КОПАОНИК – ПАКЕТ АРАНЖМАН ЗИМА 2021

ХОТЕЛ ОЛГА ДЕДИЈЕР

ЗИМА 2020/2021
Пакет аранжмани од 3 ноќевања во Хотел Олга Дедијер 2*

ОПИС:

Хотелот е лоциран на Копаоник на 1700 метри надморска височина и на 700 метри од ски центарот Копаоник. Најблиската жичара од хотелот е Мало Језеро на 450 метри, на 650 метри е ски лифтот Крст, а на 12 минутно пешачење од експрес ски-лифтот Панчиќ. Поседува сопствен паркинг, ресторан (работи на база полупансион), бар, лоби, како и бесплатна Wi-Fi Интернет конекција.

ЦЕНОВНИК:

ХОТЕЛ ОЛГА ДЕДИЈЕР – КОПАОНИК
ЦЕНОВНИК ЗА ЈАНУАРИ И ФЕВРУАРИ 2021
Термини: Цена по лице:
21.01-24.01.2021 129еур
28.01-31.01.2021 129еур
04.02-07.02.2021 139еур
11.02-14.02.2021 139еур
18.02-21.02.2021 129еур
25.02-28.02.2021 129еур
ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 3 НОЌЕВАЊА НА БАЗА ПОЛУПАНСИОН СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ!

Цената вклучува:

  • 3 ноќевања на база полупансион.
  • Автобуски превоз.
  • Туристички пратител на групата.
  • Интернет

Цената НЕ вклучува:

  • Туристичка такса 1,10€ по лице по ден (се плаќа на рецепција)
  • Патничко осигурување 250 ден.
  • Индивидуални трошоци

Доплата и попусти:

  • Дете до 4 години доколку не користи седиште во автобус и кревет во собата, патува бесплатно
  •  Во случај, 1 возрасен и 1 дете од 02-12 години, детето има 20% попуст во 1/2 соба
  •  Во случај, 1 возрасен и 2 деца од 2 до 12 години, двете деца добиваат 40% попуст во 1/3 соба
  •  Во случај, деца од 2 до 12 години со 2 две возрасни особи на засебен лежај имаат попуст од 50%
  • Доплата за дополнително легло 5 евра на ден
  •  За сингл соба се доплаќа 70% од сумата
  •  За сопствен превоз се одбива 15 евра по лице
  • За трето возрасно лице во соба одобруваме 5% попуст

 

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

– Доколку сме спречени да го реализираме патувањето поради ситуацијата со која се соочуваме, средствата ќе бидат рефундирани во целост
– За реализација на аранжманот потребно е да се пријават минимум 30 патници
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
– При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ И
T.A. ИДЕАЛ ТРАВЕЛ , ЈК ТРАВЕЛ и С-Травел

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ СКОПЈЕ-КОПАОНИК-СКОПЈЕ

  •  Цена само за превоз за возрасен е 45 евра, а за деца од 2-11,99 години е 30 евра
  • Поаѓање секој четврток во 07:00 часот од Скопје (Дрводекор) , враќање од Копаоник во недела 14:00 часот.
  • Цената за превозот важи за месец Јануари и Фебруари 2021
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.