You are currently viewing Белград 8ми Март

БЕЛГРАД

1 Ден  07.03.2024 Состанок на групата во 23 45 часот и поаѓање за Белград. Ноќно патување со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Белград во утринските часови. Разгледување на градот со локален водич: плоштадите Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот на Револуцијата, Калемегдан:Воениот музеј, Споменикот на победникот. Сместување во хотел. Слободно време за прошетка во центарот на Белград, по пешачката улица Кнез Михајлова или факултативна вечера во ресторан на Скадарлија. Ноќевање.
2 Ден  08.03.2024 Појадок. Факултативен целодневен излет до Нови Сад – разгледување со  локален водичПетроварадинската тврдина, улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Градското собрание. Слободно време во центарот на Нови Сад. Попладнето враќање во Белград Ноќевање.
3 Ден  09.03.2024 Појадок. После појадокот можност за факултативно крстарење со сплав по реките Сава и Дунав. Потоа  слободно време  на Београд на вода”, каде можи да се посети и Трговскиот шопинг центар Галерија”. Попладнето поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

 ЦЕНА: 8600 мкд

 Во цената е вклучено:

– автобуски превоз на дадената релација – сместување во хотел со 3* – 2 ноќевања со појадок – разгледување на Белград со локален водич – организација и водство на аранжманот

 Во цената не е  вклучено:

  • здравствено патничко осигурување
  • целодневен излет до Нови Сад – 20 евра
  • крстарење по Сава и Дунав – 15 евра
  • влезници за посетите во локалитетите и другите културни споменици.

Факултативни излети

Крстарење по Сава и Дунав: 15 ЕВРА

Запознајте го Белград на поинаков начин. Разглед на Белград од реките Сава и Дунав:  Вливот на Сава во Дунав, Големиот воен остров, Калемегданскиот парк и београдската тврдина, Кулата Небојша. Дорчол, Соборната црква, Београдските мостови на Сава.

Посета на Нови Сад: 20 ЕВРА

Разглед на градот: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро-варадинската тврдина.

НАПОМЕНИ:

– Доплата за еднокреветна 80 € од цената на аранжманот;
– Дете 2-11,99 год. во придружба на 2 возрасни плаќа 50 % од сумата.
– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или лична карта.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
–  Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
–За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ