Вила ,,Litca” – Неа Флогита 2023
ОПИС
Вила ,,Litca”е лоцирана во центарот на Неа Флогита, на околу 70 метри од плажата. Располага со 1/5 апартман модерно дизајниран,спална соба со два кревети, дневен престој со уште три кревети , дневниот престој е заедно сокомплетно опремена кујна, WC, тераса.
АПП бр 1. се наоѓа на трети кат. Апартманот располага две соби .Има пространа спална соба со еден брачен и еден единечен кревет, купатило и пространа соба со софа на спуштање, единечен кревет има голема кујна во истата просторија .Има голема тераса.
GPS координати 40.258538, 23.215667
– 10 % попуст за резервации и уплати до 01.03.2023
ЦЕНОВНИК
Цени за наем на апартман
Термини | ноќевања | 1/5Апартман |
20.05.2023-27.05.2023 | 7 | 140 промо |
27.05.2023-03.06.2023 | 7 | 200 промо |
03.06.2023-10.06.2023 | 7 | 270 |
10.06.2023-17.06.2023 | 7 | 310 |
17.06.2023-24.06.2023 | 7 | 370 |
24.06.2023-01.07.2023 | 7 | 430 |
01.07.2023-08.07.2023 | 7 | 480 |
08.07.2023-15.07.2023 | 7 | 550 |
15.07.2023-22.07.2023 | 7 | 550 |
22.07.2023-29.07.2023 | 7 | 550 |
29.07.2023-05.08.2023 | 7 | 570 |
05.08.2023-12.08.2023 | 7 | 570 |
12.08.2023-19.08.2023 | 7 | 550 |
19.08.2023-26.08.2023 | 7 | 510 |
26.08.2023-02.09.2023 | 7 | 440 |
02.09.2023-09.09.2023 | 7 | 390 |
09.09.2023-16.09.2023 | 7 | 320 промо |
16.09.2023-24.09.2023 | 7 | 230 промо |
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
*Доплата за туристичка такса 0.5 еур на ден,(се плаќа во вилата).
Услови под кои важи аранжманот
- Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
- За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
- Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
- Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
- Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:
За возрасни 2.780 мкд. (45евра)
За деца до 12 години 2,170 мкд. (35 евра)
Деца до 2 години бесплатно, без седиште
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената .
- т.а. агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
- Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во и на самата агенција.
Приговори и поплаки:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.