Хотел Мизо 3* – Охрид   ЛЕТО 2021 

ХОТЕЛ МИЗО-ОХРИД  

О Х Р И Д – Градот на светлината 

Убавините и богатството на Охрид се нешто што мора да се доживее, нешто што не може да се опиши со зборови. Заедно со езерото покрај него, Националниот парк Галичица и со богатата македонска историја која се гледа секаде наоколу, преставува бисер на Балканот.
Охрид бил населен пред илјадници години. Во тоа време антички Лихнидос бил формиран на ридот на североисточниот дел на Охридското Езеро, а врз неговите урнатини се издигнал средновековниот Охрид за денес на тие темели и покрај тие градби да порасне современиот Охрид.
Некогаш имал 365 цркви – по една за секој ден во годината, а дел од црквите уште се тука за да сведочат за тоа. Црквите се исполнети со многубројни фрески, икони, резби кои потекнуваат од пред многу векови. Исто така има и голем број на џамии.
Во Охрид се одржуваат многу културни манифестации, а една од нив е фестивалот со светско реноме ’’Охридско лето’’. Градот е еден од најстарите на Балканскиот Полуостров, а за тоа сведочат природните и културните богатства што минатите цивилизации ги оставале зад себе.
Природното наследство на Охрид и Охридското Езеро, во 1979 година е ставено под заштита на Унеско, културното наследство на Охрид е ставено под заштита на Унеско во 1980 година.
Охридското Езеро е најстаро езеро во Европа, а е едно од најстарите во светот, со старост меѓу 4 и 10 милиони години. Настанато е во терциерниот период, а по потекло е тектонско. Максимална длабочина е 289 метри, што го вбројува на седмо место по длабочина во Европа.
Многуте површински и подводни извори го хранат езерото со вода, а исто така во него се влеваат околу 40 реки и потоци. Водата во езерото е кристално чиста, а неговата провидност е преку 20 метри длабочина.

ОПИС : 
Комплексот Мизо се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро, во близина на старата рибарска населба Канео и на само еден километар од старата охридска чаршија.Комплексот располага со:  отворен базен, приватна плажа, ресторан, приватна марина (платформа), спортски терени за (тенис, ракомет, кошарка, мал фудбал) и сопствен паркинг.
Трите Депанданси се придружен дел на Хотел Мизо и располагаат со стандардно уредени двокреветни и трокреветни соби. Сопствениот приватен паркинг на хотелот значи поголема сигурност на вашето возило.
Во склоп на комплексот Мизо се и 10 прекрасно уредени вили. Спортските терени кои ги исполнуваат современите стандарди се одлична можност за спортски екипи за одржување тренинзи или спортски игри или пак за разонода за гостите во слободното време.

ХОТЕЛ (располага со 34 комфорни делукс соби. Собите се опремени со кабелска ТВ, WI-FI, телефон, ТВЦ, фен, тераса).
Депанданс 1 (располага со 29 соби, опремени со кабелска ТВ, ТВЦ, WI-FI, фен, тераса)
Депанданс 2 (располага со 20 соби, опремени со кабелска ТВ, ТВЦ, WI-FI, фен, тераса)
Депанданс 3 (располага со 20 соби, опремени со кабелска ТВ, ТВЦ, WI-FI, фен, тераса)
Вили (нови, прекрасно уредени, за престој на максимум 4-6 лица, 2 спални соби, дневен престој, кујна, ТВЦ, кабелска ТВ, WI-FI, тераса)

                                       Ценовник 2021

ХОТЕЛСКИ СОБИ Нокевање со појадок Полу пансион Полн пансион
Двокреветна соба 22€ 24€ 26€

      

ДЕПАНДАНС                 Нокевање со појадок Полу пансион Полн пансион
Соби во Депанданс  1-2 25€ 28€ 30€
Двокреветна соба 25€ 28€ 30€

                                            

АПАРТМАН Апартмани големи Апартмани помали Еднокреветна
Цената е на ден  за спрат од вила 65€ 49€ +30%
  • Цените се однесуваат за едно лице во соба.
  • Во цените е вклучена туристичка такса и 5% ДДВ.
  • Доплата за дополнителен оброк 7 €
  • Деца до 5,99 години гратис.
  • Деца од 5,99 до 10 години 50% попуст при ноќевање.
  • Трето лице во соба 30% попуст
  • Секој оброк за деца од 1 до 12 години се наплаќа по редовна цена од 5 €

СЛИКИ : 

УСЛОВИ:
– Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на
аранжманот и копија од лична карта.
– Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
– Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
– Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови – бесплатно; помалку од 7 денови 50%, еден ден пред доаѓање 100%

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ