Тирана – 8ми Март 2020

Тирана – 8ми Март 2020

07– 08.03.2020
автобуски превоз / 2 дена / 1 ноќевање

1 ден (07.03.2020) сабота:  Македонија – Тирана
Состанок на групата на паркингот на спортска сала Битола во 05:00 ч наутро.
Поаѓање за Тирана во 05:15 ч од Битола, попатнo Охрид , Струга (се застанува доколку има патници), се продолжува преку граничен премин Ќафасан, цариснки формалности, попатни одмори.
Продолжуваме на патот за  Тирана, преку Елбансан и пристигнување во Тирана околу  11:00ч.
Пристигнување во Тирана , сместување во хотел As Tirana Hotel **** . Краток одмор.
Разглед на градот (Саат Кулата, Католичката Катедралата Св. Петар, Националниот Историски Музеј, Пирамида, Блокот, улицата Буш, Националната уметничка Галерија, плоштад Мајка Тереза, Православната Катедрала).  По завршување на разгледот слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Тирана.
Препорака на ресторани , кафулиња и дискотеки (подолу во описот)
Во договорено време поаѓање на празнична 8 мо Мартовска вечера (факултатива 850  денари ) по лице  ( подолу види што е вклучено ).
Или слободно време за прошетка. (предлог: можете да се вратите во областа Блоку за да г искусите ноќниот живот со караоке барови, пабови и музика во живо.) Се враќаме во хотелот  Ноќевање.

 2 ден (22.12.2019) недела:  Тирана – Македонија
Појадок.
Одјавување од хотел. Во 10 часот поаѓање кон шопинг центарот htp://www.toptani.com.al/en  ,слободно време за шопинг и индивидуални активности.
Во попладневните часови заминување за Македонија, попатни одмори, царински формалности.
Пристигнување во Македонија околу 22:00ч / 23:00ч.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 3.200 денари

Во цената Е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– 1 ноќевања со појадок во хотел As Tirana Hotel ****
https://www.astiranahotel.com/ 
– туристичка такса
– Разглед на Тирана
– Посета на шопинг центар http://www.toptani.com.al/en
– Придружник од агенцијата
– Организација и реализација на аранжманот
Во цената НЕ Е вклучено
факултативна 8мо мартовска празнична вечера : 850 денари
*
Факултатицната вечера вклучува
Предјадење  ( брускети или салата )
Прво јадење ( супа )
Главно јадење ( порција со пилешко филе со компири )
Десерт
Шише минерална вода
– Влезници за музеи и културно – историски споменици
– Патничко осигурување
– Неспомeнати услуги
– Личен трошок на патниците

Информации и практични совети
 – официајлна валута е Лек ( 1 денар = 2 леки )
 – во Р.Албанија може да се патува и со македоснка лична карта
 – Битола – Тирана 200 км во еден правец
Предлог ресторани за ручек или за лицата кои нема да бидат дел од факултативната вечера : Mullichiu, Italian Restaurant Vita99,  A la sante,  Oda – Traditional Albanian Cuisine, Salt Tirana , II Piano , Otium.

Предлог места за тие кои сакате да го искусат ноќниот живот :
Hemingway Bar, Charl’ Bistro , Checkpoint Charlie Pub, Radio Bar, Shamrock Irish Pub, Whisky Bar Tirana , Amsterdam, Venue Dance Club, Lollipop Club..

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ И НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.

Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници да го откаже патувањето а за тоа ги извести патниците 15 дена пред датата на патувањето.

Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20 патници.

Доколку некои наведени разгледи и посети во понудата не се реализираат, а се предизвикани од непредвидени околности/оправдани причини работа на патишта, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, или природни катастрофи, агенцијата не сноси одговорност

Агенцијата го задржува правото за промена на цените во случај на промена на цените во транспортот и патни трошоци.

Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со пријавувањето на патниците на денот на реализирање и авансната уплата – договорот ( нема можност за измена ).

Пасошот треба да важи минимум 90 дена од завршувањето на патувањето.

Агенцијата НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните документи.

Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Организаторот/ на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.

Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.