23ти Октомври 2023 – Санторини
Монденски, незаборавен, традиционален…остров кој ќе ве остави без здив, најромантичниот остров на светот Санторини! Издигнувајќи се од сините води на Егејското море, тркалезниот архипелаг на вулкански острови, 200 километри југоисточно од копното на Грција, со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце. Како што рековме, Санторини се наоѓа во Егејското море и припаѓа на групата острови Киклади. Опфаќа територија од околу 96 км2, должина на обала од околу 69 км. Западната страна на островот, онаа која е свртена према вулканот е карпеста и стрмна и се вика KALDERA. На југоисточниот дел се наога варовитовулканска планина MESA VOUNO со највисок врв Prophifitis Ilias. Климата е умерена и е медитеранска. Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi, а во текот на зимата температурата никогаш не пага испод 10 степени. Дожд врне понекогаш во зима, а во текот на летото нема врнежливи денови.
1 ДЕН (19.10.’23 – четврток) : БИТОЛА Состанок на групата на Градската Автобуска станица во 16.00 часот. Поаѓање за Грција во 16.15 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Птолемаида, Вериа, Катерини, Ламиа…ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.
2 ДЕН (20.10.’23 – петок) : ПИРЕА – САНТОРИНИ Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови. Слободно време за краток одмор. Во 06.30 часот – трансфер на траект и поаѓање за Санторини во 07.30 часот. Планирано пристигање на Санторини околу 15.30 часот. Сместување во хотел. Слободно време за одмор или уживање на плажата во Камари/Периса…Во вечерните часови –прошетка низ ФИРА главниот град на Санторини, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за ноќно фотографирање. Во полноќните часови со нашиот автобус, враќање во Камари/Периса. Ноќевање.
3 ДЕН (21.10.’23 – сабота) : САНТОРИНИ Појадок. По појадокот – Ви нудиме целодневен факултативен излет…посета на Акротири, последните остатоци од Миноанската цивилизација, место кое многумина го споредуваат со Помпеа, затрупано со вулканска лава во 2-от век п.н.е. Можност за посета на прекрасно сочуваните куќи, скали, улици кои го краселе тоа место тогаш…посета на „црвената плажа“, можност за фотографирање…патувањето продолжува кон бродото Профитис Илиас – највисоката точка на островот, можност за прошетка низ главното двориште на истоимениот манастир…стигнуваме до градот Фира – главниот град на островото, уникатно место на светот, единствено по своите бели куќички со сини покриви и сводови…слободно време за индивидуален разглед на местото истражувајќи го истото низ неговите тесни улички како од бајките и нивните продавници за сувенири…во касните попладневни часови – Ве водиме во Oia (Иа)… можеби сте слушнале, можеби сте гледале на слики, сега е време да ја почувствувате магичноста на едно од најпознатите светски залези на сонцето кое се случува токму на тоа место…питорескната Иа, изградена на северниот дел од Калдера од каде се гледа остатокот на островот и Егејското море била испирација за многу поети, сликари и писатели…враќање во хотелот во вечерните часови. Слободно време, или посета на некој од ноќните барови во Камари/Периса. Ноќевање.
4 ДЕН (22.10.’23 – недела) : САНТОРИНИ Појадок. По појадокот – слободно време или факултативно крстарење…посета на Неа Камени (новонастанатиот вулкан ПЕС – обавезна доплата од 2,5 € за искачување до врвот на истиот на лице место) – можност за фотографирање покрај активниот кратер…продолжуваме кон островот Тирасија, можност за кафе-пауза или ручек во таверните кои се поставени на самото море…крстарењето продолжува кон Палиа Камени (стариот вулкан), каде ќе имате можност за капење во термалните води…пловидбата продолжува долж сртот на островот, од каде се гледаат градовите Иа и Фира…враќање во хотел. Ноќевање.
5 ДЕН (23.10.’23 – понеделник) : САНТОРИНИ – ПИРЕА – БИТОЛА Појадок. По појадокот – одјавување и заминување од хотелот околу 12.00 часот. Факултативна посета на на најубавата и една од таков вид винарија во Грција – Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во должина од 300 метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите 14 генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес. По посетата на винаријата околу 14 часот, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на фери. Денско и ноќно пловење према Пиреа. Пристигнување на пристаниште во Пиреа околу 23:30 часот. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во раните утрински часови – наредниот ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 14.820,00 ден. (239 €)
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација; 3 Н/П во хотел со 3* во Камари/Периса; трансфер со брод на релација Пиреа-Санторини-Пиреа; трансфер со автобус од пристаниште во Санторини – хотел – пристаниште; пратител на група; ТРАНСФЕР на патници без надокнада од Куманово, Скопје, Велес, Кавадарци, Прилеп, Охрид, Струга; организација – водство и реализација на аранжманот;
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици; патничкото осигурување (210,00 денари по лице). ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА : Целодневен излет низ Санторини – 40 € по лице (автобус + водич – минимум 30 лица); крстарењето со брод – 40 € по лице (трансфер + брод + водич – минимум 30 лица); посета на винаријата – 20 € по лице (трансфер+резервација+влезница+дегустација на вина);
ДОПЛАТИ :
– Доплата за еднокреветна соба : 55 € (3.410,00 ден.)
– Прво дете до 7 год. кое не користи кревет, а е со 2 возрасни лица – плаќа само превоз+брод : 130 € (8.060,00 ден.); Второ дете до 11,99 години со 2 возрасни лица – плаќа 80% од цената за ворасен
– Туристичката такса (3 € по лице за целиот престој) се плаќа на лице место
НАПОМЕНА :
– За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
– Комплетна уплата на аранжманот треба да се реализира најкасно 10 дена пред поаѓање;
– Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
– Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Р.Грција, пасошот треба да важи минимум 3 месеци од денот на враќање, во спротивно можно е патникот да не биде пуштен на територијата на Република Грција. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата граница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до градовите од каде што се патниците.
– Агенцијата/Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле аранжманот немаат право на надомест на средства во разлика на цена.
– Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
– Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
– Хотелите се со 2*или 3* (Периса или Камари) се одредуваат во зависност од големината на групата. Во кој хотел ќе бидат сместени патниците ќе бидат информирани 5-7 дена пред тргнување, но агенцијата има право за промена на хотелот во случај да добие подобра категорија на хотел од претходно понудениот.
– Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби.
– Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на сатница закажана однапред од страна на агенцијата).