11ти Октомври – Нови Сад – Салаш

11ти Октомври – Нови Сад – Салаш

3 дена/2 ноќевања

1 ден 11.10.2019 (ПЕТОК) НОВИ САД

Состанок на групата 30 минути пред тргнување.

  • 00.30 часот тргнување од Кавадарци (Автобуска станица)
  • 01.15 часот тргнување од Велес (бензиска пумпа Мак Оил, кај кружниот тек)
  • 02.00 часот тргнување од Скопје (паркингот на хотел Вип, спроти Скопски саем)
  • 02.30 часот тргнување од Куманово (пред ресторан Жмара)

Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Сместување во хотел. Потоа следи разглед на градот: плоштадот „Слобода”, на кој се наоѓа Римокатоличката црква на Пресвета Богородица (катедрала изградена во нео – готски стил помеѓу 1893 и 1895 година), улицата „Змај Јовина”, покрај која се наоѓаат културно – историски споменици, како што е Градската сала, епископската резиденција „Владичански двор”, Соборната црква Свети Великомаченик Георѓије итн. Продолжуваме кон Дунавскиот парк, мостот на Дунав, Кејот на Нови Сад. Прошетка по Михаило Пупин во близина на зградата на владата на Војводина и на синагогата на еврејската улица. Завршуваме на платото пред Српскиот народен театар. Посета на Петроварадинска тврдина. Можност за организирана вечера во салаш (факултативно) или слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

2 ден 12.10.2019 (САБОТА) ФРУШКА ГОРА – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ

Појадок. Претпладневна прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора, како и до гратчето Сремски Карловци препознатливо по големиот број на винарии, историја, религија и архитектура. Факултативна посета на винарија, разглед и дегустација на вина. Слободно време за прошетка и ручек. Враќање во Нови Сад во попладневните часови. Време за одмор и слободни активности. Ноќевање.

3 ден 13.10.2019 (НЕДЕЛА) НОВИ САД – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време до напуштање на хотелот. Прошетка во шопинг центар „Меркатор“. Заминување за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА СО ПОПУСТ: 89 евра (5.518 денари) важи до 20.09.2019

РЕДОВНА ЦЕНА: 95 ЕВРА (5.890 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел на база 2 ноќевања со појадок
– Организирани разгледи според програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Организиран факултативен ручек во Салаш

– Факултативна посета на Винарија и дегустација на вино во Сремски Карловци

– Влезници за музеите и културно – историските споменици
– Патничко здраствено осигурување и лични трошоци кои не се спомнати во програмата

НАПОМЕНА

  • За реализација на аранжманот потребен е минимален број 45 платежни патници.
  • Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  • Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица (во зависност од факултативата). За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации
  • Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. агенцијата не сноси одговорност.
  • Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци или доколку не се оствари минималниот број на патници.
  • Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
  • Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
  • За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови за патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ