11ти Октомври – Истанбул – Сигурна Реализација

11ти Октомври – ИСТАНБУЛ

Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители . Светски центар од непроценлива вредност во минатото но и во сегашноста… мозаик од бројни историски и културни убавини, главен град на многу цивилизации, денес дом на жители од целиот свет. Истанбул е единствен град, град кој премостува два континенти, град кој ќе разбуди сосема поинакви чувства во Вас. Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул… кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ… Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град?

Прв ден – 10.10 (Четврток)

            Средба на групата на Дрводекор во 15:30 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 16:00 часот. Ноќно возење со транзит преку Грција, попатни паузи и царински формалности.

Втор ден – 11.10 (Петок)

            Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).

НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите).

Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија. Преку пешачката тура ќе имате можност да се запознаете со околината и крајната цел Сината џамија, Хиподромот, Аја Софија и Топ Капи палатата.

Аја Софија

Посета на Аја Софија со локален лиценциран водич. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим.

Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до 13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османските освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј.

Топкапи палатата

Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучува различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче. По зaвршувањето на разгледите, групата има слободно време за индивидуални активности.

Вечерта можност за посета на ресотранот ГАР, каде ќе имате прилика да уживате во богата вечера, заедно со шоу програмата која вклучува традиционални турски танци, танчерка, музика и забава. Ноќевање.

Трет ден – 12.10 (Сабота)

            По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Следува денски панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со лиценциран локален водич со посета на Чамлиџа. Автобуска екскурзија со која се доживува неверојатно искуство со преминување од европската во азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор. Краток престој на азискиот дел наречен Чамлиџа, од каде има неверојатен панорамски поглед кон европскиот дел и Босфорот.

По оваа факултатива, следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. На самото пристаниште можете да пробате традиционален турски сендвич со риба, се продава од интересно украсени бродчиња, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

Веднаш потоа се упатуваме кон Долмабахче палатата.

Долмабахче палата – Турскиот Версај

Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.

По завршувањето на овие факултативи, групата се враќа во хотел, каде има слободно време се до вечерните часови, кога ќе се оди на ноќен Истанбул. Оваа посета значи панорамски разглед на Истанбул со автобус, во вечерните часови кога градот се трансформира во градот на светлоста и убавината. Се поминува крај бизнис делот на Истанбул каде се наоѓаат големите холдинзи, облакодери и високи згради, секоја со свое посебно светло. Се посетува највисоката зграда во Европа (236м) Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), можност преку четиридимензионалното небесно возење до хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Девојачката Кула.

Враќање во хотел, ноќевање.

Четврт ден – 13.10 (Недела)

            По појадокот, одјавување и поаѓање од хотелот во договорено време. Групата се кон фабриката за производство на најпознатите турски слатки „Коска“, каде по фабрички цени можете да си купите оргинални турски баклави, локуми и секакви останати деликатеси. Потоа групата, се упатува кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа најголемиот аквариум во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните басени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака.

Планирано тргнување за Македонија некаде околу 16:00 по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ПРОМО ЦЕНА: 80 евра до 01.10 , редовна цена 89 евра

Поаѓање од Битола 90 евра до 01.10, редовна цена 99 евра

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Две ноќевања во хотел 3* со појадок во населбата Аксарај/Лалели
  • Автобуски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • Посета на трговскиот центар Форум Истанбул
  • Посета на фабриката за традиционални слатки „Коска“
  • туристички пратител за време на престојот
  • организација за време на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • задолжително патничко осигурување 240 денари по лице
  • факултативните излети:
  • Аја Софија со лиценциран водич и аудио слушалки – 20 евра
  • Топкапи палатата со лиценциран водич – 20 евра
  • панорамски разглед на европски и азиски Истанбул – 15 евра
  • крстарење по Босфорот – 20 евра
  • Долмабахче палата со лиценциран водич – 25 евра
  • Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси – 25 евра
  • Туркуазу Аквариум – 15 евра
  • ГАР ресторан – традиционална вечера со турски танци и програма – 25евра

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ:

SILVER – 75 евра (редовна цена 85евра)

  • Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул
  • Крстарење по Босфорот
  • Долмабахче палатата
  • Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси

PREMIUM – 120 евра  (редовна цена 140евра)

  • Аја Софија
  • Топкапи
  • Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул
  • Крстарење по Босфорот
  • Долмабахче палатата
  • Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси
  • Туркуазу аквариум

ИНФОРМАЦИИ:

  • За сингл соба се доплатуваат 40 евра дополнително од аранжманот
  • доплата за трансфер од Штип 5 евра по лице

Попусти за деца:

  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години за first minute плаќаат 50 евра
  • Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници

НАПОМЕНА

  • За реализација на аранжманот потребен е минимален број 45 платежни патници.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
  • Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  • Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица (во зависност од факултативата). За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации
  • Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. агенцијата не сноси одговорност.
  • Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци или доколку не се оствари минималниот број на патници.
  • Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
  • Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
  • За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови за патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ