23-ти Октомври 2023 – САРАЕВО
Мостар – Вишеград – Мокра Гора – Бункерот на Тито – Босански Пирамиди
5 дена / 2 ноќи / автобус
1 ден 20.10.2023 Битола – Кавадарци – Скопје – Сараево
Поаѓање за Сараево во 16.00часот од Битола од пред Гранична Полција,во 19.30 часот од Скопје,паркинг пред хотел Русија.Се патува преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности
2 ден 21.10.2023 – Сараево
Првото место за посета е Вишеград. Прекрасен град каде туристите имаат можност да одат на крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден по наредба на Мехмед Паша Соколовиќ и денес е под заштита на UNESCO, опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Во Вишеград исто така ќе имате можност да го посетите Aндриќград познат како и Каменград кој инвеститор е познатиот тенисер Новак Џоковиќ. Како културен центар изграден е по иницијатива на Емир Кустурица а за туристи официјално е отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка. Поаѓање кон хотел. Патниците не се сместувате бидејќи влезот во собите е по 14:00ч. Оставање на багаж кратка пауза за до тоалет и во договореното време заминување на разглед на Сараево со локален водич. Разгледот започнува од “Vijecnica”па се продолжува до местото каде е извршен атентат врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, хотел Европа, австро-унгарскиот дел, плоштадот Маршал Тито, местото каде е формирана групата INDEXI, Бегова Џамија и Башчаршија. Разгледот се прави се со цел патниците подобро да се запознаат со градт. Слободно време, и упатување кон хотел за сместување. Ноќевање.
3 ден 22.10.2023 Сараево – Бункерот на Тито – Јабланица – Мостар – Сараево
Третиот ден започнува со појадок и во 08:30ч започнуваме со целодневна екскурзија. Првото место за посета е Бункерот на Тито во Коњиц. Поранешната Југословенска држава во времето на Тито изградила 26 објекти под земја, кои се проценуваат на околу 90 милјарди долари. Тоа е неколку пати поголема сума отколку државниот долг кој СФРЈ го имала во 1983 година кога “падна” во банкрот.Овој бункер бил една од најстрого чуваните воени тајни воопшто во светот. До распадот на Југославија и по смртта на Тито само се нагаѓаше дека постојат подземни бункери и аеродроми на просторите на поранешната заедничка држава. Потоа, тие беа откриени, но никој не вложуваше во нив за да ги покаже на пошироката јавност. Во 2003 година почнаа првите поголеми активности за реновирање на подземните ходници и простории во Бункерот на Тито, и по десетина години интензивна работа, сега таму може да се видат сензационалистички откритија. Во бункерот ќе видите, 3 конференциски сали, 100 соби предвидени за војници, резеровар за нафта итн.По посетата на бункерот се упатуваме кон Јабланица. која не пречекува со приказната за „Неретва“. Групата ќе има можност да го посети местото каде била Битката на Неретва 1943 год. позната како “Bitka za Ranjenike” која била 4-та непријателска офанзива на НОВЈ. Ито така овде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“ 1969 год… Кратка пауза за фотографија и заминување кон Мостар.Се посетува стариот мост, каде што можете да направите фантастични фотографии . Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Безброј, продавници, сувенирници богати со бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата. Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде. Слободно време околу 2 – 3 часа. Заминување кон Сараево. Посета на некој паб во австро-унгарскиот дел доколку има интерес од страна на групата. Ноќевање
4 ден 23.10.2023 Сараево – Босански пирамиди Високо – Сараево – Скопје / Кавадарци
По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација. По посетата се враќаме во хотел. Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотел и се поаѓа кон Македонија. Попатни паузи во Србија за тоалет, кафе, ручек.
5 ден 24.10.2023 Пристигнување во Македонија наредната ден во утринските часови.
Цена на аранжманот :
109 € = 6.730,00 денари за уплата до 10.10.2023
119 € = 7.400,00 денари редовна цена
Во цената на аранжманот е вклучено:
- превоз со туристички автобус од: Кавадарци, Неготино, Велес, Скопје и Куманово
- 2 ноќевања со појадок во хотел “WALTER 4****” во Сараево
- разглед на Сараево со локален водич,посета на Андричев град и Дрвен град
- организација и водство на програмата со лиценциран придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
-Посета на бункерот на Тито, Јабланица и Мостар – 45 € ( превоз + влезница + локален водич минимум 35 патника)
-Посета на Босанските пирамиди (Тунел равно)- 25 € ( превоз + влезница + локален водич минимум 35 патника )
-Туристичка такса- 4 € од лице за две ноќевања (задолжително се плаќа во автобус)
-Крстарење со бродче по Дрина во Вишеград – 7 €, Панорамски разглед на Вишеград со Ќиро вовче – 7 €
-За екскурзиите е задолжителна пријава во агенција. Уплатата е во автобус.
-Патничко осигурување патниците си го вадат сами
-Доплата за трансфер од Битола и Прилеп 15€
-Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање, уплатата ќе ви биде вратена во целост
-За ова патување важат Општите услови за патување пропишани од СКТМ
-Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
-Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.Може да се патува и со лична карта.
-Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
-Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за време на патувањето од Кавадарци – Скопје до Сараево и назад. Не и за време на екскурзиите.За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници!