КУБА – Индивидуално патување од Скопје – Тури Јануари-Мај 2021

 

КУБА

Индивидуално патување од Скопје – Тури Јануари-Мај 2021

 

ХАВАНА -ВАРДЕРО програма за 12 дена – 9 ноќи

 

Зошто Ви ја препорачуваме единствената Куба која повторно ги отвора границите за турисите за

уникатно патешествие?

Куба во 21 век е уникатна во однос на сè што досега сте посетиле: економска сиромаштија, но

огромно богатство на култура, стари градби, но голема архитектонска величественост,

застрашувачка, но во исто време, неверојатно привлечна авантура. Тука не смеете да пропуштите –

прошетка низ славниот MaleCÓN на Хавана и плажата Копакабана, да бидете дел од кубански ноќен

живот низ традиционални ресторани и барови кои се најдобро место за уживање во музика во живо

и танц на салса, да ја пробате купанската храна и пијалок со сите нивни  волшебни мириси.

ХАВАНА главен град на Куба со 3 милиони жители, политички, културен и административен центар.

Градот е богат со историски споменици кои сведочат за мешаваината на различните култури и

влијанија. Со својата колонијална архитектура, многубројните ексклузивни хотели ,егзотични

клубови и барови оривлекуваат голем број на туристи од цел свет.

ВАРАДЕРО најпознатото летувалиште на островот на 130км од Хавана, претставува ремек дело на

природата, со долги песочни плажи, топла тиркизна и бистра вода на океанот.

 

Дата на патување – 11.01.2021-22.01.2021/  Период на престој 12.01.2021-21.01.2021  (9 ноќи)

Детали од лет

TK1006 SKP-IST – 2045- 0025+1 / TK 183 IST-HAV – 0205- 0705

TK 183 HAV-IST – 0835- 0835+1/ TK1005 IST-SKP – 2010- 1950

 

1ден. Скопје – Истанбул

Пристигање на аеродромот во Скопје три часа пред лет (во 18 часот) со лет на Туркиш лет за Истанбул во 20.45,слетување во 00.25 часот наредниот ден во Истанбул.

2ден – 3ден. Истанбул – Хавана

Продолжување на летот со лет Туркиш на во 02.05 , слетување во Хавана во 07.05. Трансфер до хотел. Сместување.

Ноќевање. Сместување во хотел во Хавана 4* на база ноќевање со појадок со можност за организирање на

факлултативни излети. Ноќевање.

Хавана – слободни активности и факултативни излети (легендите на Mi Habana, градска тура Хавана, следејќи ги трагите на Хемингвеј, возење со олд тајмери…). Ноќевање.

4ден. Хавана -Варадеро

Појадок. Трансфер за Варадеро.Возење со кратки попатни одмори (2-3часа ). По доаѓањето сместување во хотел 4* на база се вклучено. Ноќевање.

5-9ден. Варадеро

Престој во хотелот на база се вклучено ,денови предвидени за одмор, бањање и сончање….можност за организирање на факултативни излети (Cayo Lago, Sugar Tour, Jeep Safari…)

10ден. Варадеро -Хавана -Истанбул

Ран појадок. Ран трансфер на аеродром (три часа пред лет) и лет со Туркиш во 08,35 часот за Истанбул.

11ден. Истанбул-Скопје

Ноќен лет со оброци во авионот. Слетување во Истанбул 08.35 часот по локално време. Продолжување со лет Туркиш во 20.10 часот за Скопје. Слетување на аеродромот во Скопје во 19.50 часот.

 

Име на хотелот

Јануари

11-22.01

Февруари

03-14.02

Март

08-19.03

Април

05-16.04

Мај

03-14.05

Be live Habana City

Havana 4*/ BB

…………………………

Meliá Peninsula 4*-Vardero All inclusive

 

 

 

1444eur

 

 

1495eur

 

 

1420eur

 

 

1399eur

 

 

1350eur

 

Напомена: Можна е промена на хотелот при реконфирмација на групата, со иста категорија на хотел и иста локација.

Начин на плаќање: 50% при резервација, во денарска противвредност по курс 62,00 , а остатокот 20 дена пред поаѓање.

 

Цената вклучува: Авио превоз на наведената релација, трансфер по програма, 2 ноќевање со појадок во хотел 4* во Хавана, 7 ноќевања на база се вклучено во хотел со 4* во Варадеро, организација на патувањето.

 

Цената не вклучува: виза за Куба на лице место, факултативни излети (на барање дополнително), индивидуални трошоци, оброци надвор од наведени оброци по програма, здравствено и патничко осигурување, негативен PCR тест, се што не е наведено во ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА

 

КОВИД-19 Процедури

Македонија – Препорака од нашата агенција пред поаѓање да се направи PCR тест пред поаѓање (не е зaдолжително)

Куба – Владата на република Куба има пропишана уредба според која на секој турист при влез во државата му се прави ПЦР тест. Резултатите се добиваат за 24-48 часа. Во случај патникот да е позитивен на тестот мора да оди во болнички карантин и нема да може да продолжи со програмата на патувањето. Трошоците за враќање на патникот дома се на товар на самиот патник. Таквите трошоци треба да се покриени и рефундирани од осигурителната компанија при купување на патничкото осигурување.

 

 

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ – ХАВАНА

City tour Havana (ХАВАНА ГРАДСКА ТУРА) – пешачка тура 4-5 . Прошетка низ стара Хавана низ историскиот центар и неговите главни плоштади; катедрали, плоштад san Francisco de Asis, plaza de arms, посетете го count de Villanueva (casa del habano), посетете ја таверната кафе за демонстрации на подготовка на кубански коктели, ручек во локален ресторан со пијалок. Тура низ модерна Хавана – plaza de la revolution, Necropolis de Cristobal Colon, Vedado, Malecon, посети на Jose Marti за да уживаат во одличен поглед. Слободно време за шопинг.

ЛЕГЕНДИТЕ НА “Mi Habana” – вклучува тура стара Хавана и моредрна Хавана, посета на паркот Morro-Cabaña Park, пешачка тура низ историскиот центар на старата Хавана, панорамска тура на Хавана – познатиот театар Gran Teatro de La Habana, капиталната зграда Capitolio , познатата променада покрај океанот Malecón, Универзитетот Vedado University Hill.

СЛЕДЕЈЌИ ГИ ТРАГИТЕ НА ХЕМИНГВЕЈ – вклучува посета на домот на ернест Хемингвеј Finca Vigía, посета на Bodeguita del Medio и Floridita и пиење на специјалниот коктел Daiquirí cocktail, ручек во локалниот ресторан, посета на малото рибарско село Сojímar и посета на собата на Хемингвеј во Ambos Mundos Hotel)

ВОЗЕЊЕ СО ОЛД ТАЈМЕРИ – Еден час возење со олд тајмери (min 3 лица-Max 4 лица по кола )

BUENO VISTA SOCIAL CLUB – The Buenavista Social Club in Restaurante Caffe Taberna – локален ресторан каде артистите на Buenavista Social Club имаат свое шоу. Прифаќаат и деца.

 

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ –ВАРАДЕРО

City Tour Varadero (ГРАДСКА ТУРА ВАРАДЕРО) – историскиот дел и центар, занаетчиски пазар (време за шопинг), Паркот Josone – 9 хектари парк и релаксирачки одмор во природа, со конструкции од 40-те години, рекреативна и гастрономска понуда. Пешачење до керамичка работилница, уметничка галерија, рум куќа и Хавана (слободно време за купување)

САФАРИ – JEEP SAFARI Nature Tour (08.00 – 17.30hrs) – трае околу 10 часа

Поаѓање од хотелот во климатизиран превоз до точка каде се качуваме во џипови. Џип сафари во природа за да види уникатната околина и природна убавина на Куба. Нуркање во Пунта Маја (заштитено подрачје). Патуваме со брод преку реката Канимар. Посета и време на престој во Finca La Dionisia каде ги гледаме остатпците од плантажите за кафе во француски стил од почетокот на деветнаесеттиот век, ручек со пијалок (безалкохолен), јавање кољи и време за одмор.

На враќање кон Варадеро застануваме во Куева де Сатно, посета и време да пливате во пештерата. Се враќаме во Варадеро.

ДА СЕ ОБЛЕЧЕТЕ ВО СООДВЕТНА ГАРДЕРОБА И ОБУВКИ ЗА САФАРИ.

ПОСЕТА НА ТРИНИДАД – Посета на Valley of the Sugar Mills и La Torre Manaca Iznaga. Ручек во локален ресторан (вклучен во цена). Посета на La Canchánchara Tavern со пијалок (коктел) и на музејот Palacio Cantero Museum.

 

 

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

 

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

 Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации

дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.

СЛИКИ:

НАПОМЕНА – Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Можна е промена на саатниците на полетување и слетување на авионот во Скопје и Хавана согласно промена дирекно од авио компанијата. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата на превозниците. Агенцијата го задржува правото за промена на цената и редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

 ГИ МОЛИМЕ ПАТНИЦИТЕ ДА ГО ПРОВЕРАТ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ДВА ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ. Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета, државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети и сл.
  • Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе.
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • 2 дена пред започнување на аранжманот Агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање.
  • Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со бројот на резервација со пријавувањето на патниците со авансната уплата. Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€ по лице (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ