You are currently viewing 11ти Октомври – Венеција – Милано – Верона

11ти Октомври – Венеција – Милано – Верона

ТЕРМИН:

  • 08.10-11.10.2021

ПРОГРАМА:

1 ДЕН 08.10.2021 (петок) СКОПЈЕ – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

    Состанок на групата на Дрводекор во 16:30 часот. Поаѓање за Венеција во 17:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

2 ден 09.10.2021 (сабота)– ТРСТ- ПАЛМА НОВА- ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

    Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village. Поаѓање за Лидо ди Јесоло во попладневните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 10.10.2021 (недела) – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО– ВЕРОНА- МИЛАНО

    По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија, започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија.По слободното време продолжуваме кон градот на модата Милано. Пристигнуваме во пладневните часови. Разглед на градот со локален водич:тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo,централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот,потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle,најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ градот кој е бисер на северниот дел на Италија. Во вечерните часови заминување кон Лидо ди Јесоло.Ноќевање.

4 ден 11.10.2021 (понеделник) ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО– ВЕНЕЦИЈА– СКОПЈЕ

    Појадок, и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони и поаѓање за Скопје, преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во пладневните часови на 12.10.2021 (вторник).

ЦЕНА:

109€ ПО ЛИЦЕ!!!

Цената вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • Посета на Трст
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3***
  • Организиран разглед на Венеција
  • Организација на аранжманот и туристички придружник од Т.А Идеал Травел во текот на целото патување.
  • Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци(црна река),Велес и Куманово.

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз со брод од Пунта Сабиони до Венецијa  (20 €)
  • Факултативна посета на Верона и разглед на Милано со локален водич (40€)
  • Патничко осигурување 

Доплата и попусти:

  • За деца до 11.99 години за влез во Италија не е потребен ниту тест, ниту вакцина
  • За деца од 12 до 17.99 години за влез во Италија потребен е антиген тест

ОПИС:

Италија – земја на пица и паста, земја на мода, култура и неверојатна убавина. Сплет на уметност, традиција и модерно време. Градби и знаменитости кои ќе ве остават без здив. Италија е дефинитивно една од најпосетени земји во светот. Милиони туристи на годишно ниво ја преплавуваат, а најпосетени се Рим, Милано, Фиренца, Венеција, Пиза и Верона. 

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета, државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети и сл.
  • Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе.
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • 2 дена пред започнување на аранжманот Агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање.
  • Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со бројот на резервација со пријавувањето на патниците со авансната уплата. Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€ по лице (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).’
  • Се патува со пасош, потврда за вакцинација и брз антиген тест за одење!!
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ