You are currently viewing 11ти Октомври – Атина

11ти Октомври – Атина

ТЕРМИН:

  • 08.10 – 11.10.2021

ПРОГРАМА:

ПРВ ДЕН – ПЕТОК (08.10) СКОПЈЕ –АТИНА

Состанок на групата на Дрводекор во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот, преку граничен премин Евзони. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

ВТОР ДЕН – САБОТА (09.10) АТИНА

Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамски разглед на градот со локален водич, разгледување на најпознатите плоштади Омонија, Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол (факултативно). Влезница за посета ова најзначајно здание во Атина е 20евра и е по желба. Се плаќа на лице место.

ЗОШТО АКРОПОЛ?

Кога ќе се спомене стара Грција, веднаш ве асоцира на Атина, на Акрополот со неговите познати храмови, на совршениот склад на убавината и беспрекорноста, на “симбол на вистинскиот хуманизам“, на центарот на класичниот свет.

Според преданијата, Athena и Poseidon некогаш се спореле околу превласта над градот Атина. Poseidon ја докажувал својата сила удирајќи со својот тризабец по карпата Акропол, а веднаш после тоа од истото место започнало да извира вода. Божицата Athena, после тоа, на голата карпа засадила маслиново дрво кое веднаш почнало да цвета. Poseidon, признал дека бил победен, а светото маслиново дрво на божицата Athena го бранела Акрополот од сите надворешни напади. Врз основа на докази, утврдено е дека жолто-сината карпа од вар, која се издигнувала 156 метри над морето, а 80 метри над Атина била наречена Акрополис – овој назив значи “Горен град“ и многу често бил користен за ископувања и за истражување на стара Грција – уште од неолитско време, пред 4000 години, се смета дека бил создаден. Првата утврдена палата, била изградена во времето на микенската цивилизација. Остатоците на ѕидините од тоа време, околу 1200 години пред нашата ера, останале зачувани. Грците во шестиот век пред нашата ера, меѓу останатото, изградиле и еден храм посветен на божицата Athena, монументална влезна врата и светилиште на богот Nike. На сите овие градби, не им било судено да опстанат долго време. Персијците во периодот од 480-479 година, ги срамниле со земја. Temistokle и Kimon наредиле да се израмнат само рововите и повторно да се изградат. Како материјал ги користеле остатоците од старите храмови. Подоцна ископувањето овозможило да се здобијат со драгоцени податоци за изгледот на првите грчки градби на Акропол. Меѓу останатото, биле пронајдени склуптури од старите храмови обоени во јаки бои. Војсководецот и диктаторот Perikles, од 461 година пред нашата ера, владеел со Атина и наредил на ридот Акропол да се изградат градбите на чии што остатоци и ден денешен се воодушевуваме. Во 448 година, била основана комисија на градители, меѓу кои биле истаканати вајари – меѓу нив и Fidij – архитекти и сликари. Сојузната благајна била против повторното градење, бидејќи биле потребни огромни количини на парични средства за реализација на овој проект.

Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

3 ДЕН НЕДЕЛА (10.10) АТИНА-ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Целодневен излет на Пелопонез (факултативно). Одиме во посета на Коринтскиот канал, познатиот канал кој го дели полуостровот Пелопонез од грчкото копно, односно ги поврзува Саронскиот со Коринтскиот Залив во Егејското Море, со само 21,3 метри во ширина и е еден од најтесните поморски канали во светот, кој претставува вистинска туристичка атракција во светски рамки. Коринтскиот Канал е долг 6,4 км, висок 63 м, но поради неговата „кнап“ ширина им претставувал ноќна мора на многу капетани на бродови кои морале да минуваат низ него. Името го добил по блискиот град Коринт кој се наоѓа во западниот краен дел на каналот.

Следува посета на најакустичниот амфитеатар од Античка Грција – Епидаурус. Грчкиот географ Паусанија, од вториот век н.е., напишал дека во Епидаурус‚ се наоѓа најзначајниот театар на античкиот свет. Иако римските театри се повеличествени и поимпозантни, ниеден архитект не може да се натпреварува со убавината и складноста на театарот во Епидаурус, кој бил откриен од страна на љубопитен грчки археолог во 19 век и започнале ископувања. По шест години напорна работа, ископувањата изнеле на виделина еден импозантен, речиси неоштетен театар. Според археолозите, овој театар го изградил некаде околу 330 пр.н.е. Поликлет Помладиот, прочуен вајар и архитект од блискиот град Аргос. Современиот архитект Манос Перакис го одразува општото гледиште на истражувачите кога го нарекува Епидаурус „најпрочуен и најзачуван грчки театар“.

Откривањето на театарот во Епидаурус е важно и за археологијата и за архитектурата. Додека повеќето од преостанатите антички театри претрпеле делумно уништување или биле реконструирани, театарот во Епидаурус останал неоштетен низ вековите затоа што бил на сигурно, покриен со повеќе од 6 метри земја.

Театарот во Епидаурус е прочуен по својата извонредна акустика. „И најмалиот звук — длабок здив или кинење хартија — може јасно да се чуе дури до последниот ред седишта“, вели професорот по археологија С. Е. Е. Јаковидис.

Кога го посетуваат овој театар, многу туристи сакаат да застанат на средината на оркестарот и да рецитираат поеми, да пеат песни или да им шепотат на своите пријатели кои седат во највисоките редови. Тие се импресионирани од извонредниот начин на кој звукот се пренесува до секој ќош од овој голем аудиториум.

За ваквата добра акустика е заслужен амфитеатарскиот, полукружен облик на театарот во Епидаурус.
ЦЕНАТА НА ВЛЕЗНИЦАТА ВО ТЕАТАРОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНА ВО ПАКЕТОТ И Е ПО ЖЕЛБА – 5 евра по лице (цената е променлива во зависност од политиката на надлежните)

По овој неверојатен театар, следува посета на уште поневеројатен град, гратчето Нафплион – Првата престолнина на Грција. Се наоѓа во периферијата Пелопонез. Градот Нафплион е значаен во историјата на современа Грција како нејзина прва престолнина во периодот од 1829 до 1834 година, за подоцна градот Атина да ја превземе оваа улога. Градот е сместен на мал полуостров на врвот на Арголискиот залив. Денес, овој шармантен град претставува важен туристички центар во Грција, кој привлекува голем број на туристи поради прекрасната архитектура, малите тесни сокачиња. Слободно време за прошетка или кафе.

Денот го завршуваме со посета на Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и гробницата на Агамемнон. Позната како дом на легендарниот крал Агамемнон кој Грците ги повел во Тројанската војна. Кралскиот гроб кој го има откриено Шлиман успеал да зачува големи богатства, меѓу кои најзначајното е позната златна посмртна маска. Овој антички град не без причина се нарекува лулка на Грција. Тој е максимално исполнет со духот на античките херои кои извршиле подвизи во име на боговите на Олимп, како и невиден луксуз, на кој би можеле да позавидат сите царства на светот.

ЦЕНАТА НА ВЛЕЗНИЦАТА ЗА МИКЕНА ЧИНИ 12 ЕВРА ПО ЛИЦЕ (не е задолжителен влез)

Во вечерните часови предлагаме прошетка на Монастираки, Плака или најпознатата улица Ерму, популарна за шопинг.

Ноќевање.

4 ДЕН ПОНЕДЕЛНИК (11.10) АТИНА-ПИРЕЈА-СУНИОН-СКОПЈЕ

По појадокот се одјавуваме од хотелот и одиме на прекрасен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион – најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон, како и омилена точка за дочекување на зајдисонцето на атињаните. На околу еден час возење од Атина, со филмски сцени, се стигнува до Сунион. Иако неговата позната статуа е одамна е безбедно затворена во Националниот археолошки музеј во Атина, големиот Посејдон не бара бронзен реквизит за да се осети неговото присуство.

ВЛЕЗНИЦАТА ЗА ХРАМОТ НА ПОСЕЈДОН Е 4 евра.

По посетата, патувањето продолжува кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи. Пристугнување во раните утрински часови.

ЦЕНА:

109€ ПО ЛИЦЕ!!!

Цената вклучува:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • 2 ноќевања во хотел 3* со појадок
  • Организација на аранжманот и пратител на групата

Цената НЕ вклучува:

  • Задолжително патничко осигурување
  • Разглед на Атина со водич – 15 € (можност за посета на Акропол – Пантеон чија влезница е 20евра – не е задолжително)
  • Посета на Пелопонез – Коринтскиот канал, театарот Епидаурус (дополнително по желба се плаќа влезница за театарот 5евра), градот Нафплион, Микена (дополнително се плаќа влезница по желба 12 евра) – посета заедно со водич – 30 €
  • Посета на Пирејa и Сунион со храмот на Посејдон – 15 € (влезница за храмот на Посејдон е 4€, по желба)
  • Влезници за локалитетите и други факултативни посети
  • СПЕЦИЈАЛНА ЦЕНА ЗА ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИТЕ СО РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА, НАМЕСТО 60 евра, СЕ ПЛАЌААТ 50 евра ВО АВТОБУС

Доплата и попусти:

  • За сингл соба се доплатуваат 45 евра дополнително од аранжманот
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50 евра

ОПИС:

Главниот и најголем град во Грција, Атина често пати се нарекува колевка на западната цивилизација. Таа е еден од најстарите светски градови чија историја бележи преку 3400 години. Се смета за зачеток на демократијата. Атина е центар на економскиот, политичкиот и културен живот во Грција, родно место е на Сократ, Перикле, Софокле и други значајни филозофи, писатели и политичари. Таа е еден од главните светски центри за архиолошки истражувања. Ова популарно туристичко место има дури 148 театри.

Името го добил по грчката божица на мудроста Атина. Посетете ја Атина за 11-ти октомври и уживајте во овој неверојатен град

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета, државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети и сл.
  • Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе.
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • 2 дена пред започнување на аранжманот Агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање.
  • Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со бројот на резервација со пријавувањето на патниците со авансната уплата. Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€ по лице (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
  • Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници
  • Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. За ова патување е потребен брз тест, доказ за прележан вирус или целосна вакцинација. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ