Кипар – 8ми Март 2020 – Авионска Програма

Кипар – 8ми Март 2020 – Авионска Програма

Кипар е островска држава во Средоземното море, трето по големина. Потеклото на името има повеќе толкувања: од грчкиот збор за чемпрес – kyparissos, од грчкиот збор кану – kypros, или по латинскиот назив за бакар – Cuprum (Cyprium) чии рудници некогаш се наоѓале на Кипар.. Средоземната медитеранска клима го прави Кипар едно од најтоплите острови со исклучително голем број на сончеви денови преку целата година, околу 340 сончеви денови.. На целиот остров владеат топли лета, со просечна температура од 30 °C. Островот Кипар е поделен на грчки и турски дел уште од 1974 година. Никозија или Лефкозија е најголем и главен град на Кипар, каде северниот дел на градот припаѓа на Турската република Северен Кипар, а поголемиот дел на Јужен Кипар. Службените јазици се грчки и турски. Познати туристички места во јужниот дел на Кипар се Ларнака, Пафос, Лимасол и Аја Напа.Бидејќи долго време бил Британска колонија на Кипар се вози од левата страна. Остров каде се мешаат романитката и одморот во релаксирачки природен амбиент.

1 ден: (08.03 – недела) – СКОПЈЕ – ЛАРНАКА – КИПАР

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04:00 часот. Полетување за Ларнака во 06:00 ч. Пристигнување во Ларнака во 09:20 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Компактно убава, лесно достапна и вистински автентична, Ларнака е најстариот град на Кипар или неговата ,,душа”. По сместувањето предвидено е разглед на градот со прошетка низ најпознатата улица во Ларнака во строгиот  центар на градот “Finikoudes”,  посета на црквата Св.Лазар во стариот автентичен дел на градот во која се наоѓаат моштите на светецот, како и посета на Тврдината изградена за одбрана од пиратите која се наоѓа на самото пристаниште. Слободно време за прошетка низ Ларнака. Ноќевање.

2 ден: (09.03– понеделник) – НИКОЗИЈА                                                                                                           

Појадок.Факултативна  посета на Никозија,главниот град на Кипар која локално се употребува под името Левкозија.. Француските крстоносци не можеле или не сакале да го изговорат името Лефкозија , па затоа градот го нарекле Никозија Фактот дека се преминува од една во друга држава за само 2 минути е посебно искуство. Северниот дел се наоѓа во Турска , Република Северен Кипар.. Старото име на градот е Ледра . Прошетка низ Ледра која денес е името на најпопуларната трговска улица во Никозија како и прошетка низ уличката  Laiki Getonia –( Добар комшија ) исполнет со голем број на продавнички , кафичи , атељеа  и тесни улички . Потоа се посетува и Северниот дел на градот, кој се наоѓа во Р.Турција. Посета на некогашната црква Аја Софија која е претворена во џамија по име Селими Џамија. Прошетка во делот на градот полн со  автентични продавнички, ресторани, пазари … Посета на Бујук Хан, изграден во 1572 год кој е сеуште одлично сочуван и е главна туристичка атракција.. слободно време за ручек и индивидални активности. Враќање во Ларнака. Враќање во хотел. Слободни активности.Ноќевање.

3 ден: (10.03 – вторник ) –  ЛИМАСОЛ

Појадок во хотел. По појадокот предлагаме факулатитвна прошетка низ Лимасол. Лимасол е вториот град по големина на Кипар. Мештаните го нарекуваат и ,,Кипарска ривиера” поради пријатната клима, гостопримството и развиената туристичка инфраструктура. Лимасол е градот со најлускузни хотели, ресторани, кафетерии, барови, ноќни клубови и дискотеки, како и голем број на маркети. На местото на старото пристаниште се протега шеталиштето.. Слободно време за прошетка низ Лимасол и активности по желба. Враќање во Ларнака. Ноќевање .   

4 ден: (11.03 – среда) – ЛАРНАКА – СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Одјавување од хотел. Трансфер до аеродормот во Ларнака во 07:00 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Скопје е во 10:00 часот. Пристигнување на скопскиот аеродром во 11:20 часот локално време. 

РАНА УПЛАТА 219 евра со вклучени аеродромски такси до 03.02.2020

РЕДОВНА ЦЕНА269 евра со вклучени аеродромски такси     

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Директен лет на релација Скопје – Ларнака – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;
  • Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака;
  • Сместување во хотел на сама плажа во центар на Ларнака  на база ноќевање со појадок – Sun Hall Beach Hotel&Apartments 3*
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Доплата за кабински багаж до 10кг  (55 x 40 x 23 cm)850 ден по правец
  • Туристичка такса –  186 денари по лице за 3 ноќи  (1 евро по ноќ по лице)
  • Факултативна посета  на  Никозија– 25 евра
  • Факултативна посета на градот Лимасол –  25 евра  ( пакет цена за двете  факултативи  – 40 евра)
  • Патничко осигурување без франшиза – 200 денари

НАПОМЕНА: ПАСОШИТЕ  ТРЕБА ДА ИМААТ ВАЖНОСТ МИНИМУМ 3 МЕСЕЦИ ОД ДЕНОТ НА ЗАВРШУВАЊЕ  НА ПАТУВАЊЕТО !

Затворете мени