11ти Октомври – Азурен Брег – Сигурна Реализација

11ти Октомври – Азурен Брег (Милано, Ница, Сент Тропез, Кан, 1з, Монако, Монте Карло)

Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови… Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот… Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот… Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег – најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата…

1 ДЕН 08.10.2019 СКОПЈЕ – МИЛАНО:

Состанок на група во 10 00ч.  Поаѓање во 10:30 часот од паркингот спроти салата Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ДЕН 09.10.2019 МИЛАНО:

Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (2 часа)за  шопинг. Патувањето продолжува кон Милано. По пристигнувањето, одиме на организиран разглед на градот(факултативно): тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот… Слободно време за индивидуални прошетки .  Сместување во хотел.  Ноќевање.

3 ДЕН 10.10.2019 МИЛАНО – НИЦА :

Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во пладневните часови, прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата…  Сместување во хотел.  Ноќевање.

4 ДЕН 11.10.2019  НИЦА – АНТИБ  – КАН:

Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб и гламурозниот Кан. Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, а потоа продолжуваме со посета на монденскиот Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината…   Враќање во Ница во попладневните часови. Слободно време. Ноќевање.

5 ДЕН 12.10.2019 НИЦА –– ЕЗ – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО – СКОПЈЕ: 

Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме целодневна посета на Монако и Монте Карло со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… продолжуваме по патеката на F1( пешки), посета на Монте Карло со познатите коцкарници.Слободно време за посета на казината. Поаѓање кон Македонија во вечерните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

6 ДЕН 13.10.2019 СКОПЈЕ: 

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО  07.09.2019 :   205€ / 12.710 ден

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  219€ / 13.580 ден

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во Милано(околина) во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок,
  • Сместување во Ница во Хотел Azurea 3*, на база 2 ноќевања со појадок,
  • Разглед на Ница,
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување
  • Разглед на Милано – пешачка тура со локален водич (10€)
  • Посета на Ез, Монако и Монте Карло (25€)
  • Посета на Кан и Антиб (30€)
  • Туристичка такса во Милано (5€ по лице, се плаќа во агенција)
  • Туристичка такса во Ница (1.5€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 4,400 ден

НАПОМЕНА

  • За реализација на аранжманот потребен е минимален број 45 платежни патници.
  • Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица (во зависност од факултативата). За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации
  • Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. агенцијата не сноси одговорност.
  • Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци или доколку не се оствари минималниот број на патници.
  • Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
  • Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
  • За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови за патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ