You are currently viewing 11ти Октомври – Кападокија и Истанбул – Авионска Програма

11ти Октомври – Кападокија и Истанбул – Авионска Програма

ТЕРМИН:

  • 06.10-11.10.2021

ПРОГРАМА:

1. ДЕН – СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАЈСЕРИ – КАПАДОКИЈА 

Состанок на меѓународниот аеродром во Скопје 2 часа пред летот, по што следува чекирање и задолжителни пасошки и царниски формалности. Слетување во Истанбул и преместување на домашниот терминал од каде што летот продолжува за Кајсери.  Пристигнување во Кајсери и трансфер до хотелот во местото Ѓореме во самото срце на Кападокија. Следува сместување во хотел.Ноќевање.

2 – 3. ДЕН – МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА (Црвена тура) – АДРЕНАЛИНСКА QUAD BIKE ТУРА

Појадок. По појадокот следува целодневен факултативен излет мистична Кападокија” (северна т.е црвена тура). За време на оваа преубава тура ќе имате прилика да се запознаете со најубавите и најпознати предјадења на Кападокија. Излетот го започнуваме веднаш по појадокот, а нашата прва станица е величенствениот видиковец кој е сместен над градот Ѓореме, каде што од страна на локалниот водич ќе ги добиеме сите информации и занимливости за богатата историја на Кападокија и единствените камени формации, чиј географски облик е формиран пред околу 10.000 години.
По панорамскиот разглед се посетува замокот “Uchisar” и највисоката точка на Кападокија – музејот на отворено Ѓореме (кој е под заштита на УНЕСКО) во кој се сместени некои од најдобрите примероци од куќи и цркви во карпи.
Можност и за посета на традиционалната фабрика за грнчарство или некоја од продавниците за ќилими. Патот понатаму не води кон напуштеното село Чавушин и местото Аванос, по што правиме пауза за ручек каде што ќе ја дегустираме автентичната турска кујна.
На оваа тура ќе имате прилика да направите фасцинантни фотогравии во долината Пасабаг, како и во Монковата долина препознатлива по специфичните оџаци на куќите кои се во облик на печурка, како и во долината Деврент позната по своите карпи во облик на животни. Во попладневните часови следува враќање кон хотелот. Слободно време за одмор и уживање. Ноќевање.

КАПАДОКИЈА ОД ВОЗДУХ (МАГИЧЕН ЛЕТ СО БАЛОН) ДРЕВНА КАПАДОКИЈА (Зелена т.е јужна тура) 

Појадок. Во раните утрински часови нудиме доживување кое се памти! Можност за факултативно летање со балон над прекрасната Кападокија (поаѓање од хотел во 04:30ч). Покрај магичните впечатоци кои ќе ви останат во трајно сеќавање, Кападокија се издвојува и по шарените балони кои што претставуваат и прва асоцијација на овој магичен град и патувањето со нив е најомилената активност на посетителите. Факултативниот излет го започнуваме во раните утрински часови  пред изгрејсонце, а самиот лет трае околу 1 час. Балоните немаат однапред испланирана рута туку летаат буквално каде што ги носи ветрот. Се искачуваме на 300м надморска висина, а под нас се наоѓа цела област прекриена со фантастични релјефни формации, кои се формирани од бел вулкански пепел, а нив локалното население ги нарекува “Вилински оџаци”.
Преку стотина балони се истовремено во воздухот, додека ние уживаме фасцинантната глетка на изгрејсонцето. Чудесниот лет завршува со слетување во непосредна близина од местот од кое што сме полетале, каде што не чекаат комбиња кои не враќаат назад во градот. Враќање назад кон хотелот.

Следува факултативен излет во претпладневните часови кој го започнуваме со посета на подземниот град Деринкују, кој е еден од најголемите подземни градови во светот. Во него некогаш живееле околу 50.000 жители на 8 различни нивоа и претставува најголем пронајден подземен град во Турција. Денес за туристички цели се отворени 4 нивоа, а шетајки низ тунелите ќе откриеме фасцинантни ванариим, кујни и соби за дневен престој кои датираат уште од 7 век п.н.е. Потоа одиме во долината Ихлара и проаѓаме низ долгиот кањон на реката Мелендиз, која претставува необична збирка на изрезбани карпи во кои се наоѓаат стотина куќички, испресечени со голем број рекички. Ќе направиме пазуа во селото Белисирма, каде што ќе имаме слободно време за ручек. Излетот го продолжуваме до манастирот Селме, најголем камен манастир во Кападокија со огромна пештерска катедрала и преубав поглед на околината.  По враќањето во Учисар застануваме на преубавиот видиковец кој гледа кон голубовата долина, каде што ќе дознаеме зошто галебите отсекогаш имале посебно место во срцата на жителите на Кападокија. Во попладневните часови следува враќање кон хотелот. Слободно време за одмор и уживање. 

 4. ДЕН – КАПАДОКИЈА – ИСТАНБУЛ 

Појадок. Следува напуштање на хотелот и трансфер до аеродромот во Кајсери. Чекирање на летот за Истанбул. Слетување во Истанбул и трансфер од аеродромот до хотелот на Таксим. Сместување во хотел.

Следува факултативна посета на стариод дел од Истанбул (Сината Џамија, Аја Софија, Капали Чаршија) + Топкапи палата (факултативно), која што полни 4 векови претставувала резиденција за султаните, место каде што се одлучувало за судбината на многу европски народи. Палатата се состои од 4 дворци кои што ќе имаме прилика да ги прошетаме заедно со локален водич и да ги слушнеме сите интересни приказни поврзани за оваа палата. Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни  метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучув различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топкапи и по преместувањето на султаните во Долмабахче. Слободно време за индивидуални активности.  Ноќевање.

5. ДЕН – ИСТАНБУЛ 

Појадок. По појадокот следува факултативниот излет КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР во времетраење од околу 2 часа. По крстарењето заминуваме во најубавиот шопинг центар во Истанбул – CEVAHIR. По враќањето од шопинг центарот следува факултативна посета на една од најпознатите знаменитости на Истанбул – Палатата ДОЛМАБАХЧЕ. Враќање назад во хотелот. Слободно време. Ноќевање.

6. ДЕН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот. Трансфер до аеродромот во Истанбул. Чекирање на летот за Скопје. Пристигнување на Скопскиот аеродром.

ЦЕНА:

ПРОМОТИВНА ЦЕНА – 449€ по лице!!!

Цената вклучува:

  • Повратен авио билет на релација СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАЈСЕРИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
  • Аеродромски такси
  • Вклучен рачен багаж до 8кг по лице
  • 3 ноќевања со појадок во HOTEL GRAND CAPPADOCIA  4* во местото Ѓореме
  • 2 ноќевање со појадок во хотел ” GRAND HALIC 4*” во Истанбул
  • Трансфери аеродром – хотел – аеродром
  • Комплетна организација и реализација со водич на патувањето

Цената НЕ вклучува:

  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни излети
  • ЗАДОЛЖИТЕЛНО патничко здравствено осигурување 
  • PCR тест (не постар од 72 часа) или антигенски тест (не постар од 48 часа)

Доплата и попусти:

  • Доплата за 1/1 соба – 100€

Факултативи:

  • Мистична Кападокија – 40€
  • Древна Кападокија – 40€
  • Летање со балони во Кападокија (1час) – 120€ во зависност од типот на балон и бројот на особи
  • Адреналинска QUAD BIKE тура – 25€
  • Стариот дел на Истанбул – 10€
  • Топкапи Палата – 30€
  • Крстарење по Босфор – 20€
  • Долмабахче со локален водич – 30€

ОПИС:

Aко постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе биде напишана за Кападокија! Добредојдовте во земјата на самовилите, прекрасните коњи, најубавите пејзажи на светот дополнети со шарено небо… Кападокија е место кое изобилува со убавини кои го одземаат здивот, уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилишта. Од самовилски оџаци до подземни градови создадени во вулкански карпи и пештерски цркви. Вулканските ерупции и ерозијата, десеттици милиони години ги создавале овие пејасажи, кои изгледаат како природата да си поиграла со магично стапче! Величествената убавина на оваа област најдобро може да се види од воздух. Колоритните балони се неразделен дел од Кападокија и се надополнување на бајковитата глетка. Целото искуство го надополнуваме со неверојатната Турска храна и гостопримливост.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета, државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети и сл.
  • 2 дена пред започнување на аранжманот Агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање.
  • Минимум 6 месеци важност на пасошот од денот на враќање
  • Агенцијата го задржува правото на промена на програмот, во однос на времето на летање, кое ИСКЛУЧИВО зависи од времето на летање на авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на цената на аранжманот во кои е вклучен авио превоз, доколку на летот има промена во авионската карта, агенцијата не одговара за тоа и разликата во цената ја сноси патникот. 

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ