ОПИС
Хотел Молика е најрепрезентативниот хотел со кој располага Друштвото за угостителство рекреација и спорт ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје. Хотелот се наоѓа на Баба планина во Националниот парк Пелистер. Самата местополжба на хотелот овозможува поглед на градот Битола и околината. Во склоп на хотел Молика функционира и скијачкиот центар Копанки кој располага со една двоседа жичара – Бегова чешма и еден ски лифт – Копанки. Должината на жичарата и ски лифтот изнесува 1326 метри со капацитет од 1133 скијачи на час. Двете скијачките патеки се со средна тежина и нивната должина изнесува 1341 метар со површина од 53640 м2. Самата местоположба на хотелот на североисточниот дел од Националниот парк, овозможува поглед на Пелагониската котлина, градот Битола и околината, кој ви го одзема здивот. Овој дел од паркот е еден од најинтересните и највозбудливите локалитети специфичен по богатството на ретки видови растителен и животински свет.
Хотелот ,,Молика,, претставува капацитет од трета категорија (3 звезди ***) , кој во целост е прилагоден и амбиентално е вклопен со својот надворешен и внатрешен изглед во околината што го опкружува. Спојот на дрво и мермер, олицетворение на замислата на дизaјнерот овозможува со престојот во хотелот, секој посетител да ја почуствува топлината и душата на објектот во сите делови.
ЦЕНА:
2 ПОЛУПАНСИОНИ 3060,00 ден
3 ПОЛУПАНСИОНИ 3870,00 ден
Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ