You are currently viewing Будимпешта – Нова Година 2022

Будимпешта – Нова Година 2022

ТЕРМИН:

  • 30.12.2021-03.01.2022

ПРОГРАМА:

Ден 1 30.12.21 – четврток

Состанок на групата во пладневните часови. Поаѓање за Будимпешта. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

Ден 2 31.12.21 – петок

Пристигнување во Будимпешта.Факултативен разглед на градот, кој ќе започне од плоштадот на Хероите, Унгарскиот парламент, односно од третата најголема зграда во светот чија изградба траела цели 20 години и тоа исклучиво со унгарски материјали. Разгледот го продолжуваме кон Базиликата на Св. Стефан, најголемата црква во Будимпешта изградена во 50-ите години на 18 век, потоа Плоштадот Елизабета, Мостот Сечени, Жичарата Хил, Замокот Буда кој исто така е познат и под името Кралската Палата, претставувал дом на раскошни церемонии за време на Австро-Унгарска империја, а денес прекрасен Музеј на Будимпешта. По разгледот на прекрасниот музеј се упатуваме кон црквата Матијаш каде се крунисани Франц Јозеф I и неговата жена Елисавета во 1867 година со што започнува и основањето на Австро-Унгарската империја. По разгледот на импозантната црква се упатуваме кон Рибарската Тврдина, прекрасна знаменитост составена од седум кули кои ги претставуваат седумте Маџарски племиња. Се наоѓа на врвот на замокот Хил и обезбедува спектакуларен поглед на градот и реката Дунав. По разгледот враќање во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта Дочек на Новата 2022 Година на некој од плоштадите во Будимпешта.

Ден 3 01.01.22 – сабота

Појадок. Факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Попатна посета на базиликата Естергом посветена на Пресвета Богородица и на Светиот Адалберт. Враќање во Будимпешта. Вечерта факултативно крстарење и вечера во национален ресторан Чарда. Ноќевање.

Ден 4 02.01.22 – недела

Појадок. Одјавување од хотел. Прошетка низ градот по познатата улица Ваци. По прошетката посета на шопинг центар Арена и во попладневните часови поаѓање за Македонија. Се патува преку Србија со кратки попатни паузи. Ноќно возење.

Ден 5 03.01.22 – понеделник

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ЦЕНА:

145 ЕВРА ПО ЛИЦЕ!!!

Цената вклучува:

  • Превоз со туристички автобус на дадените дестинации;
  • Сместување во хоте 3*, во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок;
  • Професионален туристички придружник од агенцијата;
  • Организација и реализација на аранжманот.

Цената НЕ вклучува:

  • Разглед на Будимпешта со локален водич – 10 евра;
  • Крстарење со брод по Дунав – 15 евра;
  • Посета на Сент Андреа – 15 евра:
  • Факултативна вечера во национален ресторан 30еур
  • Влезници за музеите и културно – историските споменици;
  • Задолжително патничко – здравствено осигурување;
  • Доплата за еднокреветна соба.

Протокол за влез во Р.УНГАРИЈА  :

  • Негативен PCR тест, не постар од 72 часа од денот на влегување во Унгарија
  • Негативен RAPID антигенски тест, не постар од 48 часа од денот на влегување во Унгарија
  • Вакцинален пасош, за примени 2 дози на вакцина и тоа од следните производители : Pfiser-BioNtec; Moderna, AstraZeneca, Sinofarm & Sinovac
  • СЕРТИФИКАТ за прележан COVID 19 (не постар од 6 месеци од денот на влез во Р.Унгарија)

ОПИС:

Будимпешта– град со прекрасна местоположба за сонување кој ја покажува темпераментната визија на Истокот и на Западот, како и нивната магична халуцинација на убавината.

Главен град на Унгарија истовремено и главен индустриски, трговски и транспортен центар. Познат како Бисерот на Дунав кој нуди широк избор на туристички атракции. Градот окупатор на двата брега на реката Дунав, од десна страна брегот Буда, а од лева страна Обуда со Пешта. Име составено од три градови Обуда, Буда и Пешта кои формирале еден град, односно Будимпешта. Познат по своите бројни топли природни и вештачки извори кои датираат уште од 1934 година, му ја подарија титулата на “Градот на Бањите“.

Космополитско место на неочекувани, елегантни и фасцинантни предизвици. Иако денес Будимпешта е целосно во духот на Европа во неа се апсорбирани брановите на миграциите на етничките групи. Најпрво се доселиле Унгарците кои навлегле пред околу илјада години. Следни биле Турците, Германците, Словените, Евреите и Ромите, кои создале своја бујна култура која врие и денес.

Градот со душа си има своја пишана историја и еклектичен склоп на раскошна архитектура која се движи од барокот, до нео класичноста и високата уметност, a благодарение на тој раскош голем дел од центарот е прогласен како светско културно наследство.

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 20 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ