Хотел Панорама-Крушево

 

Хотел Панорама-Крушево

Хотелот располага со 20 соби и апартмани: 12 двокреветни, 2 трокреветни и 6 апартмани. Сите се со панорамски поглед кон Крушево… Освен еден Јуниор апартман, кој е со поглед кон буковата корија. Вкупниот капацитет на хотелот е 52 гости. За бебиња 0-2 години, во собата на Ваше барање, се поставува детско креветче. Во зимската сезона, користењето на жичарницата и ски лифтовите се бесплатни за гостите на хотелот. Хотелот располага со ресторан, внатрешен базен, спа центар, бесплатен интернет на цела територија на хотелот и ски соба за вашата опрема за скијање. Големите стаклени површини на ресторанот Алто ви откриваат неверојатен поглед кон Крушево, кон боровата шума и кон облаците. Традиционалните јадења Ви ја топлат душата, а интернационалното мени ве шета низ светот. Сите јадења се приготвени по највисоките гурмански стандарди, со голем мајсторлук од нашите врвни готвачи. За вистинска релаксација ве очекува спа центарот со внатрешениот базен кој има фантастична панорамска глетка кон Крушево и стаклен покрив кој ви овозможува постојано да го гледате и небото. Опремен е со хидраулични лежалки, џакузи, топли лежалки и финска сауна. За целосно опуштање, можете да изберете од различните видови масажи: релакс масажа, спортска, медицинска, масажа на стапала и масажа на лице. А за нега на вашето лице и тело, почестете се со некој од повеќето третмани со врвната козметика БАБОР (третман на лице со алги, salt aroma grow третман на тело, лифт експрес третман на лице, Клеопатра третман на тело или витамински коктел за зацврстување и заштита на кожата).

 

Ценовник за зима 20.12.2020 – 10.03.2021

Тип на соба: Цена за две лица:
Еднокреветна 80€
Двокреветна 90€
Супериор 100€
Јуниор апартман 120€
Делукс апартман 140€

 

Во цената е вклучено:

  • Доручек,
  • Користење на СПА центарот,
  • Интернет, телевизија,
  • Паркинг,
  • ДДВ, туристичка такса, осигурување и вода по собите,
  • 10% попуст во Lounge Bar Alto кој се наоѓа на ски терените во Крушево,
  • Карта за жичарата и ски опрема.

 

Доплати:

  • Трето возрасно лице во супериор, јуниор и делукс апартман 10€ по ноќ
  • Две деца, за деца до 8 години бесплатно
  • Деца над 8 години – 10 € по дете по ноќ.
  • Дополнителен оброк ручек или вечера 10 € по лице
  • Сет мени(предјадење, главно јадење, десерт и еден безалкохолен пијалок)
  • Деца до 8 години се доплака 5 € и добиваат пола порција.
  • Деца над 8 години е 10 € по лице.

СЛИКИ:

 Политика на откажување:

-Повеќе од 7 дена пред пристигнување-без пенали.

-3 дена пред пристигнување, 100% од првото ноќевање за откажаната соба ќе биде наплатено.

-Во случај на не појавување(no-show) 100% од првото ноќевање ќе биде наплатено.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ