You are currently viewing КРСТАРЕЊЕ  Heavenly Adriatic  8 дена – 02.03.2024

КРСТАРЕЊЕ    Heavenly Adriatic

8 дена – 7 ноќи  02.03.2024

СКОПЈЕ – АТИНА – КЕФАЛОНИА – ДУБРОВНИК – КОТОР –
БАРИ – КРФ – КАТАКОЛО – АТИНА – СКОПЈЕ

Запловете во ова магично патување на Celestyal, со новиот крузер наречен Celestyal Journey. Заљубете се во неверојатната убавина на Кефалонија, прошетајте низ романтичниот Дубровник, градот на Game of Thrones, и уживајте во магичниот Котор. Со отплувањето во Бари, Италија ве очекува град со огромна култура и историја. Крф ќе ве заведе со својата единствена и волшебна атмосфера. Истражете ги археолошките чуда на Катаколон пред вашето враќање во преубавата Атина. Уживајте во секој момент од ова магично патување.

03.03.24     Недела Кефалонија – Грција                 08:00            17:00
04.03.24     Понеделник Дубровник – Хрватска       12:00
05.03.24     Вторник Дубровник – Хрватска              02:30
05.03.24     Вторник Котор – Црна Гора                    08:00            17:00
06.03.24     Среда Бари – Италија                            08:00            17:00
07.03.24     Четврток Крф – Грција                            08:00            17:00
08.03.24     Петок Катаколо Грција                           08:00            14:00
09.03.24     Сабота Атина (Пиреус) Грција              07:00
Поаѓање од Скопје 01.03.2024 – 22:00ч.

Во цената се вклучени следниве услуги:

  •  7 ноќевања во кабина на најновиот крузер Celestyal Journey
  • Автобуски организиран превоз Скопје – Атина – Скопје
  • Претставник од агенцијата на патување
  • Пристанишни такси и бакшиш за персоналот (289 еур)
  • Забава на брод со безброј разни активности и анимации
  • Полн пансион со вклучени алкохолни и безалкохолни пијалоци за време на оброците
  • Бонус 75 € по човек за користење екскурзии
  • Секојдневна програма – распоред за оброците и активностите на бродот

Во цената не е вклучено:

  • Медицински услуги
  • Индивидуални трошоци за екскурзии, излети кои се нудат дополнително на бродот и сл.
  • Услуги во спа центарот и услуги за убавина
  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети
  • Паркинг доколку користите сопствен превоз
  • Интернет е со доплата (1h-7 €, 3h – 16 €, 6h – 25 €)

Важна напомена:

  • Чекирањето на бродот е помеѓу 13:00 – 17:00 по локално време
  • За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од мин. 6 месеци
  • Индивидуални излети / посети и сѐ друго што не е споменато во програмата е со доплата на лице место
  • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето
  • За резервација задолжителна е уплата од 250 € депозит, целосна доплата 30 дена пред патувањето
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел и Целестијал
  • За реализација на аранжманот потребно е минимум 30 патници.

Услови за агентот и гостинот:

  • За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозитуплатен при самото резервирање од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
  • Агентот или гостинот има право да ја откаже или промени резервацијата до 7 денапред пристигнувањето без пенали.
  • Агентот или гостинот има право да промени име на резервацијата 3 денапред датата на престигнување без пенали. Промена на име и термин помалце од 3 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ  од резервацијата.
  • Откажување или промена на резервацијата помалку од 7 денапред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
  • Откажување или промена на резервацијата на денот на пристигнување на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот.
  • Промена или откажување на резервација за време на празници до 30 денапред пристигнување е без пенали.
  • Промена или откажување на резервација за време на празници помалку од 30 денапред пристигнување, агентот или гостинот плаќа 100% од целата резервација.
  • Хотелот прифака рекламации во рок од 48 ч. За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан  од страна на гостинот и од овластените во хотелот.

 

Важат Општите услови на СКТМ и ТА С-ТРАВЕЛ