ХОТЕЛ БИСЕР – КАЛИШТА, СТРУГА 2020

ХОТЕЛ БИСЕР – КАЛИШТА, СТРУГА

Струга, градот на мостовите и поезијата, е сместен во југозападниот дел на Република Македонија, покрај Охридското езеро, на бреговите на реката Црн Дрим која го дели градот на два дела. Исклучителната локација на градот, пријатната клима, одличните сообраќајни поврзувања со светот, прекрасните плажи и бројните хотели по крајбрежјето на езерото, заедно со археолошките локалитети на средно вековни цркви и други културни споменици ја прават Струга еден од најважните туристички и културни места за одмор во Република Македонија. Едноставно не е возможно да се посети Струга, а да се остане незаинтересиран за природната убавина, во течението и изворот на Дрим, во старата архитектура и во тесните улички, куќите со галерии и дуќаните со кепенци. Ќе бидете задоволни од локалните луѓе кои ќе ве пресретнат со топло добредојде и ќе направат да се чуствувате како дома. Хотел Бисер е лоциран на самиот брег на Охридското Езеро и е одалечен само 10 км од Струга и 17 км од Охрид. Сообраќајно е поврзан со околните населени места со патишта, 24 часовна активна врска. Близината на аеродромот овозможува одлична врска со одалечените дестинации. Хотелот по воден пат е поврзан со Охрид, манастирски комплекс Св.Наум и пристаништето во Подградец – Р.Албанија. Хотелот е типичен модел на старо Македонска архитектура која претендира да ги задржи националните архитектонски карактеристики и денес, и покрај притисокот на новите трендови за ентериерска организација. Хотелот Бисер им посакува добредојде на своите гости веќе 30 години со широко отворени врати нудејќи го своето гостопримство, предизвикувајќи чувства на комфорт, релаксација и задоволство.

 Тип на сместување Ноќевање со доручек(BB) Полупансион (HB) Полн пансион (FB)
Еднокреветна 30 eur 33 eur 36 eur
Двокреветна 20 eur 22 eur 25 eur
Апартман 55 eur 65 eur 75 eur
  • Дадените цени се по лице.
  • ДДВ, туристичка такса и осигурување се вклучени во цената.
  • Доплата за дополнително јадење (ручек) 6 евра = 360.00 ден.
  • Деца од 0-5 години гратис. ( доплата доколку се користат ресторански услуги) -доручек за деца -200.00 ден, ручек и вечера = 360.00 ден.
  • Деца од 6-12 години 50 % од цената на аранжманот.
  • Деца на дополнителен кревет-бесплатно
  • Доплата за трето легло -30 % од цената.
  • Второто лице во апартман има 50% попуст од цената на апартманот, трето и четвртолице имаат 70% попуст од цената на апартманот.

Дадените услуги се нето и вклучуваат:

  • паркинг, интернет wi-fi во лоби и ресторан, ДДВ 5%, туристичка такса и осигурување.

Во цената НЕ е вклучено:

  • мини бар и пијалок за време на ручек/вечера.
  • Доручек-Шведска маса
  • Ручек/Вечера- Избор од 2 мениа.

Активности во Хотел Бисер

  • Дискотека (влез- гратис)
  • Посета манастир Св.Богородица-13 век (на само еден метар од Хотел Бисер)

Собите се опремени со:

  • ТВ приемник
  • Клима уред
  • Дирекна телефонска линија
  • Мини бар
  • Фен за коса

Дополнителни услуги:

  • Перална
  • Сефови
  • Паркинг
  • Масажа (со доплата и закажување) ,Фризура (со доплата и закажување)