23ти Октомври – ДРВЕН ГРАД-ВИШЕГРАД-АНДРИЌГРАД-САРАЕВО–МОСТАР

(22.10.2020) –Поаѓање од Битола за Сараево во 19:00 часот, преку граничниот премин Табановце. Патот води преку Србија, ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

(23.10.2020) – Во утринските часови пристигнување и разглед на Дрвен Град-наменет за снимање на филмови изграден од Емир Кустурица. Во предпладневните часови се пристигнува во Сараево каде се сместуваме во хотел. Краток одмор па во попладневните часови се прави прошетка низ центарот со локален водич Себиљ, Башчаршија, Мостовите на Миљацка, Катедралата на светото срце Исусово итн.Вечерта можност за индивидуални прошетки низ градот.Ноќевање.

(24.10.2020)–Појадок. По појадокот факултативно поаѓање за  Врело Босне–извор на реката Босна кое е едно од најпознатите обележја на Босна и Херцеговина, кое се наоѓа на периферијата на Сараево, покрај Илиџа како и посета на ТУНЕЛ СПАСА со локален водич, (патниците кои не доаѓаат имаат слободно време за индивидуалнипрошетки во Сараево).  Со групата се продолжува за Мостар, каде попатно се прави и посета на Јабланица и мостот на битката на Неретва. Пристигнување во Мостар, посета на стариот Мост и прошетка низ чаршијата. Во договорено време се враќаме во Сараево, слободно време за индивидуални прошетки низ Башчаршија, посета на Трговски центар или искачување на највисокиот облакодер во БИХ –Аваз твист кулата. Ноќевање.

(25.10.2020)–Појадок. По појадокот се поаѓа кон Вишеград, каде се прави разглед на Мостот на Дрина каде имаме и можност за крстарење а потоа следува и посета на “Андриќ град”-културен центар и вид на етносело кој што се наоѓа на самото устие на реката Дрина во Вишеград. По разгледите се поаѓа кон Македонија преку Србија. Ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување Македонија во доцните вечерни часови.

Цена за резервации до 15.10.2020 – 79 евра

Редовна цена 95 евра

 

 

Во цената е вклучено:

Превоз на дадените релации со високотуристички автобус
Сместување: 2 ноќевања со појадок во хотел во Сараево 3*
Разглед на Сараево со локален водич
Посети и разгледи на: Мокра Гора, Дрвен Град, Вишеград, Андриќград, Јабланица
Лиценциран придружник при патувањето

Во цената не е вклучено:

Патничко осигурување
Превоз и влезница за Врело Босне и Тунел Спасасо локален водич—15 еу
Влезница во Дрвен Град—2,5 еу
Факултативна посета на Мостар -15 ey
Крстарење по Дрина – 5 еу

Напомена!!!

-За реализација на аранжманот се потребни минимум 35 патници, доколку за факултативните посети се потребни минимум 25 патници. За овој аранжман важат општите услови на Т.А. С-ТРАВЕЛ. Крајниот рок за известување на евентуален отказ е пет дена пред датумот на поаѓање.