You are currently viewing 11ти Октомври – Белград – Сигурна Реализација

11ти Октомври – Белград

ТЕРМИН:

  • 08.10-11.10.2021

ПРОГРАМА:

08.10.2021

Состанок со групата во 23:45 од спортска сала Битола па поаѓање за Белград. Патот води преку граничен премин Табанвце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

09.10.2021

Пристигнување во Белград, сместување во хотел и кратка пауза. Во договорено време со локалниот водич се упатуваме кон центарот на Белград, посета на храмот св.Сава, пешачка тура низ Калемегдан – Калемегданската тврдина, плоштадот Никола Пашиќ, хотел Москва, Булевар Револуција, Собранието, како и прошетки и кафе по Кнез Михајлова. По разгледите имаме слободно време за индивидуални активности, кафе, ручек, шопинг..Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

10.10.2021

Појадок. Факултативен целодневен излет до Нови Сад и Сремски Карловци со локален водич. Прво пристигнуваме во ФРУШКА ГОРА еден од петте национални паркови во Р.Србија со 16 православни манастири каде се прави посета на манастирот Крушедол. По разгледите продолжуваме во Сремски Карловци, се запознаваме со белиот чинар, Соборната црква, Католичката црква, фонтаната со 4 лавови итн.. Местото е познато по своите вински подруми, следува посета на винарија каде ќе имате можност на бесплатна дегустација на две вина. Во договрено време се упатуваме кон Петроварадинската тврдина која се наоѓа во населбата Петроварадин од која имаме прекрасен поглед кон реката Дунав. Се упатуваме кон Нови Сад, пристигнување и разглед на центарот на градот, католичката црква, Владичанскиот двор, плоштадот со градското собрание..слободно време за кафе и ручек.  Во договорено време се враќаме за Белград. Пристигнување во хотел за одмор. Во вечерните часови предвидено факултативно посета на сплав.  Враќање во хотел. Ноќевање.

11.10.2021

Појадок. Одјавување од хотелот. Факултативно крстарење по Дунав и Сава. Потоа посета на тровски центар УШЧЕ, слободно време за шопинг, кафе и сл. Во договорено време поаѓање за Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА:

89€ по лице!!!

Цената вклучува:

  • Превоз на наведената релација со туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Белград
  • Организација и водство на патувањето
  • Лиценциран пратител на групата
  • Разглед на Белград со локален водич
  • Разглед на Нови Сад со локален водич

Цената НЕ вклучува:

  • Факултативен целодневен излет НОВИ САД+СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ-ФРУШКА ГОРА – 30 еу
  • Факултативно крстарење Дунав и Сава -20 еу
  • туристичка такса 120 денари
  • Патничко осигурување
  • Сплавови

ОПИС:

Најголемиот и главниот град на Србија – Белград, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој патник. Иако целосно и припаѓа на Источна Европа, Белград дише западен воздух, предизвикувајќи го она посебно чувство, создадено во некое од неговите скриени катчиња, исто како кај француските градови. Голем број на туристи веќе ги имаат откриено убавините и богатствата на овој град, кои беа непознати до неодамна. Љубителите на културата тука ќе може да уживаат во архитектурата и музеите, додека вљубениците на лудата забава, неуморно ќе можат да го истражуваат незапирливиот, белградски, ноќен живот.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета, државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети и сл.
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • 2 дена пред започнување на аранжманот Агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање.
  • Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ