25ти Октомври – Дракула Тура

25ти Октомври – Дракула Тура

1  ден 25.10 (Четврток)

Тргнување  од  Скопје  во  18  часот  на  паркингот  пред  Хотел  ВИП (спроти саемот) со високотуристички автобус.  Ноќно патување.

2  ден 26.10 (Петок) – (Букурешт)

Во предпладневните часови пристигнување во Букурешт главен
град на Романија, кој често го нарекуваат „Мал Париз„ Краток разглед
на градот, Посета на Патриаршијата и архитектонскиот комплекс
Kurtija Veke најстариот дел од Букурешт, кој во средината на XV
век го подигнал познатиот Влашки владар Влад Цепеш –
Дракула и др. Панорамски разглед на Парламентот. Разглед  на
најпознатата улица Kalja Viktorijej на која се наоѓа Ateneum
(седиштето на филхармонијата), некогашната Кралска палата (денес
музеј на уметноста, Националниот музеј за историја, и др).Поаѓање
кон Трансилванија. Во приквечерните часови се пристигнува
во монденското одмаралиште Поиана Брашов во Јужните
Карпати. Сместување во хотел. Ноќевање.

3  ден 27.10 (Сабота) – (Букурешт – Брашов – Букурешт)

Појадок. Посета на дворецот Пелеш, најубавиот дворец во
Европа,некогашна летна резиденција на Романските кралеви.
Патувањето продолжува до градот Брашов, централна југо- источна
Трансилванија, кој представува музеј на отворено.
Посета на познатата црна Црква од XIVвек. Разглед на стариот
градски центар Попладне враќање во хотел. Слободно време за
одмор и релаксација, како и подготовка за маскембал . Во 20часот
поаѓање кон замокот Бран каде што бил затворен Дракула и каде
што ќе се одржува забава по повод ноќта на вештерките
“Halloween”.Обиколка на замокот и слободно време за забава. По
завршувањето на истата враќање во хотел. Ноќевање..

4 ден 28.10 (Недела) – (Букурешт)

Појадок. Напуштање на хотелот
Поаѓање за езерото Снагов  до истоимениот остров, на кој се наоѓа
истоимениот манастир каде се наоѓа гробот на Дракула.
Повторно пристигнување во Букурешт и посета на трговските центри.
Слободно време. Тргнување за  Македонија во вечерните часови.
Ноќно возење.
Наредниот ден пристигнување во Скопје во раните утрински
часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 7998.00 мкд

Плаќањето е во денарска противвредност 1 Евро = 62 денари.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус: Скопје–Букурешт-Синаиа-Скопје
  • Сместување во хотел 3*** 
  • Две ноќевања / појадок на база на шведска маса
  • Организација на патувањето ,туристичка такса

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • 25 еур:  Влезници, лиценциран водич и трансфери до објектите
    (Дворецот Пелеш, Манастирот Синаиа,Гробот на Дракула, Црната
    Црква во Брашов)
  • 40 еур Посета и влезница во Замокот Бран, за забавата по повод
    Halloween
     ИЛИ 16 еур Само посета на Замокот Бран без учество на
    максембалот
  • Задолжително патничко осигурување 5 €.

НАПОМЕНА

  • За реализација на аранжманот потребен е минимален број 45 платежни патници.
  • Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  • Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица (во зависност од факултативата). За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации
  • Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. агенцијата не сноси одговорност.
  • Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци или доколку не се оствари минималниот број на патници.
  • Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
  • Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
  • За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови за патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ

Затворете мени