You are currently viewing Нова Година во Словенија 2025

Новогодишни празници во Терме Виват, Љубљана, Постојна и Марибор

Програма:

Ден 1 (28.12.2024)  БИТОЛА-СКОПЈЕ-ЉУБЉАНА – Состанок на групата пред деловните простории на агенцијата во 16:00 часот. Поаѓање за Словенија преку Србија и Хрватска. После преминувањето на границата и царинските формалности патувањето продолжува со попатни одмори. Ноќно патување.
Ден 2 (29.12.2024) ЉУБЉАНА Пристигнување Љубљана. Доколку постои можност во договорено време заминување за разглед на Љубљана и сите нејзини позначајни културно-историски знаменитости. Разгледот започнува пред барокната зграда на градското собрание, продолжува низ стариот центар на градот познат по неговиот единствен архитектонски изглед кој го одбележуваат барокни и сецесиски градби и дела на архитектот Јоже Плечник. Разглед на Катедралата Св. Никола, Змаевиот мост, Прешерновиот плоштад, Трокракиот мост и др. Слободно време за уживање во Божиќно – Новогодишната чаролија низ Љубљана. Ноќевање.
Ден 3(30.10.2024 )ЉУБЉАНА-ПОСТОЈИНСКА ЈАМА-ТЕРМЕ ВИВАТПојадок. По појадокот заминување кон Постојинска Јама каде што ќе се насладувате на креациите на природата. Овој величествен настан, кој се случува во најубавите подземни сали, ќе ве одведе во безвременска Божиќна приказна во магичниот амбиент на Постојинска јама.
Прекрасни изведби: екипа од повеќе од 100 актери ќе оживеат 18 библиски сцени и ќе ја раскажат приказната за божиќното чудо.
Ангелско пеење: овогодинешното Рождество во живо во Постојна пештера ќе биде уште повеличествена со одлични словенечки музичари и меѓународно признати вокали од Италија и Јапонија. Ќе се слушне вечната Света Ноќ, Здраво Богородица, Господовата молитва и словенечкиот Glej зведице божје.
Осветлена убавина: бројните светла уште повеќе ќе го нагласат богатството на природата, па секој агол на Постојинска Јама ќе биде игра на светлина, боја и убавина каква што другите божиќни адаптации не можат да ја имаат.
Повеќе изненадувања: 5 инструментални изведби, разни танцови изведби и многу повеќе…
Прекрасно пеење: Интернационален спектакл со одлични словенечки музичари и меѓународно признати пејачи од странство.
Заминување кон Моравске Топлице.  Пристигнување во хотелот сместување и слободно време за лични активности и уживање во базените и термалните води. Вечера. Ноќевање.
Ден 4(31.12.2024 ) ТЕРМЕ ВИВАТ-МАРИБОР-ТЕРМЕ ВИВАТПојадок. После појадокот полудневна факултативна посета на Марбор кој претставува втор по големина град во Словенија, а се наоѓа на само 60 км. Организиран разглед на градот со локален туристички водич: Прошетка  започнува преку Плоштадот на генералот Маистра до Покраинскиот Музеј кој има свои изложбени простории во Мариборскиот Градски дворец. Потоа продолжуваме покрај Фрањевачката Црква, Плоштадот Леона Штукља до Сломшковиот Плоштад, Катедралата Св. Иван Крстител од 12. Век, Жидовската Кула и Синагогата. Разгледот го завршуваме пред најстарата лоза на светот-плава жаметовка која е впишана во Гинисовата книга на рекорди и ја симболизира традицијата на виновата културна дестинација Марибор-Похорје. Враќање во хотелот и уживање во термалните базени и понуди на спа центарот во хотелот. Вечерта СВЕЧАНА НОВОГОДИШНА ВЕЧЕРА со жива музика и забава. Ноќевање.
Ден 5(01.01.2025) ТЕРМЕ ВИВАТ Појадок  – Brunch  . После појадокот слободно време за уживање во термалните и спа понуди на хотелот. Реприза на Новогодишната вечер со жива музика
Ден 6(02.01.2025) ТЕРМЕ ВИВАТ-СКОПЈЕ-БИТОЛА Појадок . Напуштање на собите. заминување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  470€
Цена за уплата до 30.11.2024 = 399 €
Цена за уплата до 15.12.2024 = 435 €

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на дадената релација со високо туристички автобус
  • Хотелско сместување во хотел со 4*+ на база 1 ноќевање со појадок во Љубљана
  • Хотелско сместување во хотел со 4*+ на база 3 полу пансиони (појадок и вечера)
  • Прекумурска вечера
  • Реприза на Новогодишната вечер со жива музика 01.01.2025
  • НОВОГОДИШЕН ПОЈАДОК –  BRUNCH 01.01.2025
  • Неограничено користење на Спа центарот (5 надворешни  термални базени, 5 затворени базени,  6 сауни, бесплатни крпи, бањарки)
  • Организација и пратител од страна на агенцијата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Со задолжителна уплатаСВЕЧАНА НОВОГОДИШНА ВЕЧЕРА со жива музика и забава 31.12.2024 ( 95 еур ) 
  • Задолжително патувачко осигурување (300,оо ден).
  • Туристичка такса и регистрација во хотелите на престој се плаќа на рецепција при пријава
  • Факултативна посета на Постојинска Јама со вклучена влезница и воз (60 €)
  • Факултативна полудневна посета на Марибор со локален водич ( 20 €)
  • Останати неспоменати услуги

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВНИ ПОСЕТИ :

  • Постојинска Јама и Марибор (70 €)

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на овај аранжман потребен е минимум од 40 патници
  • За реализација на факултативните посети потребен е минимум од 25 патници
  • Краен рок за пријавување: 30.11.2024.год
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А.,,АНА ТУРС ИНТ,, -Битола

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

ДОПЛАТИ И ПОПУСТИ:

  • Доплата за еднокреветна соба: 120 €
  • Деца до 3,9 години БЕСПЛАТНО со 2 Возрасни
  • Деца од 4 – 9.9 години 50 % попуст од цената на аранжманот со 2 Возрасни заедно во соба
  • Деца од 10 – 13.9 години 30 % попуст од цената на аранжманот со 2 Возрасни заедно во соба
  • ПОПУСТ ЗА СОПСТВЕН ПРЕВОЗ – 30 €

УПЛАТА:

  • При резервација е потребен миниум од 30% од вкупната вредност на аранжманот а остатокот најкасно 14 дена пред поаѓање.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А С-ТРАВЕЛ