11ти Октомври – Кападокија со Анкара и Солено езеро – Сигурна Реализација

11ти Октомври – Кападокија со Анкара и Солено езеро

Монументален компекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е, во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот се менувал и станал тоа што е денес – уникат и чудо на природата. Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, го наоѓаат под камените сводови на Кападокија каде изградиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”, а името Кападокија на персиски значи “ земја на убави коњи”. Регионот Кападокија со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи на светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед. .. a самиот поглед на овие необични структури остава мистичен и магичен впечаток… Во Кападокија живееле древни цивилизации – Хеленската, Римската, Христијанската и Исламската… Доживеј те ја магијата на Кападокија, земјата на самовили и убави коњи, пејзажи кои потсетуваат на површината на месечината… и бидете подготвени да видите “ Чуда невидени “.

1 ДЕН  08.10.2019  СКОПЈЕ – КАПАДОКИЈА:

Состанок на групата на паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски во 09 30 ч.. Поаѓање во 10:00 часот. Се патува преку Грција,  граничен премин Богородица ( Солун, Кавала, Истанбул…), со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН  09.10.2019  СОЛЕНО ЕЗЕРО ТУЗ ЃОЛУ – КАПАДОКИЈА:

Патуваме кон Кападокија со попатна пауза кај големото солено езеро Туз Ѓолу, едно од најголемите солени езера во светот… долго 8о км. Широко 50 км. Длабоко 50 см. ( во зимскиот период достига длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите со сол во Турција се црпат токму од ова езеро…  По одморот продолжуваме кон Кападокија. Пристигнувањее во пладневните часови. Сместување во одбран хотел. Индивидуална прошетка и запознавање со местото. Во пoпладневните часови започнува магијата на Кападокија. Предлагаме возбудлива посета на ЦРВЕНА ДОЛИНА, број 1 место на најубавиот залез на сонцето. Излетот го комплетираме со ATV-QUAD SAFARI тура. (факултативно). Вечера.  По вечерата можност да присуствувате на религиозна церемонија – Танц на Дервишите, во автентичен амбиент на   SARIHAN Керван Сарај од 1259, сместен покрај некогашниот пат на свилата. Ноќевање.

3 ДЕН  10.10.2019КАПАДОКИЈА :   ЛЕТ СО БАЛОН –  ГОЛЕМА ТУРА – ТУРСКА ВЕЧЕР

Денот е предвиден за 3 возбудливи факултативни излети:

  1. ЛЕТ СО БАЛОН: Рано наутро пред магичното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон, над самовилските оџаци на Кападокија. Ова е авантура што никогаш нема да ја заборавите… уживајте во убавината и возбудата додека балонот нежно се издига, слушајте го татнежот на печкаташто го загрева воздухот во балонот, воодушевувајте се на магијата со која Пилотот управува и восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 80-100 балони во лет, и секако магичнот изгрејсонце. Во состав на екскурзијата е вклучена и лесна закуска со чај/кафе, шампанско на крај на летот и сертификат за летање со балонот. Враќање во хотел. Појадок. 
  2. КАПАДОКИЈА ГОЛЕМА ТУРА: Ве водиме во подземниот град Деринкују, изграден од вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, 8 катови, 55 м. под земја… Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, од двете страни опколена со цркви на карпите. Прошетката е во должина од 3 км. со пауза за освежување во традиционална чајџилница… Пауза за ручек во селото Белисирма… Продолжуваме кон манастирот Селиме, најголемиот религиозен објект во областа Кападокија, издлабен во карпите во 13 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир, со димензии на катедрала, биле потребни 200 години. За крај кратка пауза за фотографирање во долината на гулабите. Враќање во хотел. Вечера.
  3. ТУРСКА ВЕЧЕР: Во вечерните часови ве водиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија. Богатото шоу го следиме со дегустација на локално вино, турско мезе и вечера. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ДЕН 11.10.2019: КАПАДОКИЈА:  СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА – АНКАРА

Појадок.  Одјавување од хотел. Ве водиме во Срцето на Кападокија (факултативно). Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме… продолжуваме кон Ѓореме – срцето на Кападокија, со посета на  “Ѓореме музејот на отворено”- огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 9ти век , на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од периодот 10-12 век, велелепни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина, најзначајна од нив е црквата Св. Василиј… Комплексот е под заштита  на УНЕСКОод 1984 год. Продолжуваме кон Чавушин, напуштено село со пештери и грчки куќи.  Пауза за ручек. Попатна посета на работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработен сувенир.  Следи разглед на  Пашабаги, со необичната формација на троглава самовила… а потоа посета на долината Дервент, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени – волшебни оџаци. Можност за дегустација на локални вина во една од најстарите винарии во Кападокија. Вечера во ресторан во Гореме/Чаушин. … Полни со впечатоци, поаѓаме кон Анкара. По пристигнувањето, сместување во хотел. Слободна вечер за одмор и индивидуални прошетки. Ноќевање

5 ДЕН  12.10.2019 АНКАРА:

Појадок. Напуштање на хотелот. Заминуваме на разглед на главниот град на Турција со локален водич (факултативно)…Големата џамија, Мавзолејот на Ататурк основачот на современа Турција, Етнографскиот музеј, старата зграда на Парламентот, … Слободно време за индивидуални активности. Во договор со водичот, состанок на групата и поаѓање кон Македонија. Се патува покрај Истанбул, граничен премин Ипсала, преку Грција, (Кавала, Солун) граничен премин Богородица, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ДЕН 13.10.2019 СКОПЈЕ:

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

ЦЕНА  НА  АРАНЖМАНОТ, во зависност од изборот на хотел во Кападокија :

ХОТЕЛ во КАПАДОКИЈА  3/4* – Невшехир, Аванос, Ургуп

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 07.09.2019: 155€ / 9.610 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 175€ / 11.100 ден

ХОТЕЛ ТУРИСТ 4* – Ѓореме  – Наша препорака ! Од просторот пред  хотелот полетуват балоните !

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 07.09.2019: 169€ / 10 480 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189€ / 11.720 ден

CAVE / STONE ХОТЕЛИ – Ѓореме  – Наша препорака !  Доручек со поглед на балоните кои летаат над вас !

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 07.09.2019: 179€ / 11.100 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199€ /12.340 ден

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во Анкара во хотел BERA со 5* на база 1 ноќевање со појадок,
  • Сместување во Кападокија во хотел 3/4* на база 2 ноќевања со појадок и вечера 
  • 1 Вечера во ресторан во Гореме/Чаушин,пред поаѓање за Анкара. (Пијалокот не е вклучен)
  • Посета на соленото езеро Туз Ѓолу
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

 ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 210 мкд,
  • Разглед на Анкара со локален водич (10 €)
  • Голема Тура Кападокија, совлезници и вклучен ручек (без пијалок)(45€)
  • Турска вечер со шоу програма, вечера и неограничен пијалок- (35€)
  • Танц на дервишите /церемонија – (25€)
  • Срцето на Кападокија со влезници и ручек (без пијалок)(45€)
  • Лет со балон – (160 €) – резервација при уплата. Цената може да претрпи измени.
  • (Во состав на екскурзијата е вклучена и лесна закуска со чај/кафе, шампанско на крај на летот. Летот на балонот е во зависност од временските услови )
  • Црвена Долина – залез на сонцето (15€)
  • АТВ-КВАД САФАРИ – (25€)
  • Доплата за еднокреветна соба 3.600 ден

НАПОМЕНА

  • За реализација на аранжманот потребен е минимален број 45 платежни патници.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  • Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица (во зависност од факултативата). За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации
  • Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. агенцијата не сноси одговорност.
  • Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци или доколку не се оствари минималниот број на патници.
  • Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
  • Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
  • За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови за патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ