You are currently viewing БЕЛГРАД-НОВИ САД-СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ-ФРУШКА ГОРА

БЕЛГРАД-НОВИ САД-СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ-ФРУШКА ГОРА

ПРОГРАМА:  2 Ноќевања со појадок + превоз

1.Ден – 20.05.2021 Состанок со групата во 23:30 од спортска сала Битола па поаѓање за Белград. Патот води преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2.Ден –21.05.2021Пристигнување во Белград, сместување во хотел и кратка пауза за одмор на патниците. Во договорено време се упатуваме кон центарот на Белград, посета на храмот св.Сава, пешачка тура низ Калемегдан, прошетки и кафе по Кнез Михајлова со локален водич. Вечерта слободно време. Ноќевање.

3.Ден –22.05.2021Појадок.Факултативен целодневен излет до Нови Сад. Прво пристигнуваме во ФРУШКА ГОРА еден од петте национални паркови во Р.Србија со 16 православни манастири каде се прави посета на манастирот Крушедол. По разгледите продолжуваме кон Сремски Карловци, се запознаваме со белиот чинар, Соборната црква, Католичката црква, фонтаната со 4 лавови итн.. Местото е познато по своите вински подруми, следува посета на винарија каде ќе имате можност на бесплатна дегустација на вино. Во договрено време се упатуваме кон Петроварадинската тврдина која се наоѓа во населбата Петроварадин од која имаме прекрасен поглед кон реката Дунав. Се упатуваме кон Нови Сад, пристигнување и разглед на центарот на градот, католичката црква, Владичанскиот двор, плоштадот со градското собрание..слободно време за кафе. Во договорено време поаѓање за Белград. Попатно посета на тровски центар ИНЏИЈА. Пристигнување во Белград во вечерните часови. Ноќевање.

4.Ден –23.05.2021Појадок. Одјавување од хотелот. Посета на тровски центар УШЧЕ, слободно време за шопинг, кафе и сл. Во договорено време поаѓање за Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните или утринските часови на 24.05.2021 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  89 €

Поаѓање од Битола, Прилеп, Велес, Скопје и Куманово

Цената вклучува:

  • Превоз на наведената релација со туристички автобус
  • 2 ноќевања во хотел 3* во Белград
  • Организација и водство на патувањето
  • Лиценциран пратител на групата
  • Разглед на Белград со локален водич

Цената НЕ вклучува:

  • Факултативен целодневен излет НОВИ САД+СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ+ФРУШКА ГОРА-25 еу
  • Факултативно крстарење Дунав и Сава -15 еу
  • Патничко осигурување

НАПОМЕНА!!!Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни 20 патници.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Можност за плаќање од 6 до 12 рати!

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

  • за отказ на резервација важат опшите услови , односно:
  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ