You are currently viewing 11ти Октомври – Рим – Авионска Програма

11ти Октомври – Рим – Авионска Програма

ТЕРМИН:

  • 09.10 – 12.10.2021

ПРОГРАМА:

1.ДЕН (09.10) Скопје – Рим

Состанок на групата на Скопскиот меѓународен аеродром во 11h. Чекирање на картите и поагање во 13:30h од Скопскиот меѓународен аеродром со директен лет до аеродромот во Рим. Пристигнување и трансфер до сместувањето. Check-in на групата.

2.ДЕН (10.10.2021) Рим

Појадок. По појадокот започнуваме обиколка на претстолнината на Италија, мешавина на легенди, историја, традиција и религија започнува со најпознатата папска тврдина, тврдина Св. Ангел ( Castel Sant’ Angelo), каде реката Тибар и неговите бројни мостови создаваат единствено доживување на градот, најпознатиот римски храм Пантеон, како и боемската атмосфера на Плоштадот Навона со фонтаната Четири Реки, почувствувајте го античкиот дух на градот покрај најпознатиот амфитеатар на светот – Колосеумот, Констаниновата триумфална капија, Римскиот форум како центар на друштвениот живот на антички Рим, потоа царскиот Форум и споменикот на цар Трајан, како и монументалното издание Vitoriano на Плоштад Венеција. или да ја почувствувате возбудата на светски познатата Fontane di Trevi, живата атмосфера на Шпанските скали или пак да уживате во бројните ресторани и кафе барови. Ноќевање.

3.ДЕН (11.10.2021) Рим – Ватика

Појадок. По појадокот не ја пропуштајте можноста за факултативна посета на Ватиканските музеи во кои е изложена непроценлива вредна збирка на антички скулптури, Галеријата на слики, папските одаи и неповторливите Рафаелови соби. Пред самиот крај на обиколката тивко и совоодушевување зачекорите во Сикстинската капела по што Вашето разбирање за уметноста никогаш нема да биде исто. Следува доживување во внатрешноста во најголемата христијанска црква на светот, Базиликата Свети Петар, како и истоимениот плоштад исполнет со креации на баркониот уметник Бернини. Слободното време можете да го искористите шетајќи низ шопинг улицата Via del Korso. Попладневниот дел предвиден е за индивидуални активности.Нокевање.

4.ДЕН (12.10.2021) Рим – Скопје

Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности. Сотанок на групата во 11h во сместувањето и упатување кон аеродромот за завршување на сите царински формалности и пријавување на летот кон Скопје. Пристигнување во Скопје.

ЦЕНА:

229€ по лице!!! Промо цена до 30.09.2021

Редовна цена 309 € по лице

 

Цената вклучува:

  • 3 ноќевања со појадок
  • Авионска карта на релација Скопје – Рим – Скопје
  • Сите аеродромски такси
  • Комплетна организација на патувањето
  • Трансфер од аеродром во Рим до сместувањето и обратно
  • Чекиран багаж РАНЕЦ СО ДИМЕНЗИИ 40 x 30 x 20 cm (без тркалца) 

Цената НЕ вклучува:

  • Факултативни излети
  • Патничко-здравствено осигурувањe, задолжително.
  • Задолжителен PCR тест
  • Задолжителна градска такса за Рим( 2   по ноќ по лице)

Доплата и попусти:

  • Доплата за 1/1 соба – 100€ 
  • ДОПЛАТА ЗА БАГАЖ ОД 10 кг СО ДИМЕНЗИИ   55 x 40 x 23 cm (со тркалца) – 35€ (по лице)
  • ДОПЛАТА ЗА БАГАЖ ОД 20 кг – 85€ (по лице)

ОПИС:

Рим, вечниот град, античка градина која нема споредба исполнета со најзначајните христијански светилишта, и богата колекција на уметнички дела во бројните музеи, сликовити тесни улици, миризливи градски пазари, бучни и темпераментни жители, архитектура која ги опфаќа речиси сите епохи… 

СЛИКИ:

НАПОМЕНА:

  • За влез во Италија и посета на Рим, потребен е сертификат за примени две дози на Pfizer – BioNtec, Moderna, Astra Zeneca или Johnson & Johnson, по поминати 15 дена од примена втора доза на вакцина. Покрај тоа, задолжително прикажување на негативен PCR тест и пополнување на формулар за влез во Италија. 
  • За деца до 6 години не е потребно ништо за влез во Италија
  • За деца од 6 до 12 години потребен е негативен PCR тест 
  • За деца со наполнети 12 години потребна е некоја од горенаведените вакцини + негативен PCR тест

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета, државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети и сл.
  • 2 дена пред започнување на аранжманот Агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање.
  • Во случај на заострување на COVID – 19 мерките во местата кои се посетуваат, сите уплатени средства за аранжманот ќе ви бидат рефундирани во целост (освен средствата уплатени за авионската карта).

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ