You are currently viewing Први Мај 2022-Промо пакети Интерхотел Сандански

Сандански  е град на југозападот на Бугарија, во подножјето на Пирин планина на само 40 км од Македонската граница. Овај регион има најтопла клима во Бугарија и најмногу сончеви денови во годината. Тука се наоѓаат над 80 минерални извори со температура од  33°С до 83°С со ниска минерализација и успешно се користат за третмани на најразлични болести.
Интерхотел Сандански е најголемиот медицински центар за балнеологија и рехабилитација на Балканот и е сместен во самиот центар на градот на главната пешачка улица.

ПРОМО пакет  ИНТЕРХОТЕЛ – САНДАНСКИ

Сместување во: 30.04-02.05.2022
Двокревeтна лукс соба 8.040 мкд

 

Дадената цена е по лице и вклучува:

  • 2 ноќевањa со појадок
  • превоз (користење на сопствен превоз -1.550 мкд по лице)
  • Користење на сауна, парна бања, фитнес центар,
  • Користење затворен базен со минерална вода од 33⁰С (полуолимписки размери),
  • Користење на отворен базен со минерална вода од 33⁰С,
  • Користење на отворен термален базен со минерална вода 38⁰С,
  • Паркинг,
  • Туристичка такса.

Во цената НЕ Е вклучено:

Патничко осигигурување,
Неспомнати услуги,
Личен трошок,

доплата за вечера без вклучена пијачка 13€

 

НАПОМЕНА!
Хотелот не прима домашни миленици

СМЕСТУВАЊЕ И НАПУШТАЊЕ НА СОБИТЕ:

Сместување во собите по 14:00 ч. (локално време)

Напуштање на собите до 12:00 ч. (локално време)

GPS координати: 41.567978, 23.282570 (линк…)

 РАЗГЛЕДИ во близина на Сандански

Рилскиот манастир, еден од најголемите манастири во Бугарија. Изградена во 30-тите години на
Х век. Денес Рилскиот манастир е дел од светското наследство на УНЕСКО, со својата автентична атмосфера,бесценети икони и резби, привлекува посетители од целиот свет. Рилски манастирот се наоѓа меѓу миризливи борови шуми на планината Рила, 63 км. од градот Сандански

Мелник–“градот на виното” е најмалиот град во Бугарија со население од само 230 жители. Мелник е место со богато историско наследство, пријавен за културно-историски резерват и градски музеј. Мелник исто така е прочуен по своите висококвалитетни вина. Мелник е оддалечен 20 км. од Сандански.
Рожденски манастир, 7 км. од Мелник, е вториот по големина манастир во Бугарија по Рилскиотманастир. Со своите уникатни резби и витраж, тој е вистински ремек-дело на средниот век.
Природниот резерват  Рупите со својата уникатна природа, фауна и термални извори е на само
15 км. од Сандански. Во Рупите можете да ја посетите куќата на најпознатиот бугарски пророк Ванга. Во самата близина по волјата на баба Ванѓа, во 1992 година е изграден храм-споменик “Света Петка Бугарска” – еден од 100-те национални туристички објектот во Бугарија. Рупите е кратер на угаснет вулкан. Постојат остатоци од древниот град Хераклеја Синтика.

УСЛОВИ ЗА АГЕНТОТ И ГОСТИНОТ:

  1. За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозитуплатен при самото резервирање од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
  2. Агентот или гостинот има право да ја откаже или промени резервацијата до 7 денапред пристигнувањето без пенали.
  3. Агентот или гостинот има право да промени име на резервацијата 3 денапред датата на престигнување без пенали. Промена на име и термин помалце од 3 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ  од резервацијата.
  4. Откажување или промена на резервацијата помалку од 7 денапред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
  5. Откажување или промена на резервацијата на денот на пристигнување на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот.
  6. Промена или откажување на резервација за време на празници до 30 денапред пристигнување е без пенали.
  7. Промена или откажување на резервација за време на празници помалку од 30 денапред пристигнување, агентот или гостинот плаќа 100% од целата резервација.
  8. Хотелот прифака рекламации во рок од 48 ч. За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан  од страна на гостинот и од овластените во хотелот.