You are currently viewing 23-ти Октомври – Истанбул (3ноќи )Авио

ИСТАНБУЛ ВО ОКТОМВРИ

АВИОНСКА ГРУПНА ПРОГРАМА

20.10 – 23.10.2023
4 дена / 3 ноќи

***ПРОМОТИВНА ПОНУДА ***

      Истанбул – најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие – улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија. Истанбул претставува природна врата помеѓу Европа и Азија, кој со својата раскошна култура никогаш не престанува да фасцинира. Денес Истанбул е велеград кој брои преку 15 милиони жители кои живеат на 2 континенти. Модерниот плоштад Таксим или квартовите Бејоглу и Османбег ќе направат да се осеќате како во било која друга светска метропола, додека пак шетајки низ плоштадот Султанахмет ќе се вратите стотици години наназад и ќе ја почуствувате моќта која ја имале римјаните и османлиите…Ново и старо, Ориент и Европа, ислам и христијанство – никаде нема да ги најдете вака испреплетени и неразделно поврзани како во магичниот Истанбул.

 Период 20.10 – 23.10.2023 (4 дена / 3 ноќи)

ХОТЕЛ ВЕБ СТРАНА  РЕГИОН УСЛУГА ТИП НА СОБА Цена по лице во двокреветна соба Цена по лице во трокреветна соба 
Sim Hotel 3* www.simhotelistanbul.com Aksaray  BB Standard Room 359 € 359 €
Ilkbal Delux Hotel & Spa 4* www.ilkbaldeluxehotel.com Laleli BB Standard Room 405 € 405 €
ПРЕПОРАЧАН
Black Bird Hotel 4* www.blackbirdhotel.com  Laleli BB Standard Room 428 € 410 €
ПРЕПОРАЧАН

 20.10.2023  Скопје – Истанбул

Состанок на групата на аеродром 2ч пред лет. Полетување за Истанбул во 11:50ч и слетување во 14:10ч. Трансфер до хотел и чекирање. Слободно попладне. Во вечерните часови можност за органзирање ОПЦИОНА ТУРА крстарење низ Босфор со вклучена вечера 40 € по лице со вклучен трансфер од-до хотелот 19:30-23:00 (без пијалок алхохолен).

Опциона екскурзија посета на АКВАРИУМОТ – со вклучен трансфер од-до хотел и влезница = 45 еур по лице

 21.10.2023 ИстанбулОПЦИОНА ЕКСКУРЗИЈА Пешачки разглед на градот = 30еур по лице (со водич за група на македонски јазик)

По појадокот заминуваме на пешачка тура низ дел од знаменитостите на Истанбул 09:00-17:00. Посета на Хиподромот ( Плоштадот Султанахмет), најстарата и најисториската точка на Истанбул. Ја посетуваме Султан Ахмет џамијата која ја изградил отоманскиот султан Ахмед I на Историскиот полуостров, од архитектот Седефкар Мехмет Ага, позната како „Сина џамија“ кај Европејците бидејќи е украсена со сина, зелена и бела боја. Друга карактеристика на Сината џамија е тоа што е една од четирите џамии во Турција со шест минариња.  Поминуваме до Света Софија (Аја : Света / Софија : Мудрост) која е светско ремек дело. Овој храм, кој стои исправено со векови како да му пркоси на времето, е најголемата црква изградена од Источното Римско Царство во Истанбул, а била изградена од византискиот император Јустинијан I помеѓу 532-537 година од нашата ера и била изградена три пати во истиот место. Оваа зграда, која стои 15 века, е меѓу ремек-делата на светот на историјата на уметноста и архитектурата. Света Софија, најважниот симбол на византиската архитектура со својата голема купола, е најстарата катедрала во светот. Можност за посета на Топкапи Палатата (влезница за Topkapi Palace не е вклучена во цената и се доплаќа 30€) објект кој бил главното седиште на администрацијата на Османлиското Царство во периодот помеѓу 1456 до 1853 година. Била изградена во времето на султан Мехмед II. Палатата претставувала истовремено седиште односно резиденција на султанот, центар на царството и место каде се одржувале голем број на државни конференции, совети и забави на султанот. Во времето кога царството било во своите најдобри години, во палатата живееле над 4.000 луѓе. Посета на Grand Bazaar.  Враќање во хотел. Ноќевање

22.10.2023 Истанбул – ОПЦИОНА ЕКСКУРЗИЈА ДОЛМАБАХЧЕ/ КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР/ ШОПИНГ ЦЕНТАР ФОРУМ = 40 еур по лице (со водич на групата на македонски јазик)

Посета на Долмабахче (2 часа), дневно крстарење по Босфор и посета на шопинг центарот Форум со вклучен трансфер 48еур по лице

После појадок се упатуваме кон Долмабахче палатата која се користела како административен центар на државата откако семејството на Отоманската династија ја напуштило Топкапи палатата (влезницата не е вклучена во цената и се доплаќа 18€). Турата низ палатата трае 2 часа, по завршување на турата има 1 час слободно време за кафе пауза. Дневно крстарење по Босфор (8€ по лице) од 12:45 часот, за време на крстарењето, кое трае приближно околу 2 часа, ке имате можнст да уживате во величествените дворци и палати на Босфор, поглед на Моминската кула и да направите прекрасни фотографии. Трансфер околу 14:30 и посета на шопинг центарот Форум – слободно време до 18 часот и враќање кон хотелот. Ноќевање.

23.10.2023 Истанбул – Скопје

Во утринските часови трансфер до аеродром. Полетување од Истанбул  во 10:25 и слетување во Скопје  10:55.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авионски билет на релација Скопје – Истанбул – Скопје со авиокомпанија „ PegasusAirlines “ со вклучен чекиран багаж до 20кг, со ВКЛУЧЕНИ АЕРОДРОМСКИ ТАКСИ
  • Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром во Истанбул;
  • 3 ноќевања со појадок во избраниот хотел во дадена понуда и локација во двокреветни соби
  • Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Оброци надвор од наведени оброци по програма – ручек и вечера и пијалок
  • Здравствено осигурување – ЗАДОЛЖИТЕЛНО
  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни излети – НА БАРАЊЕ СО ДОПЛАТА
  • Бакшиш за водич и возач при организација на тури

МИНИМУМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ГРУПНА ПРОГРАМА – 20 ПАТНИЦИ

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ И НАПОМЕНИ

  • Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица.
  • Со сместување на трето лице во двокреветна соба на помошно легло се намалува комодитет на стандардна двокреветна соба
  • За време на летот патниците ќе мора да се придржуваат до протоколите пропишани од авио компанијата. Исто важи и за време на престој на аеродормот во Истанбул
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките.
  • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, за влез во Турција патната исправа потребно е да е валидна минимум 6 месеци од датумот на враќање.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата
  • Цената на излетите е валидна за пријавени минимум 10патници и агенцијата го задржува правото на промена на цена во случај на недоволно пријавени патници.
  • При промена на цената на превозот или промена на хотел, можна е промена на цената на патувањето.

 УПЛАТА 

  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според наведената денарска цена.
  • За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 100%
  • Агенцијата го задржува правото на промена на цената доколку дојде до промена на цената на авио билетот и аеродромските такси

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.

 

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1Еур=62мкд)

 

Важат Општите услови на Т.А. С-Травел.