ВИЛА “GALERIJA” – ПОЛИХРОНО

ВИЛА “GALERIJA” – ПОЛИХРОНО 2019

 

17% попуст за резервации и целосна уплата до 28.02.2019

10% попуст за резервации и целосна уплата до 31.03.2019

5% попуст за резервации и целосна уплата до 30.04.2019

 

 

 Вила “GALERIJA”  апартмани се наоѓаат во центарот на Polihrona околу  30 метри од песочни плажи, продавници, ресторани и други објекти.

Дуплексен стан се наоѓа на првиот кат. На првиот кат има 2 спални соби, едно брачен кревет во една спална соба, два еднокреветни кревети во другата спална и софа во дневната соба, така што може да прими до шест лица.

Кујна:  Комплет опремена, голем фрижидер и шпорет, клима,ТВ, WiFi

Тоалет: ( WC/туш ).

Тераси сопствени од двете спални со страничен поглед на море

 

(можност за сместување на 5 возрасни и дете  до 12 г. во кревет со родителите)

 

 

Реновирана во 2018 година . Објектот нема сопствен паркинг, но паркингот може да се најде на улица во која се наоѓа сместувањето.

 

 

Check in: 14:00h.

Check out: 10:00h.

Услови за “early booking”:   За резервација е потребно  30% уплата  од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

 

 

 Цените се дадени по студио за 7 ноќевања во евра без попуст.

Период Ноќевања 1/5+2 апп Коментар
19.05-26.05.2019 7 111 промо
26.05-02.06.2019 7 141 промо
02.06-09.06.2019 7 281  
09.06-16.06.2019 7 371  
16.06-23.06.2019 7 371  
23.06-30.06.2019 7 381  
30.06-07.07.2019 7 501  
07.07-14.07.2019 7 501  
14.07-21.07.2019 7 501  
21.07-28.07.2019 7 501  
28.07-04.08.2019 7 501  
04.08-11.08.2019 7 501  
11.08-18.08.2019 7 501  
18.08-25.08.2019 7 461  
25.08-01.09.2019 7 401  
01.09-08.09.2019 7 321  
08.09-15.09.2019 7 251  
15.09-22.09.2019 7 181 промо
22.09-29.09.2019 7 101 промо

 

                        Плаќањето е во денарска противвредност 1 Евро = 62 денари.

 

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.За два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин.

 

Во цената е вклучено: Ноќевање, клима уред и wi-fi.

Во цената не е вклучено: Превоз, патничко осигурување.

 

ВАЖНA НАПОМЕНА :  За хигиената на апартманите, секој гостин се  грижи за својот апартман. (објектот не поседува крпи).  Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Вилата се смета за една од нај одржуваните , затоа да бидеме добри гости. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.

 

Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден  (се плаќа во агенција)

 

Одалеченост:

Солунски аеродром: 87км

Ханиоти: 5км

Пефкори: 9км

Калитеа: 11км

Центар на Полихроно 800м

 

 

Време на поаѓање и цена за превоз од Битола за Халкидики:

 

04:00 h Битола ( Пред спортска Сала) – 30€ по лице

03:15 h Прилеп (бензинска пумпа Салида) -Трансфер до Битола – 30€ по лице

02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола – 35€ по лице

02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 35€ по лице

02:30 h  Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – 35€ по лице

03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола – 30€ по лице 

 

Време на поаѓање и цена за превоз од Скопје за Халкидики (секоја недела):

 

03:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес– 40€ по лице

04:00 h Скопје (Дрводекор) – 35€ по лице

04:30 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) –35€ по лице

05:00 h Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35€ по лице

05:00  h Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) Трансфер до Удово –40€ по лице

05:40 h Удово (бензинска пумпа, Удово) – 35€ по лице

06:00 h Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице

 

  • Деца од 2 до 11,99 години:         
  • Попуст 10 Евра од редовната цена (за поаѓање од Битола) Попуст 15 Евра од редовната цена (за поаѓање од Скопје)
  • Деца до 1,99 години бесплатно
  • Возрасно лице над 63год – 10еур попуст 

 

Поаѓање од Грција:

 

15:15 h локално време, (14:15 h мак.време) Неа Потидеа

15:00 h локално време, (14:00 h мак.време) Калитеа

14:45 h локално време, (13:45 h мак.време) Полихроно

14:30 h локалнп време, ( 13:30 h мак.време) Ханиоти

14:15 h локално време, ( 13:15 h мак.време) Пефкохори

 

 

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ

Попустите не може да се комбинираат.

Во АПП е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),

Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,

При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место. Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),

 

                                                Важат Општите услови на Т.А. С-Травел.

 

Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

 

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

 

Предлог посета на места: Доколку сакате да уживате во убавините на белата песок, мирното море и денските забави на само 30km од Полихроно се наоѓа Sani Beach, плажа со бел песок и мирис на борови кои ги негува сите сетила. Се работи за одлично организирана плажа, која неколку пати добивала „сино знаменце“. Многу често, на оваа плажа се организираат забави со познати диџеи. А доколку сакате да уживате во Карипски стил на само 6km од Полихроно се наоѓа, плажата Molos Beach Bar во Ханиоти. Опкружен со зеленило и убаво уреден парк, одличен е за активности на отворено како и терен за тенис и фудбал. Плажа има обезбеден паркин, гардероба и тоалет. Песочна плажа со чиста водата, уредена со лежалки и чадори за сонце. Во текот на сезоната, барот е исполнет нон стоп, посебно во времето на викендите. Ако сакате да го почуствувате Африканскиот стил тогаш Elephnat Beach Bar во Пефкохори е идеалното место за вас. Од Полихроно е одалечено 10km. Elephnat Beach Bar e една од најпопуларните плажи на Халкидики. Етничката декорација со удобни дрвени лежалки и перници ги замаглуваат очите уште од првиот момент, а во комбинација со сините води создаваат посебно чувство. Преубаво кафе, врвни освежувачки коктели и вкусни закуски се некои од опциите што ги нуди. Исто тука се наоѓа и уште еден прекрасен бар Umbrellas Beach Bar . А во непосредна нивна близина, а од Полихроно одалечено 15km се наоѓа Cabana Beach Bar во Палиури. Кристално чистa водa и сертифицирани академии за нуркање, плишани перници и позитивни вибрации се дел од имотот на Cabana Beach Bar. Тоа е место за убаво летно расположение и незаборавно искуство на плажа.
За младите кои што сакаат ноќни забави на 10km од Полихроно се наоѓаат најдобрите летни ноќни клубови во пошироката област на Халкидики, Night Club Pearl и Ahoy Summer Night Club. Ветуваат незаборавни ноќи за време на Вашиот престој на Халкидики. Меѓународните и Грчките хитови за денс музика ветуваат врвна забава која трае до утрото. Влезницата е 10€.
Исто така не пропуштајте да го посетите најубавото гратче на Халкидики- Афитос, кое е одалечено 14km од Полихроно. Афитос се разликува пo својата архитектура, камените куќи, неколкуте цркви, традиционалните таверни и улиците со калдрма.