ХОТЕЛ МОЛИКА – ПЕЛИСТЕР НОВОГОДИШНА ПОНУДА 2021
Хотел Молика (Hotel Molika)

ХОТЕЛ МОЛИКА – ПЕЛИСТЕР

НОВОГОДИШНА ПОНУДА 2021

Најсвечените мигови во пресрет на Новата 2021 година поделете ги со своите најблиски и најмили во хотелот Молика на Пелистер , сместен во прегратките на најубавиот зимско планински центар во Македонија – Националниот Парк Пелистер , Битола.

Дозволете, ние да се погрижеме за Вашето празнично расположение во деновите исполнети со радост и благосостојба.

За дочекот на Новата 2021 година хотелот Молика ги нуди:

 

Услуга-Новогодишен аранжман Цена:
 5 полни пансиони 9.200 ден
 4 полни пансиони 7.360 ден
3 полни пансиони 5.520 ден
2 полни пансиони 3.680 ден
Пансионска услуга 31.12-01.01.2021год 1.840 ден
Полу пансионска услуга 31.12-01.01.2021год 1.470 ден
Пансионска услуга 01.12-02.01.2021год 1.840 ден
Полу пансионска услуга 01.01– 02.01.2021год 1.470 ден

 

Забелешка:

  • Новогодишниот аранжман предвидува пансионско сместување без вклучени свечени вечери шведски маси за доручек и ручек или музички забави согласно мерките за превенција и ширење на вирусот КОВИД 19 .
  • За време на новогодишните празници за терминот од 31.12.2020 година до 03.01.2021 година нема да важат попустите од 30% за вработените на АД ЕСМ и Подружниците , МЕПСО и ЕВН.
  • За време на новогодишните празници за терминот од 31.12.2020 година до 03.01.2021 година нема да важи попустот за 3 дена престој.
  • За деца на возраст од 5-12 години кои користат ресторантски услуги и услуги за сместување одобруваме 30 % попуст.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ