11ти Октомври – Сараево – Сигурна Реализација

11ти Октомври – Сараево

Мостар – Меѓугорје – Вишеград – Мокра Гора

5 дена / 2 ноќи / автобус

1 ден 10.10.2019(четврток) Кавадарци/ Скопје

Поаѓање за Сараево во 18.00часот од Кавадарци од пред Гранична Полција,во 19.30 часот од Скопје,паркинг пред хотел Вип.Се патува преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности

2 ден 11.10.2019( петок ) Сараево

Пристигнување во Сараево кој поради својата долга и богата историја на верска и културна разновидност е познат и како „Ерусалим на Европа“. До крајот на XX век, градот бил единствениот голем град во кој имало изградено синагога, православ на црква, католичка црква и џамија во иста населба.Разглед на градот со локален водич : градската општина, Башчаршија,Којунџилук, посета на најстарата православна црква во Сараево, Катедралата, посета на Латинскиот Мост (кадешто бил извршен атентатот врз Франц Фердинанд кој довел до избувнувањето на Првата светска војна), Величествената Газихусбергова џамија.Слободно време за индивидуални прошетки низ Сараево.Сместување во хотел.Ноќевање

3 ден 12.10.2019 (сабота) Сараево Меѓугорје Мостар Сараево

Појадок.По појадокот можност за фалкутативен излет до Мостар и Меѓугорје. Попатно посета,на камената ќуприја во Коњиц,срушениот мост од втората светска војна познат како битка на Неретва. Потоа продолжуваме кон Меѓугорје – местото кое стана познато католичко свето место по изјавите на неколку локалци дека таму се прикажал ликот на Марија Богородица. Првото такво сведочење било во 1981 година, а оттогаш во овој херцеговски град се развива верскиот туризам. Напуштање на Меѓугорје и поаѓање кон Мостар , градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностит е и спротивностите можат да се видат и почуствуваат на секој агол. Посета и прошетка на: стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, отоманските резиденции од XVI -XIX век, Саат кулата, Караѓорѓева џамија, Коски Мехмед -Пашина џамија.Во попладневни часови враќање кон Сараево. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање

4 ден 13.10.2019 ( недела) Сараево –Вишеград -Мокра Гора –Скопје / Кавадарци

Појадок. Поаѓање кон Македонија со попатна посета на Вишеград –Град сместен на бреговите на реката Дрина и Рзав и е најпознат по славниот мост –мостот на Дрина. Факултативен разглед  на Вишеград со крстарење со брод со локален водич,Посета на Андричград, град кој го изгради Емир Костурица во чест на познатиот писател и нобеловец Иво Андрич.По посетата продолжуваме кон Мокра Гора.Пристигнување во Мокра Гора. Факултативна посета на  Музејот на отворено -Дрвениот град на Емир Костурица.Слободно време за разглед. Ноќно возење со попатни одмори.

5 ден 14.10.2019 (понеделник) Скопје / Кавадарци

Пристигнување во Скопје/Кавадарци во утринските часови.

РЕДОВНА ЦЕНА: 5.690,00 

за уплата до 15.09.2019 = 5390,00

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз со туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел ITALIA 3 *  ( hotelitalia.ba ) во Сараево
  • разглед на Сараево со локален водич
  • организација и водство на програмата со лиценциран придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • факултативен излет до Меѓугорје и Мостар –15евра ( минимум 35 лица за реализација, пријавување при резервација на аранжманот)
  • влезница за посета на Дрвен Град во Мокра Гора -250 динари или 2.5 евра ( се плаќа на лице место)
  • ФАКУЛТАТИВНА ПОСЕТА НА НАЦИОНАЛЕН РЕСТОРАН ЖИВА МУЗИКА ТАМБУРАШИ И СВЕЧЕНА ВЕЧЕРА: ТЕЛЕШКО ПЕЧЕЊЕ ПОД САЧ; ПРЕДЈЕЛО- КАЈМАК,ПРШУТ И СИРЕЊЕ,ДЕСЕРТ И ПО ЕДЕН ПИЈАЛОК : СОК, ПИВО, ЧАША ВИНО – 25 € ( минимум 35 лица, пријавување при резервација на аранжманот )
  • Посета на Бункерот на Тито – 10 € ( минимум 35 лица, пријавување при реализација на аранжманот )
  • Во Вишеград факултативно крстарење со брод по Дрина со локален водич – 5 € по лице
  • патничко осигурување –200 ден( задолжително)
  • влезници за културно-историските споменици

НАПОМЕНА

  • За реализација на аранжманот потребен е минимален број 45 платежни патници.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  • Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица (во зависност од факултативата). За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации
  • Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. агенцијата не сноси одговорност.
  • Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци или доколку не се оствари минималниот број на патници.
  • Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
  • Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
  • За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови за патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ