11ти Октомври – Златибор

11ти Октомври – Златибор

1 ден 11.10.2019 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – ЗЛАТИБОР

Состанок на групата 15 минути пред тргнување.

-00.30 часот тргнување од Кавадарци (Автобуска станица)

-01.15 часот тргнување од Велес (бензиска пумпа Макпетрол, кај кружниот тек)

-02.00 часот тргнување од Скопје (паркингот на хотел Вип, спроти Скопски саем)

-02.30 часот тргнување од Куманово

*Организиран трансфер од Битола и Прилеп до Кавадарци.

Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Златибор во претпладневни часови. Сместување. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Прошетка до езерото и паркот во центарот на градот, каде може да вкусите некој од златиборските специјалитети (пршута и кајмак).

Можност за факултативна посета на Дино парк – тематски забавен парк за авантуристи од сите возрасти. Паркот се протега на површина од 6 хектари, далеку од градската бучава, на чист воздух, во прекрасна борова шума. Дваесет мултимедијални реплики на диносауруси, како и дваесет содржини од светот на современата технологија, привлекуваат секојдневно стотици посетители ширум светот. Вечера. Ноќевање.

2 ден 12.10.2019 (САБОТА) ДРВЕНГРАД

Појадок. Можност за целодневна факултативна екскурзија до Мокра Гора. Пристигнување на станица Мокра Гора (почетна станица на Шарганска осмица).

Возење со туристички воз „Ćira“ по прочуената пруга „Шарганска осмица“ во траење малку повеќе од 2 часа. Возењето е атракција, која не се пропушта, бидејќи се поминува низ 22 тунели и преку 5 мостови и видиковци. Попатно се прават неколку паузи каде што ќе имате можност да направите незаборавни фотографии од ова природна убавина.

Посета на лековити извори Бела Вода – познати по лечење на очни заболувања.

Посета на филмското село на Емир Костурица – Дрвенград – изграден за филмот „Животот е чудо”. Враќање во Златибор во попладневни часови. Вечера. Ноќевање.

3 ден 13.10.2019 (НЕДЕЛА) ЗЛАТИБОР – КРАГУЕВАЦ – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот, тргнување за Крагуевац. Прошетка во шопинг центар „Плаза“. Заминување за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА : 109 ЕВРА (6.758 денари)

ПРОМО ЦЕНА: 99 ЕВРА (6.138 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Сместување 2 ноќевања на база полупасион
  • Посета на шопинг центар
  • Туристички придружник во тек на целото патување
  • Организација и реализација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Туристичка такса од 1 евро по лице од ден

-Факултативни излети и екскурзии:

  • Екскурзија до Мокра Гора со вклучен превоз, локален водич, влезница за Дрвенград и карта за воз – 1500 денари (пријавување и плаќање во агенција)

-Влезница за Дино парк

  • Возрасни – 5 евра
  • Деца од 3 до 15 година – 2.5 евра
  • Деца до 3 години бесплатно

-Задолжително патничко осигурување (99 денари)

*За реализација на факултативни екскурзии се потребни минимум 20 пријавени патници

НАПОМЕНА

  • За реализација на аранжманот потребен е минимален број 45 платежни патници.
  • Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  • Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица (во зависност од факултативата). За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации
  • Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. агенцијата не сноси одговорност.
  • Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци или доколку не се оствари минималниот број на патници.
  • Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
  • Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
  • За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови за патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ