11ти Октомври – Венеција, Верона, Трст, Милано – Сигурна Реализација

11ти Октомври – Венеција, Верона, Трст, Милано

Венеција – Господарка на Јадранот… чудесен град на вода со повеќе од 400 канали и исто толку мостви, со векови е еден од најчудесните градови што некогаш човекот ги создал…Венеција е колаж од раскошни палати на каналот Гранде, таинствени улички, канали, мостови, гондоли, повеќе од 100 фасцинантни цркви, симпатични плоштади и колоритни фасади… Најуникатен град на планетата Земја… во минатото најмоќна светска поморска и трговска сила… денес го живее истиот сјај од врвот на својата слава во 15 от век. Венеција не може никој да Ви ја прераскаже… едноставно морате да ја доживеете нејзината убавина.

1 ден четврток (10.10.2019)– СКОПЈЕ – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Состанок на групата на Дрводекор околу 16:30 часот. Поаѓање за Венеција околу 17:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

2 ден петок (11.10.2019)– ТРСТ- ПАЛМА НОВА- ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот (околу два часа) упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village (околу два часа). Поаѓање за Лидо ди Јесоло во попладневните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден сабота (12.10.2019)  – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО– ВЕРОНА- МИЛАНО

По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија, започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. По слободното време продолжуваме кон градот на модата Милано. Пристигнуваме во пладневните часови. Разглед на градот со локален водич:тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo,централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот,потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle,најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ градот кој е бисер на северниот дел на Италија. Во вечерните часови заминување кон Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

4 ден недела (13.10.2019) ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО– ВЕНЕЦИЈА– СКОПЈЕ

Појадок, и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони. Поаѓање за Скопје во договорено време.

5 ден понеделник (14.10.2019)

Патување преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во пладневите часови.

ПРОМО Цена 109 евра до 30.09, со задолжителна резервација на пакетот факултативи 60 евра, (плаќање на факултативите во автобус) РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 129 евра.

*Аранжманот се плаќа во денарска противвредност по курс од 62 денари (1 евро). Бројот и местата за уплати во специјалната цена е ОГРАНИЧЕН!

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Сместување во хотел Тампико 3* во областа Лидо ди Јесоло на база две ноќевања со појадок (сладок појадок) ЛИНК од хотел ТУКА
  • Автобуски превоз (високо туристички автобус со аудио и видео опрема, клима, греење, просечна удобност) на горенаведените релации
  • Разгледите според програмата
  • Посета на Трст и трговскиот центар Палманова
  • Услуги од туристички професионален водич – пратител

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжителна доплата за туристичка такса за хотелот 1.5 евра по лице од ден
  • Трошоци за патничко осигурување за целиот престој – 5 евра
  • Влезници за факултативните излети (во организација на тур операторот)
  • Индивидуални трошоци

ЦЕНИ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПО ЛИЦЕ:

  • Разглед на Венеција со водич (повратна карта со брод од и до Пунто Сабиони) – 20 евра
  • Факултативна посета на Верона и разглед на Милано со локален водич (45€)
  • ПАКЕТ со сите излети во вредност од 65 евра може да се купи по акциска цена при резервација на истиот во нашата канцеларија за само 60 евра (плаќање во автобус)

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

  • Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
  • Нема намалување на цената за сопствен превоз
  • ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел)
  • Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот.

НАПОМЕНА

  • За реализација на аранжманот потребен е минимален број 45 платежни патници.
  • Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  • Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица (во зависност од факултативата). За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации
  • Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. агенцијата не сноси одговорност.
  • Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци или доколку не се оствари минималниот број на патници.
  • Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
  • Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
  • За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови за патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ