Париз – 8ми Март 2020 – Авионска Програма

Париз – 8ми Март 2020 – Авионска Програма

Париз, градот на светлината… или нешто многу повеќе. Имајќи ја сета своја историја, архитектура, уметност, култура и живот кој плени со својата динамичност и космополитност, како ретко кој град на светот го зазема своето место во срцето на секој негов посетител... Париз ги напаѓа сите сетила и бара да го видите, слушнете, допрете, вкусите, помирисате… Видете ги импресивните споменици и вкусете ги: пикантно француско сирење, чоколаден мус, црвено вино… Mожеби најмногу ќе ви се допадне готската градба на познатата катедрала Notre Dame, а за оние кои претпочитаат помалку раскош и чисти линии, Триумфалната Капија… Од секоја пора на градот извира една карактеристична глетка: импозантната Ајфелова кула која, секако, е симболот на Париз.

1ден / 06.03 (петок)  СКОПЈЕ  – БУВЕ – ПАРИЗ  

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 15:45 часот. Полетување за Париз со WIZZ AIR во 17:45 часот. Слетување на аеродромот “Beauvais” во 20:45 часот. Организиран превоз  до Париз. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.

2ден / 07.03 (сабота)  ПАРИЗ – ЛУВР  

Појадок. По појадокот следува организиран панорамски разглед на Париз (пешачка тура + метро) низ најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Можност за посета на Ile de la Cite со катедралата Notre-dame, латинскиот кварт, Saint Germain, Sorbonne, Пантеон, Луксембуршката палата, продолжуваме кон , Vendome , Операта и Gallery La Fayette.  По разгледот можност за факултивна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр , кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се до нивната преселба во Версај. Во него се наоѓаат околу  65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза. Слободно време за индивидуални активности.  Во вечерните враќање во хотел. Ноќевање.

3ден / 08.03 (недела)  ПАРИЗ  –  АЈФЕЛОВА КУЛА  –  САКРЕ КЕР                                                               

Појадок. По појадокот организирана  целодневна прошетка  со локален превоз  до Трокадеро, посета на Ајфеловата кула. По посетата на Ајфеловата кула можност за крстарење  по Сена,  со времетраење од 1 час и можност да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива. Прошетката продолжува кон Марсовите полиња, Домот на инвалидите, преку мостот на Александар Невски продолжуваме кон Елисејските полиња до Триумфалната капија. Попладневна посета на Defense , Париз на 21 век. Вечерна  прошетката продолжува до Монмартр , посета на  базиликата Sacre Coeur (Светото срце) , од каде ќе уживате во прекрасниот поглед на Париз, прошетка по плоштадот на уметниците, славниот кабаре бар Moulin Rouge и плоштадот Пигал.  Враќање назад кон хотел со локален превоз. Ноќевање.

4ден / 09.03 (понеделник)  ПАРИЗ – ВЕРСАЈ                                                                                                     

По појадокот предлагаме целодневна посета на величенствениот дворец Версај со локален превоз, изграден од францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек дело на уметноста од 17-ти век, во разгледот не се вклучени  градините. Враќање назад кон хотел со локален превоз. Слободно време за индивидуални активности до 18:00 часот , времето на тргнување кон аеродромот со организиран трансфер. Полетување за Скопје во 21:15 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Скопје во 23:55 часот.

Цена за рана уплата со вклучени аеродромски такси    –  399 еур    до 01.02.2020

 Редовна цена со вклучени аеродромски такси  –    459 еур

Во цената Е вклучено:                                                                                                                                   

  • директен лет на релација Скопје – Париз – Скопје со Wizz air;                                                                                
  • мала кабинска торба                                                                                                                                 
  • организиран превоз  аеродром – хотел – аеродром;                                                                                                  
  • сместување во Хотел 3* на база 3 ноќевање со појадок;   
  • панорамски разглед на Париз со водич – пешачка тура                                                                                         
  • организиранизација на аранжманот и придружник на патувањето                                                                    

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:                                                                                                                 

  • Туристичка такса – 2 € од ноќ по лице (се плаќа во агенција);                                                                 
  • Влезница за Ајфелова Кула до трет кат – 22€, (уплата во агенција);                                                                    
  • Крстарење со брод по Сена – 15€ (уплата во агенција);                                                                                             
  • Посета на Версај – 53€ со вклучена влезница за дворецот (градините не се вклучени во цената),  локален превоз, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција;                                     
  • Посета на Лувр – 37€ со вклучена влезница+локален водич (уплата во агенција);                                          

Напомени:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници.
  • Плаќањето се врши во агенција во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • Резервација на аранжманот исклучиво со уплата од минимум 30% од износот, останатиот износ се доплаќа најдоцна до 10 дена пред поаѓање (освен за синдикати)
  • Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на аеродромски такси, хотелско сместување, недоволен број на патници да ја зголеми цената на патувањето или во целост го откаже, но не подоцна од 7 дена пред тргнување

НАПОМЕНА: ПАСОШИТЕ  ТРЕБА ДА ИМААТ ВАЖНОСТ МИНИМУМ 3 МЕСЕЦИ ОД ДЕНОТ НА ЗАВРШУВАЊЕ  НА ПАТУВАЊЕТО – НАЈМАЛКУ ДО 10 ЈУНИ

Затворете мени