 ми Декември

Зошто Атина?

Атина ! Тоа е главниот и најголемиот град на Грција, како и родното место на демократијата. Именуван по божицата Атена, Атина е растечка, космополитанска метропола со население од 3,7 милиони жители. Метрополитанската област на Атина моментално расти северно и источно преку полуостровот Атика и го претставува доминантниот центар на економскиот, финансискиот, индустрискиот, културиниот и политичкиот живот во Грција,  Градот исто така станува водечки бизнис центар во Европската Унија………

ПРВ ДЕН (08.12) Четврток
Состанок на групата во 20:30 часот спроти спортската сала Јане Сандански. Поаѓање во 21:00 часот. Патување преку граничниот премин Богородица-Евзони и ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.

ВТОР ДЕН (09.11) Петок
Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот со локален водич (Плоштадот Омонија, Плоштадот Сантагма, каде се наоѓа парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека). Слободно време низ центарот на прекрасната Атина или посета на Акропол.  Заминување кон Глифада.  Смествање во хотел. Слободно попладне. Вечерта слободно време за одмор или прошетка по преубавата Глифада.

ТРЕТ ДЕН (10.11) Сабота    Атина-Корнит-Пелопонез
Појадок. Целодневна екскурзија на Арголида Коринтскиот канал (кој ги поврзува егејското и јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), градчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локалната таверна. Враќање во Глифада. Слободно време за одмор, вечерта препорачуваме ноќна прошетка во Атина или шопинг во Глифада. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН (11.11) Недела
Појадок. Факултативна екскурзија Аполоновиот брег, летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат на самиот рт’ во слава на богот Посејдон.
Слободно време и заминување кон Македонија.
Возење со гранични формалности и попатни паузи, присигнување во доцните ноќни часови.

Во цената Е вклучено цена:

Превоз со високо туристички автобус
2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Глифада
Организиран разглед на градот со локален водич
Организација и водство на патувањето

Во цената НЕ е вклучено:

Екскурзија на Арголида-Пелопонез – 45е
Факултативен излет Сунион и Аполоновиот брег – 15е
Туристичка такса 1,5е по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
Влезници за посета на локалитетите со водич (Акропол 20е, Микена 12е, Епидариус 12е, Посејдонов храм 10е)
Патничко осигурување

Цена на аранжман 119 евра по лице

Факултативни излети

Сунион и Аполоновиот брег  15е
Арголида- Пелопонез   45е

Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Останати услови и попусти:

  • Можност за плаќање од 6-12 рати преку СН кредити.
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
  • При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
  • Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Важат Општите услови на Т.А. С-Травел