You are currently viewing 1ви Мај на Јадранско Море – Драч 2022

 ПРВИ МАЈ НА ЈАДРАНСКО МОРЕ

САБОТА – 30.04.2022 

Состанок со групата во 05:30 на договорено место ( известување околу местото на поаѓање 5 дена пред поаѓањето бидејќи организирани се поаѓања од повеќе градови). Поаѓање во 06:00 часот преку граничен премин Ќафасан, со попатни паузи и царински формалности.
Чекирање и добивање на соби по самото пристигнување.
Сместувањето е во Комплекс Луми кој се наоѓа на околу 80 метри од плажата во Каваја-Драч (втор ред од плажа). Слободно време за прошетки по прекрасното шеталиште на Јадранскиот брег со голем број на ресторани и кафетерии, како и сончање на плажа и капење. Вечера во ресторан (шведски стол). Ноќевање.

НЕДЕЛА – 01.05.2022

Денот ни започнува со појадок во ресторан. По појадокот имаме организиран факултативен разглед до Берат еден од најстарите градови во Албанија кој се наоѓа на листата на светстко наследство на УНЕСКО и е прогласен за музејски град. Берат уште се нарекува и град на 1000 прозорци, препознатлив е по историската архитектура која датира од Османлиски период, со куќи изградени на рид и тоа најчесто градени се на два ката од кои приземје созидано од камен а вториот кат го красат голем број на дрвени прозорци..Во Берат ќе се задржиме околу 2 и пол часа и по разгледите се враќаме во Драч околу пладне. Слободно време за индивидуални активности и прошетки, сончање, капење…Вечера во ресторан. Ноќевање.

ПОНЕДЕЛНИК 02.05.2022

Појадок. Одјавување во 10 часот. Се упатуваме према центарот на ДРАЧ – втор најнаселен град во Албанија и главно пристаниште кое го прави најзначаен град во развојот на економијата во земјата. Драч има прекрасно крајбрежно шеталиште, голем број на продавници, ресторани…Ќе имаме 2 и пол часа слободно време за убаво да се прошетаме. Во договор со водичот собир со групата и поаѓање према ТИРАНА – главниот град на Албанија, каде ќе го посетиме еден од најголемите трговски центри ТЕГ (Tirana East Gate). Во договорено време поаѓање према Македонија преку граничен премин Ќафасан. Пристигнување во вечерните часови.

Цена: 3900 денари

Во цената е вклучено:

  • 2 ноќевања со појадок и вечера (шведски стол) во Комплекс Луми
  • превоз со високотуристички автобус
  • посета на Драч и Тирана
  • пратител на групата за време на целото патување

Во цената не е вклучено:

  • Факултативен излет до Берат – 15 ЕУ по лице
  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса 2 еу по лице вкупно за цел престој

Важно

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимумод 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина, доказ за прележан ковид во последните 180 дена,  брз антиген тест или пцр тест
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

Услови:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

 Отказ на резервации:

 За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

 Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

 Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ