You are currently viewing Вила Христо– Ксамил, Албанија 2022

Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење … и сето тоа за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места.
Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација. Зајдисонцето пак, ќе ве остави без здив. Топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.

Вила Христо се наоѓа на само 60 метри од прекрасната плажа Bella Vista и на околу 150 метри од центарот на градот. Располага со трокреветни студија со можност за дополнително легло, кои се наоѓаат на прв кат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима,WI-FI .

12% попуст за резервација и целосна уплата до 30.04.2022
5% попуст за резервација и целосна уплата до 30.05.2022

ДОПОЛНИТЕЛЕН 5% ПОПУСТ ЗА ПРВИТЕ ТЕРМИНИ (од 03.06 – 10.06 и 10.06 – 17.06.022)

ВИЛА ХРИСТО – КСАМИЛ
Термин Ноќевања 1/3 студио 1/3+1 студио
17.06 – 24.06 7 219 249
24.06 – 01.07 7 229 279
01.07 – 08.07 7 289 319
08.07 – 15.07 7 289 319
15.07 – 22.07 7 299 329
22.07 – 29.07 7 299 329
29.07 – 05.08 7 299 329
05.08 – 12.08 7 299 329
12.08 – 19.08 7 299 329
19.08 – 26.08 7 279 319
26.08 – 02.09 7 249 289
02.09 – 09.09 7 209 249
09.09 – 16.09 7 189 209
16.09 – 23.09 7 189 209
23.09 – 30.09 7 179 199

                                                                                             Цените се за НАЕМ на СТУДИО за 7 ноќевања.

НАПОМЕНИ:

  •  За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
  •  Деца до 5.99 години дозволено да спие со родител на еден кревет;
  •  Климата е вклучена во цената;
  •  Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време;
  •  За хигиената на собите се грижат гостите;
  •  За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите.

ПЛАЌАЊЕ И ПОПУСТИ:

  •  За уплатени 2 аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на вториот аранжман;
  •  Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти! 
  •   Плаќањето е во денари по курс 1 евро – 62мкд;
  •   Уплата при резервација 50% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање;
  •   За раните попусти уплатата треба да се плати вкупната сума до одредениот датум.

Агенцијата како оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

  • За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ