You are currently viewing Римска Бања – Село Бања 2021

Римска Бања – Село Бања

Селото Бања се наоѓа во планински регион на 801м надморска височина,во центарот на долината Разлог помеѓу три планини Пирин,Рила и Родопи.На 5км од Банско и Разлог,и околу 150км од Софија и Пловдив.
Во селото има турска бања,наречена Муртина бања,од XVII век и друга турска бања наречена Римска бања.Месноста Трестеник се наоѓа на периферијата на селото.Постојат минерални извори и богата вегетација.Трестеник е популарно место за излети во шумата.Постои Етнографско-историски музеј во селото.

Цени за период 07.03-16.12.2021

 

Тип на соба Петок Сабота Петок Сабота 2+ноќи Недела-Четврток
Еднокреветна соба со балкон(1 лице) 56€ 46€ 41€
Еднокреветна соба без балкон(1 лице) 53€ 43€ 39€
Двокреветна соба со балкон(2 лица) 91€ 72€ 64€
Двокреветна соба без балкон(2 лица) 86€ 66€ 60€
Студио со балкон(2 лица) 96€ 77€ 69€
Студио без балкон(2 лица) 91€ 72€ 64€
Едноспален апп со балкон(2 лица) 105€ 82€ 74€
Двоспален апп со балкон(4 лица) 164€ 132€ 120€
Возрасен на дополнително легло 31€ 26€ 23€
Дете од 4-11.99 год во соба,судио и двоспален апп 20€ 18€ 16€
Дете од 4-11.99 год во  едноспален апп 13€ 10€ 9€

*За период 03.09-06.09.2021 пакет цени

*На 22.09.2021 важат викенд цени

Цените се по ноќевање за соодветната соба и вклучуваат:

  • појадок и вечера (без пијалоци)
  • употреба на термички СПА центар: два затворени базени со минерална вода со температура на водата + 31 ° С и + 35 ° С, џакузи, сауна, парна бања, турска бања, јапонска бања, ледена соба, фитнес, област за релаксација;
  • употреба на комбиниран спортски терен (тенис, одбојка, кошарка, фудбал);
  • WiFi низ хотелот;
  • сеф за лаптоп во секоја соба;
  • креветче за бебиња во собата и столици за бебиња во ресторанот (додека резервите траат);
  • незаштитен паркинг со видео надзор;
  • превоз до и од почетната станица на лифтот за време на скијачката сезона;
  • туристичка такса и ДДВ.

Доплати и попусти:

  • Деца на возраст до 3,99 години на дополнително легло престојуваат бесплатно.
  • Деца до 11,99 години на редовно легло ја плаќаат цената за возрасен.
  • На деца до 11,99 години не им е обезбедена бањарка.
  • Дополнително легло(софа или фотеља)
  • Пријавувањето е после 14:00 часот, одјавувањето е до 12:00 часот.
  • Рано пријавување. Ако има бесплатни соби.
  • Сместување од 8,00 до 14,00 часот – 50% од цената за една ноќ,
  • за сместување пред 8,00 часот се плаќа цена за цела ноќ.
  • Доцно ослободување. Ако има бесплатни соби.
  • Ослободување од 12.00 до 18.00 часот – 50% од цената за една ноќ.
  • После 18.00 часот се наплатува цена за цела ноќ.

УСЛОВИ:              

Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.    

Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

 ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА: За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

 Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација

. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите. ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

 

Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ

 

СМЕСТУВАЊЕ:

Хотелот има вкупно 88 соби , 5 еднокреветни , 53 двокреветни соби , 2 студија , 19 апартмани стандард и 9 апартмани лукс. Минерална вода тече во чешмата и тушот во тоалетите.

АПАРТМАНИ СТАНДАРД:
Еднособен апартман со поглед на Пирин и Рила , шумата или село Бања.
Апартманите имаат спална и дневна соба и мала тераса со маса и столчиња.
Во секој апартман : туш , фен , тоалетна козметика , бањарки и крпи , кабловска ТВ , телефон и бежичен интернет , работна маса , електронски сеф за лап топ.
На барање може да се обезбеди дополнително легло за спиење – софа.

ДВОКРЕВЕТНА СОБА:
Една пристојна просторија , повеќето од собите се со тераси со маса и столици.
Во секоја соба : туш , фен , тоалетна козметика , бањарки и крпи , кабловска ТВ , телефон и бежичен интернет работна маса , електронски сеф за лап топ.
На барање може да се обезбеди дополнително легло за спиење – софа.

ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА:
Една просторија , три од собите имаат балкони со маса и столчиња.
Во секоја соба : туш , фен , тоалетна козметика , бањарки и крпи , кабловска ТВ , телефон и бежичен интернет работна маса , електронски сеф за лап топ.

ХОТЕЛСКИ СОДРЖИНИ:

На местото на една од римските терми многу години подоцна е изградено селото Бања. Хотелот Римска бања 4* користи лековита минерлана вода од извори со температура од 58С.

ОСНОВЕН РЕСТОРАН:

ЛОБИ – БАР:

БАЗЕНИ: Два базени со големина 400 м3 и 600 м3
Има два базени , ЕЛИПСА и ТРАПЕЗ со минерална вода со различна температура +- 36С и +32
Водата во базен ТРАПЕЗ е поладна. Над базенот ЕЛИПСА има пареа поради високата тепмература
На водата. Овие природни инхалации се корисни за лекување на бронхитис , астма и други респираторни заболувања како и за лекување и ублажување на алергии.

САУНИ:
Има две сауни , солена сауна и билна сауна спорит влезот на базенот ЕЛИПСА
Сауната е со влажност околу 15% и со температура од +80 +90 степени.
Во солената сауна топлиот воздух е со лековита пареа од морска сол од Поморието на Бугарија.
Во билната сауна има различни лековити билки од ПИРИН.Кога се загреваат билките ја пополнуваат сауната со мириси.
Не ризикувајте за вашете здравје….Ако имате кардиоваскуларни проблеми консултирајте се со доктор пред да ја посетите сауната!
Во зима во сезона има обезбеден безплатен превоз до и од гондолата во Банско.

АМАМ (Турска бања)
Турската бања е наследник на римските бањи тоа е топол камен на кој се прави масажата.
Температурата во амамот е околу +40 степени.
Амамот може да го посетат и деца и лица со нарушено здравје без проблеми.

РИМСКА БАЊА
Влажноста во римската бања достигнува 100% и температурата е 45-48 степени.
Влагата топлата средина делува како инхалатор , ја зголемува заштитата од настинки а високата температура ги уништува микробите и токсините во телото.
Бањата помага да се зачува не само здравјето туку и младоста го подобрува тенот на кожата ги поправа порите минува низ воспалението ја подобрува исхранетоста на косата и слично.

ЈАПОНСКА БАЊА
Во Европа , јапонските минерални бањи се сметаат за егзотични.
2 дрвени буриња – со тепмература од 45 и 36 степени во кои можат да влезат 4-6 лица и буре со температура на водата од +8 до +12 степени.
Јапонските бањи се корисни првенствено за здравје а потоа за рекреација и релаксација свежина на кожата и слично.

ЛЕДЕНА СОБА
Ладното ја стимулра циркулацијата на крвта,му дава на телото енергија,помага да согоруваат калории.А спротиставените температури,наизменични со топла и ладна вода,помагаат за заштита од вируси.
Ако сакате да ја подмладите вашата кожа,користете ја нашата снегулка.Отстанувањето на снегот ја тонира кожата и ја стимулира циркулацијата на крвта.
Ледената соба наликува на магична пештера.Sидовите се покриени со мраз и снег,а разнобојните светла создаваат чуство дека сте дошле во бајка.За овај третман се користи планинска вода.

-ХИДРОТЕРАПИЈА НА ТЕЛО
-СОБА ЗА МАСАЖИ
-ЗОНА ЗА РЕЛАКС
-ФИТНЕС САЛА