You are currently viewing Етно цело СТАНИШИЌИ – 1ви Мај 2024

1-ви МАЈ во “ЕТНО СЕЛО СТАНИШИЌИ“ – БиХ
НОВИ САД – БЕЛГРАД

02.05.2024 – 04.05.2024 / 2 ноќевања со појадок

Слушајќи го чврчорењето на птиците, жуборот на потоците и разгорувањето на водената воденица, овде човекот ги опушта очите и душата и станува помудар и поблагороден.
На третиот километар од Бјелина кон мостот Павловиќ, во срцето на рамнината Семберија, семејството Станишиќ го изградило етно селото Станишиќи на површина од 15 хектари. Етно селото Станишиќи е село со околу 20 автентични дрвени куќи, вклучувајќи млекарница, воденица, ковачница, „амбар“ (дрвена житница), стари куќи и голем гостински дом, сите донесени таму од селата. од општина Вареш и селата планината Звијезда и планината Романија, од соседните општини.
Хотел „Рас“ е луксузен хотел со 5 ѕвезди и изграден според највисоките европски стандарди на проектирање и градба. Хотелот располага со осумдесет луксузно опремени и комфорни сместувачки единици (капацитет до 160 гости), кои се состојат од еднокреветни, двокреветни, трокреветни соби и апартмани. Сите соби се опремени со модерен мебел, имаат централна клима, мини-бар, сеф, бесплатен интернет, LCD телевизор и телефон.

1 ден.01.05.2024  БИТОЛА – КАВАДАРЦИ – ЕТНО СЕЛО СТАНИШИЌИ
Состанок на групата во 19:45 часот на паркингот пред спортската сала во Битола. Поаѓање во 20:00 часот. Во Кавадарци на булеварот кај гранична полиција во 21:15 часот. Во 21:30 часот поаѓање за Босна и Херцеговина. Се патува преку граничниот премин Табановце  Р.Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.
2 ден 02.05.2024 ЕТНО СЕЛО СТАНИШИЌИ
Пристигнување во Етно село во утринските часови. Сместување во хотел Рас 5*. По сместувањето во хотелот  цел ден е предвиден за одмор и релаксација со сите содржини што ги нуди Етно село Станишиќ. Ноќевање.
3 ден 03.05.2024 – НОВИ САД
Појадок. После појадокот предвидена е целодневна факултативна посета на Нови Сад. Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Разглед на градот: “Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” – една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад – “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Слободно време за ручек. Во 17:00 часот поаѓање на групата за Етно село Станишиќи. Ноќевање.
 4  ден 04.05д.2024 ЕТНО СЕЛО СТАНИШИЌИ – БЕЛГРАД – КАВАДАРЦИ – БИТОЛА
Појадок. После појадокот напуштање на собите. Се упатуваме за Белград. Пристигнување во Белград околу пладне. Слободно време од 2 часа за прошетка по Теразије и Калемегдан. Потоа продолжуваме до Шопинг центарот во Ушќе. Слободно време за шопинг и ручек. Во 17:00 часот поаѓање на групата за Македонија. Пристигнување во Македонија наредната ден во утринските часови.

Цена на ранжманот: 159 € / 9.858,00 денари

СЛИКИ:

Во цената на арнжмано вклучени се следните услуги:

  • Превоз на наведената релација со високотуристички автобус
  • Сместување во 1/2 и 1/3 соби во Хотел“РАС 5*“ – Етно село Станишиќи на база 2 ноќевања со појадок.
  • Посета и шопинг во Белград
  • Лиценциран придружник од агенцијата за цело време на патувањето

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Целодневна факултативна посета на Нови Сад – 30 €. Потребен е минимум од 30 патници
  • Целодневно користење на Wellness&Spa центар LEONIDA – 11 € по лице се плаќа на лице место
  • Организиран ручек во ресторан во Нови Сад
  • Се друго што не е напоменато во програмата

НАПОМЕНА: За ова патување е потребен минимум од 40 патници. Доколку бројот на патниците е помал организаторот на патувањето има право да го откаже истото на 5 дена пред поаѓање, на патниците ќе им бидат вратени уплатените средства. Патниците е потребно да поседуваат нови Патни Исправи ПАСОШ со Р.С.М За ова патување важат Општите услови за патување пропишани од СКТМ и Т.А.“С-ТРАВЕЛ“. Со истите сте запознати и можете да ги прочитате на нашата Веб страна или да ги побарате во агенција.

Wellness&Spa центар  LEONIDA
Покрај етно-музеј, неколку ресторани, хотели, планински кабини и свечени сали, како и стадионот и спортските објекти, етно селото Станишиќи има новоизграден, современ и модерен Wellness & Spa центар „Леонида“, во рамките на површина од над 3.500 m².
Велнес-центарот вклучува затворен базен со палубата за сончање, био и финска сауна, парна бања и турска бања (хамам), тепидариум, Кнеип, буре за ладење, влечна кофа, фитнес центар, солариум, како и фризер и салон за убавина.
Внимателно ја избравме понудата на третмани за лице и тело, масажи, велнес и спа ритуали, медицински спа третмани за лице и тело со цел да го претвориме вашиот престој во нашето етно село во незаборавно искуство.
Препуштете се на сите ваши сетила…

Отказ на резервации:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на (представникот). Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ