11ти Октомври – Интерхотел 4* – Сандански, Бугарија

11ти ОКТОМВРИ – ИНТЕРХОТЕЛ 4*- САНДАНСКИ, БУГАРИЈА

(2 НОЌЕВАЊА – 3 ДЕНА)

Сандански е град на југозападот на Бугарија, во подножјето на Пирин планина на само 40 км од Македонската граница. Овај регион има најтопла клима во Бугарија и најмногу сончеви денови во годината. Тука се наоѓаат над 80 минерални извори со температура од 33°С до 83°С со ниска минерализација и успешно се користат за третмани на најразлични болести.

Интерхотел Сандански е најголемиот медицински центар за балнеологија и рехабилитација на Балканот и е сместен во самиот центар на градот на главната пешачка улица.

11.10.2019 (Петок) – Битола-Прилеп-Кавадарци-Валандово-Струмица-СанданскиПоаѓање во 06.00 ч. од Битола/Скопје за Сандански преку Струмица и Петрич (попатни одмори, царински формалности), продолжување кон Сандански. По пристигнувањето сместување во избраниот хотел. Слободно време, можност за користење на СПА центарот. Ноќевање.

12.10.2019 (Сабота) – Сандански

Појадок. Слободно време за користење СПА центарот, индивидуални прошетки, шопинг…Ноќевање.

13.10.2019 (Недела) – Сандански-Струмица-Валандово-Кавадарци-Прилеп-Битола

Појадок. Одјавување од хотелот до 12.00 ч. (локално време) Поаѓање кон Македонија (попатни одмори, царински формалности) пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Тип на соба Капацитет 2 ноќевања со појадок
Еднокреветна  ЛУКС 1 возрасен 115
Двокреветна  ЛУКС 2 возрасни + 1 дете до 15.99 г. + 1 дете до 3.99 г. 170
Студио  (2 лица) 3 возрасни + 1 дете до 11.99

Г. + 1 дете 3.99

230
Апартман фемили  (2 лица) 3 возрасни + 1 дете до 15.99 г. + 1 дете до 3.99г. 260

***ДОПЛАТА ЗА СМЕСТУВАЊЕ НА ДЕТЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА (ЗА 2 НОЌЕВАЊА)

дете 4-11.99 г. на редовно легло

 

                            50
дете 4-11.99 г. на дополнително легло

 

                            24
дете 12-15.99 г. на дополнително легло

 

                            56

***Цените се во дадени во евра, плаќањето се врши во денари 1 € = 62,00 мкд

Во цената Е вклучено :

  • 2 ноќевања со појадок 
  • Бесплатна користење СПА центар, отворени базени, затвроен базен, сауни, турска бања, фитнес…;
  • Бесплатен интернет; паркинг; туристичка такса…
  • Дете до 3,99 год – бесплатно (не користи легло плаќа само превоз доколку користи )

Во цената НЕ Е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Превоз
  • Неспомнати услуги

Доплата за превоз од:

  • Битола, Прилеп, Дреново, Неготино, Струмица – 25 €,
  • Охрид, Струга, Сирково, Скопје, Велес, Кичево – 35 €,
  • Дете 02-12 г.- 15 €

Напомена: Хотелот не прима домашни миленици

СМЕСТУВАЊЕ И НАПУШТАЊЕ НА СОБИТЕ:

Сместување во собите по 14:00 ч. (локално време)

Напуштање на собите до 12:00 ч. (локално време)

РАЗГЛЕДИ во близина на Сандански

  • Рилскиот манастир,еден од најголемите манастири во Бугарија. Изградена во 30-тите години на Х век. Денес Рилскиот манастир е дел од светското наследство на УНЕСКО, со својата автентична атмосфера, бесценети икони и резби, привлекува посетители од целиот свет. Рилски манастирот се наоѓа меѓу миризливи борови шуми на планината Рила, 63 км. од градот Сандански.
  • Мелник–“градот на виното” е најмалиот град во Бугарија со население од само 230 жители. Мелник е место со богато историско наследство, пријавен за културно-историски резерват и градски музеј. Мелник исто така е прочуен по своите висококвалитетни вина. Мелник е оддалечен 20 км. од Сандански.
  • Рожденски манастир, 7 км. од Мелник, е вториот по големина манастир во Бугарија по Рилскиотманастир. Со своите уникатни резби и витраж, тој е вистински ремек-дело на средниот век.
  • Природниот резерват Рупите со својата уникатна природа, фауна и термални извори е на само15 км. од Сандански. Во Рупите можете да ја посетите куќата на најпознатиот бугарски пророк Ванга.Во самата близина по волјата на баба Ванѓа, во 1992 година е изграден храм-споменик “Света Петка Бугарска” – еден од 100-те национални туристички објектот во Бугарија. Рупите е кратер на угаснет вулкан. Постојат остатоци од древниот град Хераклеја Синтика.

Напомена:

  • За реализација на овај аранжман со организиран превоз, потребен е минимум од 40 платежни патници.
  • Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, условите во хотелот,
    недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот, и да ги извести пријавените патници 5 дена пред поаѓањето.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, застој во сообраќајот,
    затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето!
  • Организаторот не е надлежен да ја цени исправноста на патните документи.
  • При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот – аванс.
  • Остатокот од аранжманот се доплатува на 7 дена пред поадаѓање.
  • Хотелот прифака рекламации во рок од 48 ч. За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан од страна на гостинот и од овластените во хотелот.
  • Со оваа програма важат Општите услови за патување на Т. А. С-ТРАВЕЛ