Лисабон – Нова Година 2020 – Авионска Програма

1-ви ден – 27.12.2019 година (Петок): СОФИЈА – ЛИСАБОН

Состанок на групата на аеродромот во Софија, Терминал 2. Полетување кон Лисабон со директен лет на “Бугарија Ер”, во 20:00 часот. Пристигнување на аеродромот во Лисабон во 22:10 часот, пречек од нашата партнер компанија во Португалија, трансфер и сместување во избраниот хотел. Ноќевање.

2-ри ден – 28.12.2019 година (Сабота):ЛИСАБОН

Појадок во хотел. Околу 10:00 часот поаѓаме кон целодневна панорамска обиколка на неверојатниот Лисабон, со локален водич на бугарски јазик и вклучена посета на Статуата на Христос.
Градот е распространет на 7 ридови на устието на реката Тахо. Нашата обиколка ќе започне со панорамски разглед на новиот дел од градот – Паркот на народите. Ова е областа изградена за изложбата Експо’98. Денес, паркот стана место за забава, изложби и култура. Овде е сместен Лисабонскиот Океанариум со длабочина од 7 m и повеќе од 100 видови водни жители.Овде е и лифтот што води до кулата  на Васко де Гама и нуди прекрасен поглед на мостот Васко де Гама, со вкупна должина од 12 345 м, што го прави најдолгиот мост во Европа.Поаѓаме кон статуата на Христос, инспирирана од споменикот на Христос Спасителот во Рио де Жанеиро. Статуата е подигната од жителите на Лисабон, како благодарност за штитењето на градот за време на Втората светска војна. Качување на панорамскиот плоштад на Христос Спасителот, од каде се нуди неверојатен поглед на градот и кон мостот 25ти Април, подигнат над местото каде што реката Тахо се влева во океанот.Продолжуваме до областа Белем и Империјалниот плоштад. Овде ќе го видите импресивниот манастир Јеронимо-Mosteiro dos Jerónimos  (однадвор), чија изградба започнала во 1502 година во чест на враќањето на Васко де Гама од Индија и траела цели 50 години. Манастирот е еден од најистакнатите примери на португалскиот доцен готски стил на архитектура во Лисабон-Мануел стил. Во 1983 година е прогласен за Светско наследство на УНЕСКО  , заедно со блиската Кула во Белем. На 13 декември 2007 година овде е потпишан Лисабонскиот Договор на Европската унија. Ќе ја видиме и познатата Белем кула (однадвор) од 16 век. Разгледување на споменикот на Проноѓачите (однадвор). Обиколката ќе заврши со прошетка низ историскиот центар: Булеварот Независност, плоштадот на Реставраторите, плоштадот Росио со статуата на Педро Четврти и зградата на Народниот театар, плоштадот „Comercio“ или плоштад на трговијата со Споменикот на Хозе Први и Арката, од каде започнува раздвижената улица Августа. Одиме покрај квартот Алфама, најстарата област во градот ,која изобилува со автентични фадо ресторани. Може да се каже дека ова е срцето  на градот,кој пулсира во фадо ритам. Овде можете да го почувствувате вистинското срце на градот со своите знаменитости – Катедралата „SE“  и лифтот „Santa Justa“ . Времетраењето на екскурзијата е околу 8 часа. Слободно време. Од 19:00 часот навечер – можност да го посетите локалниот ресторан со вклучена вечера  „Café Luso – Fado & Food Group“ со  автентична музика во живо од Фадо, како одраз на бујниот и зачинет пиринески карактер и меката, меланхолична душа на португалскиот народ. (со доплата со вклучен трансфер – опција за вечера и пијалоци 70 € ; варијанта со пијалоци – 50€). Ноќевање.

3-ти ден (29.12.2019 – Недела): ЛИСАБОН-ОБИДОШ, БАТАЛА, НАЗАРЕ, ФАТИНА

Појадок во хотел. По појадокот е предвидено слободно време за индивидуални активности или можност за дополнителна екскурзија до Обидош, Батала, Назаре, Фатима, со локален водич на бугарски јазик. Доплата 75 €). Тргнување околу 08:30 часот.

  • Фатима (130км од Лисабон), светски познат религиозен центар за поклонение. Комплекс кој потсетува на Ватикан, a за некои поубав и од “градот на Папата”, пред се поради големиот плоштад, долгата алеа на која се одржува исцелување на болните, илјадниците запалени свеќи со молитва за здравје, како и величествената катедрала посветена на Богородица.
  • Батала (20км од Фатима, 130км од Лисабон), познат по истоимениот манастир, кој воедно представува еден од најголемите готски ремек дела во Европа, секако под заштита на УНЕСКО. Разглед на внатрешноста на манастриот (вклучено во цената).
  • Назаре (20км од Батала, 130км од Лисабон), типично рибарско селце, лоцирано на Атлантискиот брег, со традиционални продавници и ресторани кои нудат свежо приготвена риба. Секако овде најмногу воодушевува панорамска глетка кон Атлантискиот океан која никого не остава рамнодушен.
  • Обидош (40км од Назаре, 85км од Лисабон) е мало живописно градче и едно од најволшебните места во Португалија, познато по малите бели куќички со цвеќиња на прозорите и фрески на истите, кои датираат уште од 7-от век.Убавите тесни улички со продавници исполнети со мисрис на чоколадо и вишна поради познатиот локален специјалитет –  чоколада чаша полна ликер со вкус на вишна. Задоволство за сите сетила.

Времетраење на екскурзијата: околу 10 часа. Враќање во хотелот: Ноќевање.

4ти ден – 30.12.19 (Понеделник): ЛИСАБОН – МАФР, СИНТРА, КАБО ДА РОКА

Појадок во хотел. Слободно време или можност за дополнителна целодневна екскурзија во Мафра, Синтра и Кабо Да Рока со локален водич на бугарски јазик (доплата – 95 €).Поаѓање околу 08:30 часот.Денот ќе започне со посета на Мафра (40 км од Лисабон), средновековно село каде ќе посетиме една од најубавите барокни палати – Паласио Национал де Мафра. ( вклучено во цена) Екскурзијата продолжува до културната област Синтра, која се наоѓа на списокот за Светското културно наследство на УНЕСКО.  Ќе имате можност да посетите едно од најубавите места во Португалија – градот Синтра, настанат во тврдината на Маврите, изградена во периодот на Арабскиот калифат, која што во 1147 година била превземена од кралот Алфонс I и преименувана во летна резиденција на португалските монаси и аристократи. Лорд Бајрон за Синтра напишал: “Градот е полн со природни убавини создадени од човечка рака. Дворци и градини се возвишуваат помеѓу карпи, водопади и бездни, помеѓу манастири, изградени на неверојатни височини, каде се открива панорамски поглед кон морето и Тахо. Пејзажот ја обединува дивината на западните планини со бујното зеленило на јужна Франција”. Секој еден од замоците ќе ве остави без здив – “Замокот на маврите”, дворецот “Да Пена” и кралскиот дворец на Синтра се само мал дел од атракциите. Дворецот „Quinta da Regaleira“ – Уникатен комплекс на дворци во нео – готски стил, на територија на која што се наоѓаат парк со езера, пештери, фонтани и различни архитектонски каприци, а го носи името на бароницата Реџелеира, поради тоа што таа го откупила имотот во 1840 година, истовремено познат како Дворецот на милионерот Монтеиро. Вклучено во цената е организирана посета на палатата Пена – едно од најголемите обележја на Португалија и врвен пример за европскиот романтизам во архитектурата од 19 век. Националниот споменик се издигнува на врвот на ридот на 500 м.н.в. над Синтра и претставува мешавина од живописно осликани тераси, декоративни борби и митолошки статуи опкружени со бујна зелена вегетација од паркот, во кој што можете да најдете скриени патеки, мистични украси и воудушевувачки глетки.
Слободно време за прошетка низ шармантната Синтра, да купите сувенир во една од многуте продавници или да пиете шолја кафе и да вкусите од познатите локални слатки „queijada“ . Во Кабо Да Рока, најзападната точка на континентална Европа, ќе му се восхитувате на прекрасниот поглед на Атлантскиот океан.На патот кон Лисабон ќе патуваме по панорамскиот пат преку Каскаис и Есторил (околу 45 км од Кабо Да Рока до Лисабон). Каскаис е претворен во аристократско одморалиште под управа на династијата Браганса откако кралот Луис I ја изградил палатата Palacioda Citadela во 1870 година. Во Каскаис се наоѓа познатиот залив Boca do Inferno, каде брановите на Атлантикот се разбиваат во брегот со неверојатен тресок. Каскаис е еден од најпосетуваните  и најскапи градови не само во Португалија, туку и во цела Европа. Соседниот крајбрежен град Есторил во минатото бил познат како место на егзил на европските кралски семејства , кои биле принудувани да ги напуштаат своите земји.  Тука нашле засолниште кралот Умберто Втори од Италија, Хуан де Бурбон од Шпанија, кралот Карол од Романија. Во Есторил ќе имате можност да ја видите и една од најважните знаменитости на градот – палатата Palaciode Conde De Castro Guimaraes.  Денес Есторил е светски познат туристички центар со најголемото казино во Европа – Estorial. Ресортот, исто така, нуди многу возбудлив ноќен живот. Времетраењето на екскурзијата е околу 9-10 часа. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

5ти ден – 31.12.19 (Вторник ): ЛИСАБОН – АРАБИДА

Појадок во хотел. Слободно време или можност за еднодневна екскурзија во Арабида со дегустација на вино и посета на Националната палата Ажуда, со локален водич на бугарски јазик (доплата – 45€). Поаѓање околу 9:00 часот. Обиколката ќе започне со посета на Националната палата Ажуда (вклучено во цена), која се издига на истоимениот рид , недалеку од манастирот Јеронимо. Изградена во неокласичен стил по катастрофалниот земјотрес од 1755 година и последователното цунами за засолниште на кралското семејство. Палатата е богато украсена со мебел, таписерии, скулптури кои го откриваат луксузот и богатството на земјата во 1700 година, кога Бразил беше португалска колонија a воедно тука беа откриени и дијамантите. Се упатуваме кон областа Арабида за да ја посетиме винаријата и музејот Bacalhoa, на 35 км од Лисабон. Подрумот е дел од станбен комплекс од 14 век. Ќе имаме можност да ги погледнеме колекциите на музејот во три правци: срцето на Африка (претставени се различни скапоцености од Ангола), колекција  во стил „Арт Деко“ и „Арт Нуво“ и колекција посветена на насликаните плочки „Ажулезо“. Следува кратка дегустација на вино. Патот назад кон Лисабон ќе се одвива низ живописниот природен парк Арабида и најдолгиот мост во Европа, Васко де Гама. Времетраењето на екскурзијата е околу 5 часа. Враќање во хотелот околу 14:00 часот. Слободно време и припреми за дочек на Нова Година. Традицијата во Лисабон е да ја дочекаме Новата година на централниот плоштад „Praça do Comércio“, каде што е поставена сцената за Новогодишниот концерт. По празничната вечера во еден од многуте ресторани, жителите и гостите од Лисабон се упатуваат кон плоштадот за да учествуваат во веселбата, да ја впијат атмосферата и со чаша шампањ во рака (пластична чаша)  да и наздрават на Новата година под светлината на импресивната зора. 

6ти ден – 01.01.2020  (Среда): Среќна Нова Година!

Појадок во хотел. Одјавување до 12:00 часот (Доплата за доцно одјавување). Слободно време и можност за индивидуални прошетки. Би можеле да прошетате по улиците на старите населби Биро Алто, Шиадо, Кармо, Бајша, Алфама, да се повозите со старите жолти трамваи, кои се сметаат за антиквитети , работат уште од 30-тите години на 20тиот век но сепак продолжуваат да се движат нагоре и надолу по ридестите улици на Лисабон. Можете да се одлучите за бесцелна прошетка овде и онде и да пронајдете место каде ќе уживате во традиционалната кујна. Следен предлог за денешниот ден би бил посета на Океанариумот, бидејќи тоа е една од ретките знаменитости која е отворена на 1 јануари. Сместен е во Паркот на народите, со метро се симнувате на станицата Ориенте.Зимското работно време е од 10 до 19 часот, влезницата е 19 ЕУР за возрасен од 13 до 64 години, 13 евра за дете од 4 до 12 години и возрасни над 65 години. Може да го посетите и LISBOA STORY CENTRE, лоциран во централниот дел на Пјаца Комерцио (Praça do Comércio) и да се запознаете со интерактивната историја на градот Лисабон (влезница е 7 € за возрасни, 3 € за деца од 6 до 15 години) , 5 € за возрасни над 65 години) Трансфер од хотелите до аеродром е околу 21:30 часот.Директниот лет до Софија на АК Бугарија ерлајнс е во 00:10 часот на 02.01.2020.

7ми ден – 02.01.2020 (Четврток):

Слетување на аеродромот во Софија, Терминал 2 во 06:00 часот.

КРАЈ НА ПРОГРАМАТА!

ХОТЕЛИ УСЛУГА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА
HOTEL HF FENIX 4* Појадок 969€ 1375€
IBEROSTAR LISBOA SELECTION 5* Појадок 1149€ 1610€

Пакетните цени вклучуваат:

  • Организиран повратен трансфер до аеродромот во Софија;
  • Авио билет Софија – Лисабон – Софија со АК Бугарија Ер  со вклучени аеродромски такси и багаж по лице;
  • 1 парче рачен багаж до 10 кг и димензии 55х40х23 см – висина, ширина, должина (вкупна должина 118 см)
  • 1 парче чекиран багаж до 23 кг и вкупна должина до 158 см.
  • 5 ноќевања со услуга во избраниот хотел;
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром;
  • Посета на стариот дел на Лисабон со водич за бугарски јазик;
  • Претставник на бугарски јазик за време на патувањето и престојот во Лисабон.

Пакетните цени не вклучуваат:

  • Новогодишна вечера (чекајте наши понуди!);
  • Дополнителни екскурзии;
  • Задолжително индивидуално плаќање на градска такса од 2 ЕУР по лице на ден;
  • Трошоци од лична природа

Напомена:

Факултативните излети се резервираат исклучиво во агенција, најдоцна 30 дена пред реализација на аранжманот.

Услови:

  • Резервација се проследува со уплата од 50%, а доплата на остатокот до 30 дена пред реализација на програмата;
  • Понудата е валидна за минимум 16 пријавени патници;
  • Факултативните излети се резервираат исклучиво во агенција, при резервација на аранжманот;
  • За ова патување не се потребни медицински имунизации;
  • Рок за отказ на програмата поради недоволен број на пријавени патници – 30 дена пред поаѓање;
  • Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата;
  • Осигурување;

Неопходни документи:

  • Валидна патна исправа со важност од минимум 6 месеци од враќањето во Македонија.
  • Патничко осигурување;
  • Деца до 18 години кои патуваат со еден или без родители, потребно е заверен документ од едниот или двата родители.

Рокови за отказ на аранжманот и пенали:

  • Над 60 дена пред датумот на поаѓање се задржува износот на депонираниот депозит;
  • Помеѓу 60 – тиот и 20 – тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
  • Помалку од 20 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот.

Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

Не пропуштајте