You are currently viewing Мега Хаус-Геракини 2025

Мега Хаус-Геракини 2025

ОПИС:

Мега Хаус се наоѓа во Геракини, на помалку од 90м од првата песочна плажа. Објектот располага со три комфорни двоспални апартмани од кои еден апартман на приземје и два на прв спрат, составени од две спални соби и дневен простор со софа, една спална со дупло легло, втора спална со две единечни легла, кујна опремена со садови за готвење и јадење, тоалет, клима со доплата на лице место од 7еур на ден, ТВ, wi-fi конекција.Пред самата вила има паркинг кој е бесплатен за користење. Максимум капацитет на 4 возрасни лица и 2 деца до 5,99год. Собите се лоцирани: бр.Z2 – на приземје, бр.Z3 & Z4 на прв спрат.

  • -Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
  • -За брзината, јачината на интернетот ние како агенција не гарантираме.
  • -Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • -Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
  • Доплата за туристичка такса 2€ по соба на ден (се плаќа во објектот)

ПОПУСТИ:

-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 15.01.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 31.01.2025
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 28.02.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 10.03.2025
-7%   ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 10.05.2025

ЦЕНОВНИК:

ГЕРАКИНИ – МЕГА ХАУС НЕДЕЛА
ЦЕНА ЗА НАЕМ НА 7 НОЌЕВАЊА
Термин ноќ 2 спален апп ЗАБЕЛЕШКА
18.05-25.05.2025 7 229 Промо цена
25.05-01.06.2025 7 279 Промо цена
01.06-08.06.2025 7 429  
08.06-15.06.2025 7 549  
15.06-22.06.2025 7 609  
22.06-29.06.2025 7 719  
29.06-06.07.2025 7 829  
06.07-13.07.2025 7 929  
13.07-20.07.2025 7 999  
20.07-27.07.2025 7 999  
27.07-03.08.2025 7 1019  
03.08-10.08.2025 7 1019  
10.08-17.08.2025 7 1019  
17.08-24.08.2025 7 1019  
24.08-31.08.2025 7 949  
31.08-07.09.2025 7 769  
07.09-14.09.2025 7 599  
14.09-21.09.2025 7 389 Промо цена
21.09-28.09.2025 7 289 Промо цена

На ПРОМО цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација. Резервација на промо цени се прави со 50% уплата.

За оваа понуда нема организиран превоз

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:  

  • За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин,
  • Попустите не може да се комбинираат,
  • Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
  • На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
  • Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети)
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
  • При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
  • Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
  • Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на (представникот). Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ