ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ  С В . Н Е К Т А Р И Ј – Е Г И Н С К И – С В . Ј О В А Н – Р У С К И

 

П О К Л О Н И Ч К О П А Т У В А Њ Е

С В . Н Е К Т А Р И Ј Е Г И Н С К И – С В . Ј О В А Н Р У С К И Е В И Ј А–А Т И Н А–Е Г И Н А

15-17 Март 2019

 

Ден 1 (15.03 2019 год.) Состанок на групата во 19.30час. пред Спортсла сала Младост во Битола, од каде се поаѓа за Грција во 20.00 часот, преку граничниот премин Меџитлија – Ники.

Ден 2 (16.03 2019 год.)  Ноќно патување. Утрото се пристигнува на полуостровот Евија, во с.Прокопи, каде се наоѓа манастирот на Свети Јован Руски. Присуство на Светата Божествена Литургија. Поклонение на моштите на Свети Јован Руски, кои поради неговиот свет живот во Христа се зачувани цели, миомирисни, чудотворни и исцелителни. Потоа се поаѓа за Атина, во Пиреа, од каде со траект се патува за островот Егина. Сместување во конаците на манастирот посветен на свети Нектарие Егински. Ноќевање.

Ден 3 (17.03 2019 год.)  Присуство на Света Божествена Литургија, поклонение на моштите на Свети Нектарие Егински, како и посета на целиот манастирски комплекс (гробот, неговиот дневен престој, негови ракотворби, иконата на Пресвета Богородица пред која ја испеал најубавата химна на Пресветата: “Света Дево владичице, нескверна Богородице, – Радујсја невесто неневесна….’’.

Попладне, со траект до Пиреа – Атина и патувањето продолжува за Битола, со попатни паузи. Пристигнување во Битола после полноќ.

 

ЦЕНА на аранжманот 5.700 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Патување на наведената релација со високотуристички автобус;
  • Едно ноќевање во манастир или мотел;
  • Патување со траект
  • Патничко осигурување – освен за патници над 70 год. ( информации во агенцијата )
  • Водич и пратител на групата

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување за лица над 70 год.
  • Индивидуални трошоци

 

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ :

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се известивОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.