You are currently viewing 11ти Октомври – Истанбул – Авионска Програма

11ти Октомври – Истанбул – Авионска Програма

Индивидуална програма

ТЕРМИН:

  • 08.10 – 11.10.2021 

ДЕТАЛИ ЗА ЛЕТ:

  • PC 352  08OCT  SKPSAW 1140 1400
  • PC 351  11OCT  SAWSKP 1025 1055

ЦЕНА:

Хотел Услуга Тип на соба Цена
 Хотел со 4* централно градско подрачје Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 310 €

Цената вклучува:

  • Авионски билет на релација Скопје – Истанбул – Скопје со авиокомпанија „ Pegasus Airlines  “ со вклучен чекиран багаж до 20кг. (согласно политика на авиокомпанија), со ВКЛУЧЕНИ АЕРОДРОМСКИ ТАКСИ
  • Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром во Истанбул;
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 4* во централното градско подрачје во двокреветни соби
  • Организација и реализација на патувањето

Цената НЕ вклучува:

  • Оброци надвор од наведени оброци по програма – ручек и вечера и пијалок
  • Здравствено осигурување – ЗАДОЛЖИТЕЛНО
  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни излети – НА БАРАЊЕ СО ДОПЛАТА (ДОПОЛНИТЕЛНО)
  • Се што не е наведено во ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА

ОПИС:

Пред резервација потребно е да ја контактирате агенцијата за потврда на цена и слободни места! Истанбул – најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие – улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија. Истанбул претставува природна врата помеѓу Европа и Азија, кој со својата раскошна култура никогаш не престанува да фасцинира. Денес Истанбул е велеград кој брои преку 15 милиони жители кои живеат на 2 континенти. Модерниот плоштад Таксим или квартовите Бејоглу и Османбег ќе направат да се осеќате како во било која друга светска метропола, додека пак шетајки низ плоштадот Султанахмет ќе се вратите стотици години наназад и ќе ја почуствувате моќта која ја имале римјаните и османлиите…Ново и старо, Ориент и Европа, ислам и христијанство – никаде нема да ги најдете вака испреплетени и неразделно поврзани како во магичниот Истанбул.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Задолжителнa оnline регистација 72 часа пред летот на следниот линк: https://register.health.gov.tr/
  • Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица.
  • Со сместување на трето лице во двокреветна соба на помошно легло се намалува комодитет на стандардна двокреветна соба
  • За време на летот патниците ќе мора да се придржуваат до протоколите пропишани од авио компанијата. Исто важи и за време на престој на аеродормот во Истанбул
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • За време на патувањето задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на останатите патници и да ги почитуваат правилата и препораките
  • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, за влез во Турција патната исправа потребно е да е валидна минимум 6 месеци од датумот на враќање.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата
  •  При промена на цената на превозот или промена на хотел, можна е промена на цената на патувањето.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на цената доколку дојде до промена на цената на авио билетот и аеродромските такси
  • Цената е за целосна уплата при резервација , без право на промена на име или отказ. 

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ