11ти Октомври – Рим – Неапол – Тиволи

11ти Октомври – Рим – Неапол – Тиволи

3 ноќи / 6 дена / автобуски превоз

1 ДЕН (09.10.2019-среда) : БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 14.00 часот. Поаѓање за Драч во 14.30 часот. Патот води преку Струга, Елбасан…денско и ноќно патување со кратки попатни одмори. Пристигнување во Драч – сместување на траект. Планирано поаѓање за Бари околу 23.00 часот.

2 ДЕН (10.10.2019 – четврток) : БАРИ – НЕАПОЛ – РИМ

Пристигнување во Бари во утринските часови. Продолжување на патот за Неапол. Пристигнување во Неапол во пладневните часови… панорамски разглед на градот со локален водич, со обиколка на Градскиот плоштад, Општинската зграда, замокот Кастело Нуово, Театарот Сан Карло, палатата Реале, црквата Сан Франческо, како и најстарата пицерија во Неапол и воопшто во Италија – Да Матео…слободно време. Состанок на групата на претходно договореното место во 17.30 часот. Поаѓање за Рим. Пристигнување во Рим во вечерните часови, сместување во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН (11.10.2019-петок) : РИМ

Појадок. По појадокот – разглед на градот со стручен водич…базиликaта „Сан Џовани Латерано“, базиликата Сан Клементе (посета на гробот на Св.Кирил), Колосеумот, Рисмскиот Форум (стариот град), Кампидолио, како и плоштадите Пјаца Венеција, Фонтана Ди Треви и Шпанските скали. Слободно време за шопинг, или индивидуален разглед на градот. Состанок на групата во касните попладневни часови. Враќање во хотел…Ноќевање.

4 ДЕН (12.10.2019-сабота) : РИМ

Појадок. По појадокот – факултативна посета на Ватикан:
(се патува со локален превоз, метро од хотел до најблиската метро станица за Ватикан) Ватиканските музеи и Систинската капела – ремек делото на Микеланџело, базиликата „Св.Петар“, Адриановата палата, Пантеонот (Храмот на сите богови), Пјаца Навона. Слободно време за индивидуален разглед на градот или шопинг. Состанок на групата во договорено време. Враќање во хотелот. Ноќевање.

5 ДЕН (13.10.2019-недела) : РИМ – ТИВОЛИ – БАРИ

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за Тиволи – факултативна посета на најрепрезентативната вила Дел’Есте и нејзиниот парк со 1000 фонтани…патувањето продолжува кон Бари…пристигнување во Бари во попладневните часови…посета на базиликата Св.Никола, прошетка низ стариот град, базиликата Сан Сабино…трансфер на фери околу 21.00 часот. Поаѓање за Драч…ноќна пловидба.

6 ДЕН (14.10.2019-понеделник) : ДРАЧ – БИТОЛА

Пристигнување во Драч околу 8.00 часот…продолжување на патот кон Битола и пристигнување во попладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :      
279 евра / 17.298 денари по лице во двокреветна соба

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :

  • Автобуски превоз на горенаведената релација,
  • посета на Неапол,
  • 3 НП( италијански доручек, кроасан и кафе) во Рим во хотел со 3*,
  • разглед на Рим со стручен водич,
  • бродски превоз (дек-седишта) на релација  Драч – Бари (доплата за кабина – 15 € по лице во правец, резервација во агенцијата),
  • посета на Тиволи,
  • посета на Бари,
  • организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :

  • Факултативните излети и посети,
  • влезниците при посета на културно-историските споменици,
  • патничкото осигурување – БЕЗ ФРАНШИЗА  
  • билети за јавен превоз (доколку е потребно – 1,5 € за еден правец).
  • Туристичка такса 3-4 евра по лице  по ноќ 

ЦЕНИ за ФАКУЛТАТИВАТА : Ватиканските музеи заедно со Сикстинската Капела – 40 € по лице за (влезница + водич + слушалки)(препорака), влезница за Тиволи – 15 € по лице препорака. 

НАПОМЕНА

  • За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.
  • Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица (во зависност од факултативата). За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации
  • Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. агенцијата не сноси одговорност.
  • Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци или доколку не се оствари минималниот број на патници.
  • Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
  • Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
  • За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови за патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ