Вила OLIMPIA – Лептокарија 2020

Вила ОЛИМПИА „А“ категорија се наоѓа во Лептокарија, градот сместен во прегратките на планината ОЛИМП, кој сеуште го навраќа сеќавањето на убавите времиња, поминати покрај нејзините плажи. Лептокарија денес е прекрасен град кој изобилува со убави објекти за сместување, изградени според високите стандарди на туризмот. Видно изменетата инфраструктура само го надополнува севкупниот впечаток на нејзината туристичка понуда. Освен со убавата плажа, овој град плени и со големата пешачка зона, големото шеталиште, убавиот парк со прекрасно зеленило…Иако првенствено важи за место за мирен фамилијарен одмор, големиот избор на таверни, кафе-барови, продавници, дискотеки и останати содржини, ќе го направат Лептокарија примамливо место и за оние кои очекуваат нешто подинамичен летен одмор.

Плажа
150 метри од градската песочна плажа.

Сместување во собите: 15:00h. (локално време)
Напуштање на собите:   10:00h. (локално време)


Опис на објектот

Вила ОЛИМПИА „А“ категорија – КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАНА, се наоѓа на левата страна од местото, на само 50 м. од главната улица, и 150 м. од прекрасната песочна плажа. Секоја соба е опремена со модерно опремена кујна, ТВЦ, ТВ и клима (вклучена во цената).

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот

Услови за “early booking”: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.

– 20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 31.12.2019
– 15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 31.01.2020
– 10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 28.02.2020

– 07% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 30.04.2020

Цените се по СТУДИО за 7 ноќевања

период ноќевања 1/2 студио 1/3 студио
23.05 – 30.05 7 49 69
30.06 – 06.06 7 89 99
06.06 – 13.06 7 109 129
13.06 – 20.06 7 159 169
20.06 – 27.06 7 189 199
27.06 – 04.07 7 219 229
04.07 – 11.07 7 239 249
11.07 – 18.07 7 259 269
18.07 – 25.07 7 279 289
25.07 – 01.08 7 279 289
01.08 – 08.08 7 279 289
08.08 – 15.08 7 279 289
15.08 – 22.08 7 279 289
22.08 – 29.07 7 269 279
29.07 – 05.09 7 199 219
05.09 – 12.09 7 169 189
12.09 – 19.09 7 119 139
19.09 – 26.09 7 79 89
26.09 – 03.10 7 49 59

Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари

 

Термините обележани со црвено се промо цени и на нив не следува попуст

Во цената Е вклучено:
7 ноќевања
Користење безжичен интернет
Користење клима уред
Паркинг (ограничени места)

Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса 0,5 € по СОБА на ден (се плаќа во објектот)

Време на поаѓање превоз од Битола за Пиериа (Сабота ) :

05:00 h Битола (Пред спортска Сала)
04:15 h Прилеп (бензинска пумпа Салида) -Трансфер до Битола
03.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола
03:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) -Трансфер до Битола
03:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола
04.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола

Време на поаѓање превоз од Скопје за Пиериа (Сабота ) :

04:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес
05:00 h Скопје (Дрводекор)
05:30 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
06:00 h Неготино (бензинска пумпа, Неготино)
06:00 h Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово

06:40 h Удово (бензинска пумпа, Удово)
07:00 h Граничен премин(бензинска пумпа Шимов)

Поаѓање од Грција:
15:00 h локално време, ( 14:00 h мак.време)

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Пиериа :
Скопје (Дрводекор) – 35

Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 40
Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово – 40
Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – 35
Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35
Удово (бензинска пумпа, Удово) – 35
Граничен премин(бензинска пумпа Шимов) – 35

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Пиериа :

Битола (Градска Автобуска Станица) – 30€
Прилеп (бензинска пумпа Салида) – Трансфер до Битола –30€
Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 35
Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 35
Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола –35

Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола –30

Попуст за деца од 2-11,99 г.– од редовната цена
10€ од Скопје,
15€ од Битола и Прилеп
Попуст за возрасни лица над 63 г.  10€ од редовната цена
Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште.

Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.

Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.

Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин ,
Попустите не може да се комбинираат,
Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител,
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.   Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на Т.А. С-ТРАВЕЛ

                                                        

Затворете мени