You are currently viewing 11ти Октомври – Јaстребaц

11ти Октомври – Јaстребaц

ТЕРМИН:

  • 09.10 – 11.10.2021

ПРОГРАМА:

Прв ден – сабота (09.10)

Собир на групата на Дрводекор во раните утрински часови (околу 5 наутро). Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со попатни паузи и царински формалности.

Планирано пристигнување во Јастребац во пладневните часови, сместување во дадениот хотел и време за кафе пауза или одмор. Во договор со водичот, групата се упатува на факултативниот излет до местото Стопања, кое е едно од најпознатите места во Србија каде што во рестораните се служи познатото српско печење. Време за ручек (не е вклучено во цената). Потоа следува посета на градот Крушевац со лиценциран српски водич, како и панорамски разглед со пешачка тура каде се посетува црквата Лазарица. По разгледот на градот, групата се упатува накај познатите трговски центри Krusevac Shoping Park, Roda и ЛИДЛ. Во договорено време, враќање во хотел и слободни активности. Цената на факултативниот излет е 10 евра по лице.

Втор ден – недела (10.10)

По појадокот, следува можносст за факултативен излет до познатата Врњачка бања со манастирот Жича. Врњачка бања е најголемиот бањски центар во Србија, познат по лековитата вода и природните извори. Сместена е помеѓу планината Гоч и западна Морава на околу 50 километри од Јастребац. По прошетката и слободното време во градот, се упатуваме кон манастирот од 13-ти век, Жича, познат како колевка на српската писменост и просвета, почнувајќи од Свети Сава и првиот српски владетел Стефан Првовенчани, а тука се крунисале сите српски кралеви. Враќање во Јастребац во договорено време со водичот. Цената на излетот со лиценциран српски водич е 15 евра по лице. Ноќевање.

Трет ден – понеделник (11.10)

По појадокот, слободно време за уживање и прошетка во Јастребац. Одјавување од собите и во договорено време, поаѓање за градот Ниш, каде ќе има слободно време за прошетка, ручек, шопинг (2-3 часа).

Поаѓање за Скопје во предвечерните часови. Планирано пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА:

СПЕЦИЈАЛНА ПРОМО ЦЕНА 69‎€ , редовна 89€ по лице!!!

Цената вклучува:

  • 2 ноќевања во хотел Трајал или Идила со појадок (a la carte) (хотелот се распределува во зависност од расположливост на соби)
  • Автобуски превоз на релација Скопје-Јастребац-Скопје
  • посета на градот Ниш
  • туристички пратител за време на патувањето

Цената НЕ вклучува:

  • задолжителна доплата за туристичка такса 1евро по лице на ден
  • задолжително патничко осигурување 
  • посета на местото Стопања познато по рестораните со печење за ручек, потоа градот Крушевац со трговските центри Krusevac Shoping Park, Roda и ЛИДЛ – 10евра
  • посета на Врњачка бања и манастирот Жича – 15евра

Доплата и попусти:

  • За сингл соба се доплатуваат 35 евра дополнително од аранжманот
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 35 евра

ОПИС:

На околу 300 километри од Скопје и само 20 километри од градот Крушевац, се наоѓа прочуената планина, колевката на јастребите, во можеби најпошумениот дел на Балканот, планината Јастребац.
Околу прекрасното бајковито езеро се простира туристичкиот комплекс Јастребац Lake Resort, познат по исклучителната национална, но и интернационална кујна, домашни вина и нуди можност за секакви активности, планинарење, пешачки тури засите љубители на природата.

Во склоп на резортот на располагање се два хотела, Трајал и Идила, како и спектакуларниот Авантура парк.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета, државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети и сл.
  • Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе.
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • 2 дена пред започнување на аранжманот Агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање.
  • Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со бројот на резервација со пријавувањето на патниците со авансната уплата. Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€ по лице (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
  • Собите се двокреветни и трокреветни
  • Секоја соба има телевизор со кабловска, вифи, минибар
  • Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.
  • Се патува со пасош, лична карта, потврда за целосна вакцинација, или брз антиген тест за излез и влез во Македонија
  • Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
  • Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ