11ти Октомври – Истанбул со Принцески Острови

11ти ОктомвриИстанбул со Принцески Острови

Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители . Светски центар од непроценлива вредност во минатото но и во сегашноста… мозаик од бројни историски и културни убавини, главен град на многу цивилизации, денес дом на жители од целиот свет. Истанбул е единствен град, град кој премостува два континенти, град кој ќе разбуди сосема поинакви чувства во Вас. Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул… кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ… Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град?

1 ден 08.10.2019 СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на на паркингот кај спортски центар Борис Трајковски  во 15:00 ч. Поаѓање за Истанбул во 15:30 h. Се патува преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни паузи.   

2 ден 09.10.2019ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Предлагаме панорамско разгледување на градот со автобус: Капали чаршија, Бејазит- најстариот универзитет, Лалели,  Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес),Операта, стадионот на  ФК Бешикташ,  Долма Бахче Сарајот. Прошетка низ Таксим. Потоа заминуваме на  организираме факултативна посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата – Долма Бахче Сарај Палатата со локален водич.  Предлагаме и прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата… Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган … палатите од Турските ТВ серии…  Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта предлагаме (факултативно), возбудлив вечерен раглед на градот“ Istanbul by night”, со посета на “Safir Seyr terasi”… Ноќевање.

3 ден 10.10.2019 ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ

Појадок. Предлагаме прекрасен и релаксиран излет, крстарење со брод низ Мраморното море кон Принчевите острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9 острови и на нив е забранета употреба на моторни возила. Превозно средство: Коњска кочија –Пајтон, со кој предлагаме да се возиме околу островот. Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период. Островот каде императорот Јустин 1ви, внук на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир. Предлагаме  ручек во еден од многуте рибни ресторани. На враќање одиме да ја посетиме Галата кулата ( влезница се плаќа на лице место).

Вечерта факултативно ве водиме во традиционален ресторан  со богато мени и прекрасна програма со ориентални танци за незаборавно доживување. Ноќевање.

4 ден  11.10.2019  ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ   

Појадок. Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе ја разгледаме познатата  црква АЈА СОФИЈА , ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и подземната византиска цистерна каде се чувала водата за пиење од каде градот бил снабдуван со вода. Пешки продолжуваме до Капали чаршија каде го завршуваме програмот. Во приквечерни часови ве водиме факултативно на Азиската страна на Истанбул и Ускудар со метро, преку подводниот тунел Мармарас, за само 4 мин. Тунелот е изграден 60 м. под Босфор. Во Ускудар ќе ја видиме познатата џамија на Михримах Султан. Потоа со автобус продолжуваме кон Бејлербеи, познато по многубројните ресторани покрај Босфор но и по прекрасните куќи на богатите жители на Истанбул. Тука се наоѓа и прекрасната палата на Султан Абдулазис. Место каде се снимаат и многубројните турски серии. Се враќаме преку најголемиот и најпознат мост преку Босфор.  Ноќевање.

5 ден 12.10.2019 ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел.  Ве водиме факултативно во МИНИАТУРК – минијатурен парк кој е отворен во 2003 година на површина од 60.000 м2. Најголем мини парк во светот.  Паркот содржи 122 минијатурни скулптури: 5 од Истанбул, 52 од Анадолија, 12 од Отоманскиот период надвор од границите на Турција.  Скулптурите се со размер 1:25. За крај го посетуваме големиот  шопинг центар ФОРУМ. Во попладневните часови поаѓаме за Скопје. Се патува преку Грција. Ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во утринските часови следниотден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО  07.09.2019: 111 € / 6.900 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  129 €/ 8.000 денари

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел Grand Emin 3*, Истанбул, на база 3 НП
  • Туристички пратител на програмата

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување
  • Панорамско разгледување на градот со локален водич (10€ )
  • Отомански и Византиски Истанбул (автобус,локален водич): (10€ )
  • Крстарење по Босфор (20€)
  • Посета на Долма Бахче Сарај, со водич и влезница и влезница за харем: (35€),
  • Влезници: Аја Софија: (20 €), Топ Капи (без Харем): (15€) , Харемот во Топ Капи– (10€)
  • Посета на Азискиот дел на Истанбул (15€)
  • Принцески острови – (15€)
  • Влезница за Галата кула –
  • Цистерна – (10€ )
  • Минијатурк (10€)
  • Доплата за еднокреветна соба 3.720 ден

НАПОМЕНА

  • За реализација на аранжманот потребен е минимален број 45 платежни патници.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  • Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица (во зависност од факултативата). За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации
  • Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. агенцијата не сноси одговорност.
  • Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци или доколку не се оствари минималниот број на патници.
  • Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
  • Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
  • За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови за патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ