Ксамил 1ви Мај 2023
ПРВ ДЕН – 29.04.2023 – САБОТА
Поаѓање во 01 часот од Битола. Организиран трансфер од други градови (точна сатница на поаѓање се утврдува два дена пред поаѓањето). Патувањето е преку граничен премин Меџитлија со царински формалности и попатни паузи.
Пристигнување во КСАМИЛ во раните утрински часови. Сместување. Слободно време за уживање на плажа и прошетки низ Ксамил. Во попладневните часови организирана прошетка до САРАНДА (факултатива). Прекрасен град на јонски брег кој привлекува голем број на туристи со својот шарм и убавина. Ќе имате можност да вкусите традициона храна во некои од многубројните таверни и ресторани, или да се напиете кафенце покрај море. Во договорено време враќање во Ксамил. Ноќевање.
ВТОР ДЕН – 30.04.2023 – НЕДЕЛА
Во утринските часови предвидена е прошетка до едно од најпознатите туристички локации во округот на Ксамил и Саранда, познато под името “СИНО ОКО” кое претставува извор длабок 50 метри низ кој постојано тече и извира кристално чиста вода која е толку чиста што дури може и да се пие. Прекрасно место кое го запира здивот на секој посетител со својата прекрасна тиркизна убавина. По разгледите се врќаме во Ксамил. Слободно време за уживање на плажа и други индивидуални активности. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 01.05.2023 – ПОНЕДЕЛНИК
Одјавување од собите. Слободно време до 14 часот. Поаѓање према Македонија преку Грција со царински формалности и попатни паузи. Пристигнување во вечерните часови.
ПРОМО ЦЕНА: 69 еур по лице до 31.03.2023
РЕДОВНА ЦЕНА: 79 еур
Трансфер од други градови доплата 15 еур за два правци
Во цената е вклучено:
2 ноќевања во апартмани во Ксамил
вклучен превоз од Битола (Трансфер од други градови 15 еур)
туристичка такса за време на целиот престој
туристички пратител на групата
Во цената не е вклучено:
патничко осигурување ( информации во агенција)
факултатива – Саранда – 10 еур
факултатива – Сино Око – 20 еур
НАПОМЕНА!!!
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
За патувањето потребно е да поседуваде валиден пасош не постар од 6 месеци од денот на истекување
Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.